Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
RE: Кога да се почне со дохрана 4.12.2014 17:35:49
Defne90 RR
Маја мене матичната ми има кажувано дека после петиот месц може да се почне со сокче од мандарина.Почекај уште месец дена,па дај му само малку кога веќе планираш да му даваш па чекај неколку саат чисто за да се осигураш дека нема никаква алергиска реакција.и почни по малку да му даваш.
_____________________________
Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!
RE: Кога да се почне со дохрана 4.12.2014 22:12:29
nataly86
моите бебушки се 4 месеци исега сум во потрага по информации баш на оваа тема...најновите препораки во светскик рамки (не тука некој педијатар кој од 1975г кога дипломирал ништо повеќе не се едуцирал) се дека до 6 месеци храна треба да е млекото независно дали мајчиноп или АД...ако веќе се решава мајката за дохрана порано да се почни со кашички ( сокот немал никаква вредност) овошни јаболко, круша, авокадо, банана слива, зеленчук тиквица, морков, тиква, компир, брокула и од житарки киноа, амарат, просо, палента. овес... а за цитрусни овошја исклучиво после 1 год...
Секоја мајка си одлучува кога кака ќе даде...таа си знае што е најдобро за нејзиното дете и нормално не мислам дека треба строго да се придѓува кон некоја книга секако секое дете е индивидуално некое понадпредно и му треба повеќе...Еве стрикно за моите ке почекаме до полни 5 месеци па ќе видиме што понатаму, дали ќе почниме со пробување на вкусови па на 6 да имаме веќе оброк...јас мислам дека им е рано сеуште за друго освен млеко пијат и чај од 50-100мл дневно
< Поракaта ја уредил nataly86 -- 4.12.2014 22:13:06 >
RE: Кога да се почне со дохрана 4.12.2014 22:28:51
Felly RR
Јас колку што знам и мандарината е цитрусно овошје, може се дава порано од портокал но јас би почекала до 8 месеци - посебно поради фактот што не се одгледува на наше поднебје.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
Здраво мамички ние еве веќе месец дена сме почнати со кашички претежно сме на овошје, се раниме накај 9-10 часот од сабајле. Сакав да ве прашам дали повторно во текот на денот можам да и дадам уште нешто како втор оброк и кое време одприлика? Сега сме веќе 1 недела до полни 6 месеци. Сакав да почнам и малку повеќе со зеленчук до сега има пробано само морков што е ништо, па затоа и ве пашувам и со што е најубаво да се почне? Фала и позз
Здраво мамички ние еве веќе месец дена сме почнати со кашички претежно сме на овошје, се раниме накај 9-10 часот од сабајле. Сакав да ве прашам дали повторно во текот на денот можам да и дадам уште нешто како втор оброк и кое време одприлика? Сега сме веќе 1 недела до полни 6 месеци. Сакав да почнам и малку повеќе со зеленчук до сега има пробано само морков што е ништо, па затоа и ве пашувам и со што е најубаво да се почне? Фала и позз
tincule, можеш комотно да воведеш втор оброк од зеленчук. Времето нека биде негде околу ручек, зависи од рутина на бебето - да речеме после пладневно спиење околу 14-15-16 часот. Освен морков, може компир, тиквица, ориз. ТУКА е календарот на исхрана, а ТУКА има за воведување на нова храна, па прочитај дел од искуствата на РРајките.
Koga spored vas treba da se pocne so cvrsta hrana majki? Nie sme polni 5m i mislam da pocnam za nekoja nedela, a inaku e samo na cice. Ke moze li nekoj da mi objasni kako se pocnuva so probuvanje vkusovi i koga se voveduva prviot obrok, prvo se po red li da proba, kako?
ИЗВОРНА ПОРАКА: lukajana RR
Luna почнуваш со сокче или кашичка како ке одлучиш ти и тоа прво јаболче банана тоа што има свежо да му направиш даваш три дена исто по неколку лажички наутро за да видиш како ке реагира
ИЗВОРНА ПОРАКА: luna zivkova
znaci da pocnam po red se po tri dena da vidam da ne ima reakcii i od koga ke probame se da vovedam eden obrok od sabajle po kolku saka ili kako?
