Snowhite RR -> RE: Кој е вашиот утрински ритуал? (16.1.2012 18:29:55)
|
Ај да го кажам утринскиот ритуал за овие 10тина дена. М беше настинат и не оди во градинка, а јас одам втора смена. Стануваме, му облекувам пантовки и јакна подебела, прво му давам капсула Имунобор, го палам огнот, па ставам млеко да се топли да направиме чоколино, додека се топли се преслекувам, откако ќе се стопли ставам вода за кафе, пуштаме цртани, јади чоколино, па го почекувам дали ќе се покака (обично после јадење кака), во меѓувреме го местам креветот, мијам ваганчето и чашата во која топлам млеко, правам кафе, па го преслекувам него, го пијам кафето, поручувам. Потоа додека дојди време за на работа или чистиме, метиме со правосмукалка, бришиме прашина, па правиме ручек, па мијам коса, се фенирам или ако сето ова е направено тогаш си играме нешто, гледаме цртани, пуштаме песнички, пееме, редиме слагалици, јадиме јаболко или мандарини или некое друго овошје.
|
|
|
|