Gardenia -> RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27. до 40. недела (3.11.2014 12:36:32)
|
Здраво еве ме конечно да седнам да напишам нешто на форумот[sm=smiley1.gif],јас сум во 33 недела и 3 дена бремена,има ли некоја трудничка тука некаде со мене,заедно да си се тешиме до крај[sm=smiley36.gif].Инаку цела бременост до сега се чувствував одлично,се движев многу дури и патував надвор од државава три пати[sm=smiley1.gif],ама сега веќе почна да ми станува тешко,стомакот ми е до горе качен и кога сум најадена неможам да седам на работа,ме боли кичма ако сум подолго на нога или ако изодам повеќе[sm=zmeden.gif],стварно на крај е најмачно.Е сега овие денови почна да ме штреца доле на препоните како некоја струја наеднаш и ќе ме извади од памет,незнам колку е ова нормално во оваа недела, сум слушала дека кога се ближи породувањето тоа е честа ситуациј,па затоа малку се подисплашив ама вечер сум на последно ехо кај матичната па ќе ја прашам.Бебе е активно,најчесто на десна страна ми се испрчува со газе или ноже незнам што е хехе,важно убаво е. Поздрав до сите во ова тромесечије[sm=smiley27.gif]
|
|
|
|