|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  68 69 [70] 71 72   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27....
9.10.2013 12:26:36   
masa
JUKI нека е жив и здрав Јован,голем да расте,да си биде мирен се така и заедно со батковците да те прават најсреќна мама на свет!Ти си знаеше кога ќе се роди и ете си бидна така до ден!Ајде да се надеваме дека и јас со мојов поголем бебуш ќе поминам како тебе user posted image Како девојче имав многу тесна карлица,дури и фармерки тешко си наоѓав и претходниот гинеколог ме караше зошто сум толку слаба велејќи ми дека треба да раѓам.И со ќерката кога бев бремена не ми се расширија нешто коловите,но кога се жалев на болки во карлицата докторот велеше дека се шири и кога ме мереа рекоа дека се добри мерките за раѓање и 3650 бебе лесно помина.Сега некако сум подраширена во коловите,ама повеќе ми личи дека е сало отколку карлицата,а може и двете user posted image Кожата ми е еластична ценејќи по тоа дека немам стрии(да не се поречам имам уште малку до крај) е се поправам по 20 кг во бременост,иако кога бев бремена со ќерката редовно правев кеглови вежби,сега заборавам и дали по 2-3 пати неделно ми текнува(еве сега си вежбам)Да се надевам дека сето ова ќе значи и добар пат за излез на бебето user posted image и помалку маки за мама!

(Одговор на членот JUKI)
Непосредна врска до пораките: 1726
   RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27....
9.10.2013 20:44:39   
Snow Queen
user posted image хеееј мешковци, па стигнав и јас до третово последно подглавје user posted image

_____________________________

07.04.2006........до ден денес со саканиот сме лудо вљубени

(Одговор на членот masa)
Непосредна врска до пораките: 1727
   RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27....
10.10.2013 13:20:34   
Martins mom
И јас со моите 32 недели трудноќа да се пријавам тука. Деновиве се чувствувам многу чудно, осеќам повремено грчење на стомакот, како контракции, а некогаш како да ми идат и напониuser posted image Прошлата недела бев на контрола и се беше во ред, бебето супер и јас исто. Не знам зошто, ама многу се плашам од предвремено породувањеuser posted image

_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот Snow Queen)
Непосредна врска до пораките: 1728
   RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27....
10.10.2013 20:20:53   
dace1991
Мамички нова сум во форумот, да ве прашам трудна сум 28-29 недела ми се јавува боцкање од лева и десна страна, не секојдневно но кога повеќе сум заморена,и стомачето ми е тврдо дали е свртено некако незз пишете ако ви се има и на вас вака случено или некој совет.

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 1729
   RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27....
10.10.2013 20:41:19   
dace1991
мамички јас сум нова на форумот да ве прашам турдна сум 28-29 недела прва бременост ми е и ми се јавува боцкање од лева и десна страна полседниве два дена и му се изгуби боцкањето а стомачето ми е така тврдко што ме чуди....некој совет или дали е нормално дали ви се има десено такво нешто...user posted image

(Одговор на членот dace1991)
Непосредна врска до пораките: 1730
   RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27....
10.10.2013 20:56:43   
deluxe

ИЗВОРНА ПОРАКА: dace1991

мамички јас сум нова на форумот да ве прашам турдна сум 28-29 недела прва бременост ми е и ми се јавува боцкање од лева и десна страна полседниве два дена и му се изгуби боцкањето а стомачето ми е така тврдко што ме чуди....некој совет или дали е нормално дали ви се има десено такво нешто...user posted image




Даце добро ни дојде на форумот!! Ти посакувам пријатна дружба со гоооолемото рингераја друштвоuser posted image
Твојата ситуација ми е познатаuser posted image и кај мене се јавуваа такви пецкања т.н болки кои ги смирував со магнезиум кесички кои директно се раствораа во уста Магнезиум Директ.Сепак тоа е нормална ситуација во таа фаза од бременоста,кога настанува растегнување на мускулатурата на матката.Без грижи,набави си магнезиум.user posted image

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот dace1991)
Непосредна врска до пораките: 1731
   RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27....
11.10.2013 10:36:37   
Martins mom
Ништо страшно даце1991, и ќе боцка и ќе пецка и нозе и раце трпнат и грчеви фаќаат, ама како што ти кажа делукс, магнезиум му е мајката.