ИЗВОРНА ПОРАКА: lukajana RR
Па обично кога ке почне убаво да си јаде треба да има оброк каша од 120 мл колку мала тегла купечка каша и со тек на време ке зголемувате и на грамажа и на број на оброци додека да стигнете до доручек ручек и вечера
Може слободно да почните со дохрана. Јас некаде после 4 и пол месеци почнав да му давам овошни сокчиња и кашички. Мене педијаторот ме советуваше прво да проба сок од јаболко, па потоа кашичка од јаболко. Потоа да се продолжи со круша, банана, слива. Моето дете не сакаше сок, а кашите ги јадеше. Совет секој вкус да го пробува по 3 пати на почетокот со ред по неколку лажички и да не се мешаат повеќе овошја со цел да се избегне алергија и доколку истата се јави да се знае на што е алергично. Кога ќе почне да јаде поголема количина околу 120 гр, може да се смета за целосен оброк и се скратува едно млеко т.е еден подој. Се надевам помогнав.
Јас почнав со дохрана на 5.5 месеци, директно со кашички. Прво пробавме банана, потоа круша, јаболко, морков, ориз, итн. Јас никогаш не нудев само лажичка да проба, бидејќи мојава сакаше да си јаде. Ама и не претерував. Секогаш беше по половина од овошјето. Сок ни ден денес не и давам, а и вода ретко пие. Сок би пиела, ама не гледам никаква корист од него и не и давам. Да имав соковник, би и давала домашно скоче сигурно.
RE: Кога да се почне со дохрана 24.7.2015 22:18:32
Melanija RR
lolla лесно и вкусно јадење да има Л
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
Фала ви женски, не ми се верува дека и некоја солза пуштив, моево мало бебенце цицалче маже станува . Се скапа гадејки се од праската божем лимон пробува хаха, ама на крај попушти и со фацки изеде неколку лажички.
Ја обарив праската вчера, денес планирам само 1 мин да ја барам на пареа а утре здравје боже свежа.
Уште ова, не знам дали е во соодветна тема, препорачувам ептен силиконски глодалки како цуцла голема со дупчиња, од пред 2 недели му ставам парчиња овошје во неа и гриза ли гриза. И замрзнувам коцки мајчино млекце по 3-4мл и во неа му ставам, жлеба ли жлеба сладолед, ем му лади непца. Прво се мислев да не му е на грлото нешто ама пробав и додека дојде до грлце веке не е ладно млекцето.
RE: Кога да се почне со дохрана 23.10.2015 10:53:00
ana mari
Mamickii ajdee za pomoss imam 7 ipol mesecno bebcee problemot kaj nas e sto ne saka nistoo da jadee samo da cicaa daj ve molam za sovet site mi vikaat da go trgnam skros i da mu davam samo hrana ama ne saka ova bebe nistoo da jadee i doma mu pravam i kupuvam od se se gadii se vraka... dalii e normalnoo da smee samo na mleko ili mora da vovedeme veke i nesto drugoo
RE: Кога да се почне со дохрана 23.10.2015 11:05:22
sandriana RR
ana mari, веќе е доволно големо бебе и мора да има барем 2 други оброци, освен млеко. 6 месеци ајде, ок е некако да биде на ексклузивно доење, но после веќе е крајно време да има воведено цврста храна. Обиди се наутро, кога ќе стане, веднаш да му понудиш појадок - овошје, житарки - што и да ти прифаќа. Или, остави го ако имаш некој (мајка, сопруг, свекрва....некој близок), да го почува неколку часа и да го нахрани. Така ќе нема избор, ќе мора да прифати храна.
RE: Кога да се почне со дохрана 23.10.2015 20:49:27
Bethany
Моето бебе веќе направи 4 и пол месеци и има две запчиња П На оваа возраст син ми веќе навелико јадеше, ама со неа сеуште немам пробано ништо. Право на мевце ќе одиме изгледа Некако не ми се жури. На адаптирано млеко е, и засега добро го пие, напредува, некако се мислам рано и е. Кај и да е, таму некаде на 5, 5 и пол месеци да почнам да и воведувам. Се сум заборавила веќе. А мислам и работите од пред 4 години се сменија, што смее што не смее Ќе висам тука по темава.
