Еца -> RE: chat room (30.12.2009 19:02:13)
|
леле што ми се случи, тотална збунка сум, си мијам садови во кујна и некој ѕвони на врата, отварам и гледам едно девојче од 14 години и во чинија ми носи неколку парчиња благо, живеат во станот наспроти нашиот и знам дека се Турци, но девојчето не знае македонски и ми ја дава чинијата се смешка, а јас и свекорот стоиме и јас не знам како да изреагирам, дали треба да земам едно праче, а таа се смее и покажува дека целата чинија да ја земам.Се чудиме со свекорот дали им е празник, па какво е благото,а тоа со млеко и гриз мислам е...не знам дали некој знае дали им е празник или така им е адет пред нова година, дали треба кога ќе им ја вратам чинијата нешто и јас да однесам, нели глупаво би било празна да им ја дам...ајде помош мамички, не сакам да ги навредам. Знам само дека и мажот и жената се професори по турски на некој универзитет.
|
|
|
|