_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 1732
   RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27....
11.10.2013 16:53:48   
Lacrymosa
маратонците го трчаат последниот круг... секогаш кога ќе ја отворам темава ми паѓа ова на памет... user posted image

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 1733
   RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27....
11.10.2013 21:20:44   
Gabriela V
Полека стигнав и јас до 37+2 .. Почна да ме фаќа паника ама пробувам да не мислам на ништо лошо! Денес бевме да разгледуваме количка и креветче ... и се останато бидејќи сеуште ништо не сме купиле. Бев во ГАК на првото ЦТГ и ми рече се е во ред, доволно плодова вода и бебушот тежи 3080 гр. Само начинот на породување сеуште не е решен бидејки и покрај 13 третмани кај Др. Анчевски моите три внатрешни кондимоли не исчезнаа! Се нервирав многу и за тоа ама што да се прави што е тука е! Ајде уште малце па да си ги гушкаме нашите најмили !!!user posted image

(Одговор на членот Lacrymosa)
Непосредна врска до пораките: 1734
   RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27....
11.10.2013 21:32:13   
dace1991
Фала многу....user posted image

(Одговор на членот Gabriela V)
Непосредна врска до пораките: 1735
   RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27....
13.10.2013 9:49:16   
Snow Queen
Ајде од поискусните мамички....што се поголемите обврски во ова тромесечие, во смисла на брисеви/испитувања и слично. Да знаеме што не чека.

_____________________________

07.04.2006........до ден денес со саканиот сме лудо вљубени

(Одговор на членот dace1991)
Непосредна врска до пораките: 1736
   RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27....
14.10.2013 10:43:35   
masa
Јас правев само испитувања за скриен шекер HBG1 и со оптеретување поради тоа што user posted image е малку понапреден, и редовно секој месец крвна слика и мокраќа,друго ништо брисевите на почеток беа негативни,на пап тестот испадна кандида ,но без симптоми и требаше да го повторам,ама бидејќи немав пак симптоми не го повторивме,докторто рече дека нема потреба.
Поздрав со тешката категорија што брои денови пред пораѓај!
Јас сум веќе на породилно и денес иако е времето вака тмурно,чудно се чувствувавм убаво некако есенскава убавима ме обзема уште сабајлечки.Се прошетав до рабта,се напив кафе,а топлото време и жолтите лисја ме наполнија со позитивна енергија иако одењето ми беше тешко и цело време ме болеше стомак додека одев од притисокот од малиов мој!
Еве до сите user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Snow Queen)
Непосредна врска до пораките: 1737
   RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27....
14.10.2013 12:53:35   
Lacrymosa
јас само крвна слика и брисеви испитував... во 38ма ме прати за д-димери да испитувам ама не отидов по совет од специјалист дека нема потреба и тоа...
и сега веќе нервоза ме фаќа... уште 6 дена до краен термин а ова ал абер нема да излага. се ме боли, секое можно ковче од кукови, газ, препони, пубична... све живо... ако не реши да излегува ќе морам пак да преперувам ствари и пак генералка да чистам бидејќи еве веќе три недели како ми дремат стварите спремни... не, не и не.. бебево не знае за хуманост

(Одговор на членот masa)
Непосредна врска до пораките: 1738
   RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27....
14.10.2013 13:51:44   
snowbool
Se prijavuvam i jas so 31 GN ima uste do poragaj , ama me faka strav zatoa sto posleden pat na Gak mi rekoa deka mozno e so carski da me porodat zasto sum imala miomektomija i se vodam na patoloska. Pa sega zdravje kako ke bide neka bide samouser posted image da bide dobro .Sega za sega se e vo red.Od ispituvanje ovoj period mi bea dd-imerite i skrien seker.

