Elce -> RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27. до 40. недела (6.7.2013 16:19:01)
|
Здраво трудници,јас влегов во 36 недела,во четвртокот бев на преглед тежиме 2800 г.Ми зеде брис од цервикс и за стрептокока.Инаку имам само 7 кг плус во оваа бременост до сега,со првата имав плус 13. Сакам да ве прашам каде планирате за породување,дали веке договоривте со некој доктор,првиот пат имам лошо искуство па сега се мислам што да правам. Дали сакате епидурал? На Гак требаат јаки врски за епидурал да се добие,мм вика да платиме по тарифа,а што ако не ми дадат епидурал,ако си ги трпам болките,зошто да им давам пари.Првиот пат ни доктор не присуствуваше на породувањето,ми вика барем овој пат да имало доктор за тоа да плател. Незнам дали се подобрени работите или е се исто,тогаш на чистачките под рака пари за да дојдат да ми донесат кеси или да сменат чаршав.Сестрите по 2 сати ги чекаш за да ти дадат нешто против болка. А да не зборам таа акушерката што ми зборуваше при породување,дека ако не било во ред со бебето таа немала да биде крива,ке ме сечела од двете страни....,ова беше пред 2 години. Да спомнам за крвта, хемоглобинот ми е 120 конечно. Поздрав
|
|
|
|