Hunny -> RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27. до 40. недела (2.5.2012 15:11:21)
|
Ципи Рипи немој да паничиш сега кога веќе си на чекор пред целта. За кратко ќе го имаш бебушот во раце. Кај мене беше поинаку: јас немав исцедок никаков, ниту болки, а на преглед докторката уште по стомакот забележа контракции, кои јас не ги чувствував. Затоа и ме прегледа вагинално и виде дека сум 3 прста отворена. Сакаше да ме задржи одма, не сакала да бидам долго отворена за да не дојде до некоја инфекција. Јас инсистирав да си одам дома, дури со цел памет и реков утре сум на работа[sm=smiley36.gif]. Тоа беше во понеделник. Цела ноќ чекав болки, ама ништо немаше. Во вторникот истата приказна, само што бев 4 прста отворена. Докторката ме посоветува за мое добро , а и за [sm=duda.gif] да дојдам во среда.И така беше без болки отидов, а за 2 саати се породив со провокации. Мукозниот чеп не ми падна, бар немав никаков исцедок. Се е индивидуално, кај мене провокацијата делуваше одма, но затоа интензитетот на болките беше многу силен, а други трудници 2 дена се мачеа, исто со провокации, но и со поподносливи болки. Кај мене немаше слаби болки, веднаш почнаа јаките, значи нема правило.Поздрав и без паника. Имаш време, не оди тоа така брзо. Мене дури и водењакот не ми пукна, па таму ми го пукнаа. Ако и кај тебе биде таков случајот да не се плашиш кога ќе го видиш тоа металното стапче со кое го пукаат водењакот, зашто тоа не боли воопшто.
|
|
|
|