Mila na mama -> RE: chat room (7.3.2010 17:45:08)
|
МАКЕДОНИЈА ОСТАНУВА ВО МЕДИУМСКА ДУПКА Нема пренос од Оскарите Иако Македонската агенција "Си-Ем-Си" задоцнила со рокот за откуп на преносот од Оскарите, лондонската агенција "Дизни" првично $ ги одобрила правата, па потоа ја одбила Втора година по ред во Македонија нема да се пренесува доделувањето на оскарите, иако на "Канал 5" телевизија беше најавен пренос во живо в недела спроти понеделник во 2 часот по полноќ. Лондонската агенција "Дизни", која е застапник на Американската академија на филмски уметности, првично на македонската агенција "Си-Ем-Си" $ ги одобрила правата за откуп на преносот, па потоа ја одбила, со образложение дека е доцна да се уплатат пари на нејзината трансакциска сметка, вели Борис Пауновски, сопственик на "Си-Ем-Си". Тој вели дека второто образложение на "Дизни" било дека Оскарите се продаваат во пакет со филмски хитови и серии. Пауновски, кој се обидел да ги откупи правата за пренесување на Оскарите и да им ги продаде на "Канал 5" телевизија, тврди дека вината е во лондонската агенција. "Последниот рок да се откупат правата беше лани во ноември. Но од лондонската 'Дизни' ме контактираа во јануари, откако слушнале дека јас откупувам лиценци за музички манифестации. Се договоривме јас да им најдам телевизија од тука, која од мене ќе ги откупи правата за пренос. На 19 февруари добив одобрение дека правата можат да се откупат, и чекав од нив да ми испратат договор. Во меѓувреме, од "Канал 5" ми ја уплатија потребната сума, за да ја проследам до Лондон. Се до 28 февруари од Лондон ми немаа испратено никаков договор, и тогаш ми јавија дека е доцна да се уплатат парите, зашто нема да стасаат на нивната сметка", ни рече Пауновски. Директорот на "Канал 5" Иван Мирчевски вели дека е разочаран што само една недела пред Оскарите дознал дека треба да ја менува целата програмска шема на телевизијата и да се оправда пред спонзорите кои вложиле во купувањето на преносот за Оскарите. "Најдовме спонзор, ја уплативме сумата до 'Си-Ем-Си' во предвидениот рок, и беше шок кога пред три дена дознавме дека нe одбиле. Парите си ги добивме назад, тоа не е спорно", вели Мирчевски. Тој додава дека сумата која ја уплатиле не е занемарлива и вели оти е нешто пониска од ланската цена за откуп, која изнесувала 16.000 евра. До преклани правата за пренос на Оскарите ги откупуваше Миланка Рашиќ, преку нејзината продуцентска куќа "Миракс". Лани Рашиќ за "Вест" изјави дека тоа е скап проект, таа сега има други обврски, и не знае зошто никој друг не е заинтересиран. Доделувањето на оскарите е традиција која трае 82 години. Годинешни домаќини на шоуто ќе бидат Алек Болдвин и Стив Мартин.
|
|
|
|