jovanka -> RE: chat room (12.3.2010 1:22:03)
|
Патничките моторни возила и комбинираните возила треба да имаат еден противпожарен апарат од два килограми наполнет со прашок АБЦ. Од МВР велат дека на почетокот нема да има казни, туку ќе ги предупредуваат возачите дека треба да набават апарат Казна од 120 евра доколку во автомобилот немате противпожарен апарат или сигурносен - рефлектирачки елек. Ова е предвидено со Правилникот за задолжителна опрема на возилата, што од вчера стапи на сила. Иако многумина не слушнале дека противпожарниот апарат е дел од опремата, сообраќајната полиција може да ви напише казна доколку го немате. Од МВР велат дека на почетокот нема да има казни. Возачите ќе бидат предупредени дека треба да набават апарат, кој според Правилникот, треба да е поставен на видно место или на место лесно за дофат за да може да се употреби во случај на опасност. - Полицијата практикува прво да предупредува за новите задолженија. Ќе се обидеме со предупредување да им укажеме на возачите дека тоа е задолжителна опрема и дека мора да ја имаат во автомобилот. Со текот на времето, кога ќе оцениме дека граѓаните се запознаени со новите правила, ќе се почнеме и со санкционирање на оние кои немаат комплетна опрема - вели Борче Пешевски од Одделението за односи со јавноста во МВР. Одредбите од Правилникот предвидуваат патнички моторни возила, комбинирани возила, патнички возила опремени за користење на алтернативни горива - течен нафтен гас (ТНГ), копримиран нафтен гас (ЦНГ), возила за јавен превоз, автобуси, како и товарни моторни и приклучни возила да имаат противпожарен апарат за гаснење пожар. Патничките моторни возила и комбинираните возила треба да имаат еден противпожарен апарат од два килограми наполнет со прашок АБЦ. Во моторните возила пак, освен мопед, лесен трицикл, лесен четирицикл, мотоцикл, трицикл и четирицикл, треба да има и сигурносен-рефлектирачки елек, што ќе го користи возачот кога во темнина го напушта своето возило или кога на пат надвор од населено место или автопат врши некоја работа покрај возилото. (Б.З.) Како да заштедите 120 евра? Резервно тркало, противпожарен апарат за гаснење пожар, знак за означување запрено возило на коловоз, односно сигурносен триаголник, опрема за укажување прва помош, клинести подлошки, чекан за кршење стакло (за автобусите), резервни светилки и осигурувачи, јаже, сајла или телескопски лост за влек, зимска опрема, сигурносен - рефлектирачки елек, сигурносни појаси и наслони за глава (за возила со над 8 седишта) е опремата што треба да ја имате со себе доколку не сакате да платите казна од 120 евра.
|
|
|
|