mis. -> RE: Кога да се почне со дохрана (10.11.2009 11:50:31)
|
Тврдата исхрана треба да биде воведена во исхраната на бебето во периодот на 4. и 6. месец од неговата возраст, но точната возраст зависи од потребите и однесувањето на Вашето бебе. Хранењето на бебето со тврда храна не е препорачливо под возраст од 4 месеци, заради тоа што системот за варење на храната на бебето не е доволно развиен за да може да се справи со неа. Исто така не постојат причини, од гледиште на хранливоста на тврдата храна во однос на мајчиното млеко, за воведување тврда исхрана на бебето пред четиримесечна возраст. Доколку мислите дека Вашето бебе не е подготвено за тврда храна и по четвртиот месец од возраста, не постојат причини за воведување на тврда исхрана, но е многу важно да започнете да воведувате тврда храна во исхраната на бебето по шестиот месец од неговата возраст. Причините за тоа лежат во потребите за зголемена исхрана на Вашето бебе што мајчиното млеко не може во потполност да ги задоволи, што значи дека за правилен развој на бебето, покрај мајчиното млеко, по шестмесечна возраст треба да почне да се воведува и тврдата храна во неговата секојдневна исхрана. Знаци што треба да Ви предочат дека Вашето бебе е спремно за тврда исхрана се: Бебето е сеуште гладно по добро доење Зачестено барање храна Зачестено будење заради потреба од храна
|
|
|
|