Gwendolin -> RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27. до 40. недела (27.6.2012 12:50:03)
|
Здраво на сите [sm=nosecka.gif] , Малечка 23, јас да не прочитав од тебе немаше да знам дека има контролен скрининг во 32 недела, јас сум 33 сега и не ми споменал докторот такво нешто , додуша бев претходната на преглед, ми рече добро е [sm=duda.gif], само имам калцификати на постелката [sm=smiley13.gif], па ајде ќе видеме ако [sm=duda.gif] си расте како што треба, може нама пак да треба да примам клексани [sm=smiley19.gif]. А имам болки во колкови многу, особено што на едниот имам стара повреда од дете и зараснал така, малку дислоциран, ама никој доктор нели не се сетил тогаш да ме прегледа, ми викаа реума ти е (имам болки уште од основно, не знам од каде идеја реума во основно[sm=smiley35.gif] ). Добро што почнав на масажа пред 1 год. ради болки во кичмата, па имало некој совесен да ми каже што ми е, па сега зачестив со масажите, точно ради болките во колкот и кичмата. Мешенца, нека ве масираат татковците и на врат и на раменици и нозе и стопала...секојдневната макар 5 минутна масажа многу помага, освен онаа професионална. Ете и јас го терам секоја вечер мм да ме масира по малку, инаку нема да станам од кревет другиот ден и нема ручек [sm=hudicek.gif]. Доволно се изнапишував, ме чека работа (до вечер [sm=smiley5.gif]) , Поздрав до сите и со лесно да си ги поминувате жештините, јас се мрднав веќе од жешко, кога одам пешки, поминувам покрај прскалките за тревата по улициве што се да се изладам ...сега од кога го напишав ова сфаќам какви глупости правам [sm=zardeva.gif]
|
|
|
|