meU87 -> RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27. до 40. недела (22.10.2012 13:38:42)
|
Еве и од мене совет во однос на изборот за каде на пораѓај. Како тазе породена, јас од срце би препорачала пораѓај во Чаир. Исрено со исклучок на две сестри во препородилното оделени, и една чистачка и сестра кај родилките, друга замерка навистина немам за персоналот. Ете ова мене така ми се погоди, дудуша кај родилките нема бегање сигурно ќе се погодат овие на смена, но 12ч се издржува. Додека во препородилното може и да не бидат овие две, но сепак не значи дека секој би имал породилна приказна како мојата. Така да, докторите, и целиот персонал се навистина љубезни, помагаат, советуваат. За чистота има, што се однесува до чистачлите, они си чистат, е сега болницата е стара, така да не е совршена како приватните, но реално за 3-5дена ич не е ни важно. Како породена со царски презадоволна сум од персоналот на интензивна, од анастезиологот, кој дојде неколку пати да праша како сме, а беа тука и за поддршка пред самата операција, гинеколот уште одма се качи на интензивна да не види и сл. Така да за државно е навистина одлично.
|
|
|
|