Elce -> RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27. до 40. недела (31.5.2013 13:04:27)
|
Вчера бев на преглед,со полна 30 недела,според мерките на бебушот полна 31 недела,тежи 1750г.Грлото на матката ми е добро.Имам само малку болки во долен дел пред мокрење и после тоа,па ми даде да пијам Ампицилин заради евент,инфекција.Лекуоцитите ми се 12,1.Колку се кај вас??? Инаку хемоглобинот ми е 115.пијам Хеферол таблети по една на ден,некако слабо ми оди подобрување на крвнава слика.Еритроцити 3,7. Инаку и јас пиев претходно Прегназон комплит ама многу ми беа големи таблетите и пиев по една дневно,ептен натрупано се чувствував и неможев по две.Сега си купив обични Прегназон таблети. Поздрав трудници.
|
|
|
|