Нејсе, АнаМари, сакав да ти кажам следно. Имам пријателка која што има бебе од 6 месеци и некој ден. Само на доење е и убаво напредува. Таа оддлучи, поради лошото искуство со нејадење и неприфатање со син и, право да помине на фингер фуд. Само чека малку да бебе може убаво самостојно да седи, и бидејќи убаво напредува од цицање, да почне со парчиња коешто бебе само би се учило да јаде. Погледни на нетов повеќе околу тоа, на јутјуб, па пробај, обиди се, можеби ќе му биде интересно и на твоето бебе на тој начин да осети вкусовите.
_____________________________
" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."
RE: Кога да се почне со дохрана 23.10.2015 23:13:27
lukajana RR
AnaMari никако немој да престанеш да доиш ,ке почне да јаде полека само биди упорна и нуди му секој ден колку касне толку. Bethany ке се потсетиш брзо кога ке дојде време ,засега е рано нека си пие млекце уште малку
_____________________________
Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив
RE: Кога да се почне со дохрана 24.10.2015 0:08:42
MamaKiki
и јас сум за да не престануваш да го доиш детето, ако неке да јаде количински тогаш имаш опција да му нудиш храна 3 пати во денот по неколку лажицки пример по 3-4 и полека да се навикнува малото и јас имав ваков проблем сеуште не јаде количински значи не мислам на 3 оброци по 100 грама туку пр 100 гр кашичка на 3 пати.. нека се навикне на цврста храна, ако неке овошје пробај со млечна каша има готови на хипп, хумана во кутија оризова со ад млеко ја правиш со вода моево пројави апетит на hipp first pap со вкус на ванила, прави ги потечни кашите ке му бидат поблиску до конзистенцијата на млекото... пред да го доиш давај му по малку каша, па ако неки нека си се нацица...
RE: Кога да се почне со дохрана 24.10.2015 14:56:55
Melanija RR
Знам случаи каде дете кое цица потешко прифаќа храна и затоа треба веднаш на 6 месеци да се нуди. Оке да се дои но храна е храна ,растат заби па бебе има потреба да смени вкус ,да нагризува и сл.Убаво ти пишаа од сабајле пробај житарки ,тие на Хумана се преубави и со вода се прават. Тешко ќе биде бидејќи тера накај 8 месеци а тогаш веќе дота храна треба да има пробано.Не сум да се форсира за секоја храна има време но мора и да јаде по колку толку
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
RE: Кога да се почне со дохрана 24.10.2015 21:46:16
lolla RR
anamari, немој да престануваш со доење туку послушај ги мамите горе. Исто пали варијанта сам да држи лажица, па едно залче тебе еднона бебе. Да јадете сите заедно на маса и да ве гледа. Да го заиграш со храната нека ја пипка, истражува. И упорност...
Мајки ај може ли да се отвори тема за фингер фуд за искуства. Моево е 9 м без некој ден и секој ден се размислувам да му онудам фингер фуд ама мнофу ми е страв од задавување.
RE: Кога да се почне со дохрана 26.11.2015 11:28:27
Lala*
Се зависи од самото бебе. Кај нас пошто добро напредувавме почнавме со цврста храна на 6 месеци. На почеток крушки обожаваше, му ги гребев со лажичка.Од јаболки ми се мрштеше. И така почнавме да воведуваме морков, компир, тиквица, ориз... Сега се си ручкаме. Иначе многу голема работа ми заврши Нутри булетот на почеток. Свари,изблендирај и спремно за јадење. Сега сме на пасирано, дури пред некој ден му дадов варено морковче во рака само да грицка. Нормално оците отворени 10-ка да не го лапне цело.
RE: Кога да се почне со дохрана 26.11.2015 22:21:40
Hopeful RR
Анамари, се согласувам со сите тука - никако да престанеш со цицање, но биди поупорна со кашичките. И на банана не реагира? Инаку, мене моиве ми одбиваа се првите неколку дена, плукаа, се мрштеа, се додека еднаш случајно не им даде мајка ми, а мене не ме гледаа, им бев зад грб. Цела чинија - маф! Пробај така, обично од бебе од мама сака цице па протестира Сега и двајцата јадат се.
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015