(Одговор на членот Lacrymosa)
Непосредна врска до пораките: 1739
   RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27....
14.10.2013 13:53:53   
DuffytheDuck
Јас направив само крвна слика, уринокултура и брисеви. Сега сум 35 недела + 2 дена, за две недели ми рекоа дека треба испитувања за стрептокока да направам, ова се правело пред пораѓање. Инаку почнав со спремање, полека перам алиштенца, кебенца, пеглам и едвај чекам да одам на породилно да се одморам. Навечер добивам некои болки во стомакот и не спијам поради нив и нормално заспивам дури сабајле па после тешко ми е на работа. И да се движам прилично бавно и интересно ко на брод да сум :) Поздрав мешиња и со лесно на сите кои се на крај :)

(Одговор на членот Lacrymosa)
Непосредна врска до пораките: 1740
   RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27....
14.10.2013 22:38:33   
Snow Queen
Хеееј мешенца....еве ме и мене.
Денес си го видов синко мој.... user posted image беше мирен и во класична негова положба во профил со главчето,....и беше многу интересен при крај кога почна нозете да ги става до уста и назад едно 4/5 пати така user posted image
На 11.11.2013. пак сме на контрола. Инаку ми рече само редовна крвна слика да направам а за скриен шеќер не, зошто сум била само 5кг поправена.

_____________________________

07.04.2006........до ден денес со саканиот сме лудо вљубени

(Одговор на членот DuffytheDuck)
Непосредна врска до пораките: 1741
   RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27....
14.10.2013 22:52:22   
mommy_angels RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: Lacrymosa

јас само крвна слика и брисеви испитував... во 38ма ме прати за д-димери да испитувам ама не отидов по совет од специјалист дека нема потреба и тоа...
и сега веќе нервоза ме фаќа... уште 6 дена до краен термин а ова ал абер нема да излага. се ме боли, секое можно ковче од кукови, газ, препони, пубична... све живо... ако не реши да излегува ќе морам пак да преперувам ствари и пак генералка да чистам бидејќи еве веќе три недели како ми дремат стварите спремни... не, не и не.. бебево не знае за хуманост
хаха,Лакримоса,уживкај мила ,а за хуманост ќе зборуваме кога ќе те буди бебуш на 15 минути неколку ноќи по ред user posted image ,си знае тоа кога треба да излезе

< Поракaта ја уредил Felly RR -- 17.10.2013 14:09:48 >

(Одговор на членот Lacrymosa)
Непосредна врска до пораките: 1742
   RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27....
17.10.2013 12:45:03   
masa
Lacrymosa како секој ден ми станува се потешко ми текнува на тебе и на твоите постови!И јас мислам дека сум на крај на силите со поднесувањето на бременоста.Нозете ми се постојано отечени,стомакот не ме боли само кога седам со скроз разширени нозе,најверојатно болката е од тежината и притисокот.Одењето ми е тешко и полно,а седењето и лежењето уште потешко.Станувањето од кревет и превтрувањето ми се најтешки потези,па уште и ќеркава никако да оздраве,цело време сум околу неа...ми се смачи!Бавна сум во се.Еден ручек два саати спремам,па за пеглање....а никако да се намали купот.Планирам деновиве да викнам жена да ми исчисти,ама со малава незнам кој ден,треба да не биде она дома...На мм некна му викам одвај чекам да одам во болница да се одморам три дена од сите,само да е се во ред на пораѓај (пу,пу да не се подречам)

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 1743
   RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27....
17.10.2013 15:53:45   
Lacrymosa
тоа е тоа.. дошло па ќе се трга... уште три дена до краен термин и веќе стварно нервоза фаќа... тврда му душа на мм како ме трпи: или се жалам и кукам или му вриштам за без врска работи... бебево нема шанси да се смилува и да тргне али ако неќе милом може и силум. Гинекологот ми рече ако не излезе до 20ти ќе толерираме уште некој ден и сецко сецко ќе му дадеме...
си легнуваш, си заспиваш и кога ќе се разбудиш- ОП БЕБЕ..
шала настрана.. таман се привикнав на пуш идејата со туркање и такви ствари, па сега некако ми е тешко да прифатам дека може да ја добијам и сецко опцијата. Една работа ме плаши.. Изгледа пола од облеката треба да му ја вратам и да почнам да купувам фустан за матура пош изгледа јас бебе не раѓам туку одма матурантка

