pacuvce -> RE: chat room (29.12.2009 11:20:17)
|
Bidejki ne sum bila vo grad odamna,koga go procitav ova mnoguy mi se dopadna... Новогодишните желби на билборд [image]http://www.dnevnik.com.mk/WBStorage/Articles/021B7925D0068146AFB952002528F497.jpg[/image] На плоштадот Македонија веќе три дена скопјани имаат несекојдневна можност да ги напишат своите новогодишни желби на голем билборд што го постави фирмата „Акцент медиа“ Компјутер, мобилен телефон, патувања, студентска стипендија, па дури и 100 чифта обувки - ова се дел од новогодишните желби што скопјани вчера со разнобојни фломастери ги испишуваа на плоштадот Македонија, на голем билборд што го постави фирмата „Акцент медиа“. Граѓаните идејата ја коментираа како невообичаена, несекојдневна, интересна и претпразнична. Некој си посакал девојка, друг да ги заврши студиите, а трет си замислил одличен успех во Новата 2010 година. Мајка и татко на својот син му посакале во следната година да патува за Америка и да се врати оттаму жив и здрав. Еден скопјанец вчера ја испишуваше својата желба „Сакам Македонија да се вика Македонија“. Вели, ја испишал токму таа порака бидејќи сакал да биде различен од другите, но и поради тоа што прашањето за спорот со Грција за нашето име беше актуелно во текот на целата година што изминува. - Имам се', не ми е потребно ништо друго. Едноставно, сакам Македонија да се вика Македонија, да не се менува името на државата - изјави тој. На долгиот билборд има пораки испишани на македонски, англиски и на албански јазик. Иако кажани на различни јазици, желбите генерално се исти - сите посакуваат повеќе здравје и љубов, па се' друго. - Целта на билбордот „Замисли желба“ е да им овозможиме и на децата и на возрасните јавно да ги испишат своите желби. Мислиме дека овој интересен, креативен и несекојдневен начин на искажување на новогодишните желби ќе биде забавен за граѓаните и ќе придонесе за повесело празнично расположение - велат во „Акцент медиа“. Овој билборд на плоштадот стои од саботата, а покрај него стојат студенти што делат маркери и ги повикуваат граѓаните да си ги напишат желбите. - Билбордот е долг околу 20 метри. Кога ќе се испише, се менува со нов, за да може сите граѓани да се искажат. Вчера трет пат е поставена нова бела површина за пишување - велат во фирмата. Скопјани новогодишните желби ќе можат да ги пишуваат до крајот на годината. Потоа во медиумите ќе бидат објавени фотографии од најдобрите, најинтересните и од несекојдневните испишани желби. - Сакаме да ги поттикнеме граѓаните да бидат креативни, со што сите заедно ќе испратиме порака на слога, љубов, поддршка, радост и дарување во моментите на овие празници - велат организаторите на годинашнава „желботека“.
|
|
|
|