Hunny -> RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27. до 40. недела (14.4.2012 21:41:51)
|
На ГАК поминав супер во поглед на времетраењето и на персоналот. Во болница бев во 14:00, но поради процедурите за прием во претпородилна бев во 15:00. Сите бремени прво одат во таа сала, мислам дека се 3 такви с до раѓањето. Јас немав болки, но бев отворена 4 прсти. Ми ставија провокација. за болките и самиот чин нема да ви пишшувам бидејќи тоа е индивидуално, а не сакам да ве плаѓшам, подобро е кога не знаеш што те чека:) Провокацијата ми ја ставија во 17:00, откако ми го пукнаа водењакот, нешто од кое се плашев, а за чудо не ме болеше. Се породив во 19:00 пред сите. Инаку имаше родилки кои дури 2 дена се мачеа да се породат со провокации. Ме породи д-р Ливринова, без врски, но ме знаеше бидејќи одев кај неа на прегледи. Од мое искуство, станува зор за голем професионалец и човек. Ако нешто друго ве интересира прашајте:)
|
|
|
|