(Одговор на членот masa)
Непосредна врска до пораките: 1744
   RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27....
17.10.2013 17:20:04   
slonce1103
Lacrymosa подобро така отколку да бериш гајле како мене дали ќе достигни килажа. Сега сум во 36 недела, наредната недела треба да го вадам секрлажот а малава тежи само 2350гр. Само јадам и се кај мене во бутови одиuser posted image

(Одговор на членот Lacrymosa)
Непосредна врска до пораките: 1745
   RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27....
17.10.2013 17:23:22   
Mamickaa
Девојки ве молам дали некоја од вас при крај на бременост имала вишок поточно повеќеплодова вода отколку што треба??

(Одговор на членот slonce1103)
Непосредна врска до пораките: 1746
   RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27....
17.10.2013 23:29:10   
Lacrymosa

ИЗВОРНА ПОРАКА: slonce1103

Lacrymosa подобро така отколку да бериш гајле како мене дали ќе достигни килажа. Сега сум во 36 недела, наредната недела треба да го вадам секрлажот а малава тежи само 2350гр. Само јадам и се кај мене во бутови одиuser posted image

Nemaj gajle. I mene 36 nedela mi ja imase taa tezina, a narednata bese 2700gr. Okolu jadenjeto doktorot mi rece deka od toa sto go vnesuvame nitu 1\4 ne odi na bebeto pos maticnata mi rece deka treba da jadam kolicestvo na hrana sto spored mene odgovara samo na sumo borac

(Одговор на членот slonce1103)
Непосредна врска до пораките: 1747
   RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27....
19.10.2013 13:42:32   
masa
Ја гледам приказната на канал5 Зошто само жените раѓаат и сега не ми е баш смешна зошто и јас сум 9ти user posted image А баш вчера нешто мм ме рчкаше за килажата за тоа дека цел саат сум го чистева купатилото...демек на зафрканција,ама... user posted image
поздрав трудници!

(Одговор на членот Lacrymosa)
Непосредна врска до пораките: 1748
   RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27....
19.10.2013 14:33:42   
Gabriela V
Женски едно прашање ... Вчера бев на преглед ... вагинален и кога дојдов дома имав болки во половината неописиви такви какви што до сега сум немала. Имав и нагон за одење во тоалет и тоа траеше еден саат со појава на болките на 5 мин. Кога отидов во тоалет и се испразнив истите престанаа. Инаку уште десет дена имам до терминот ... Дали ова значи дека треба да се припремам? Незнам што да мислам зашто сум првородка и се ми е непознато!!! Ќе ве замолам за мислење!!! А и докторот ми рече дека грлото на матката ми се истенчило и издолжило... и заборавиви да го прашам што значи тоа. user posted image

(Одговор на членот masa)
Непосредна врска до пораките: 1749
   RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27....
19.10.2013 14:37:13   
Lacrymosa
ејјјј јас ја гледав ама пред месец- два... колку би било добро и мажите да раѓале... user posted image
вчера имав прилично трауматично искуство. Бев на контрола кај докторот и ехото помина супер и ми вика за вагинален преглед. Јас си рачунав вагинален преглед со тоа вагиналното ехо или евентуално со тоа штипката и жива расположена се рассоблакам, седнувам на столица и.... и сфатив дека не е баш таков вагинален преглед... типот проверуваше ваљда дали сум отворена или нешто слично ама вриштев ко да ме опседнал ѓаволот... Јатрва ми беше со мене и таа се расплака... Едвај живи дојдов дома... прилично трауматично искуство. некој со цела рака да џбара таму внатре а ти си очекуваш само вагинално ехо... user posted image

ЕДИТ: Инаку Габриела ако се работи за горе наведениот вагинален преглед и јас имав болки цел ден и гасови ненормално и трчав нон стоп во тоалет.. денеска сето тоа го нема така да најверојатно е од прегледот...

< Поракaта ја уредил Lacrymosa -- 19.10.2013 14:39:23 >

(Одговор на членот masa)
Непосредна врска до пораките: 1750
Страница:   <<   < Претходна страница  68 69 [70] 71 72   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  68 69 [70] 71 72   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?