Snowhite RR -> RE: Кога да се почне со дохрана (2.7.2010 0:22:46)
|
Мики мами, после 3-от месец бебината напредуваат помалку, значи првите 3 месеци по 900-1000 гр, а потоа по 500-600гр, така да нема потеба да се грижиш за тоа, што се однесува до започнувањето со дохрана, можеш да ја прочиташ оваа тема од почеток и да видиш кога и сите ние сме почнале со дохранување. Јас конкретно за мене ќе ти кажам дека јас почнав на 4 и пол месеци да му давам сок од јаболко, а потоа кашичка од јаболко, потоа морков. Сега има 5 месеци и 3 дена и уште 2 дена планирам да му давам морков, а после тоа кашичка од јаболко и морков, па банана, круша, ориз, компир итн. Значи не мора само овошје да се дава, напротив наизменично се дава и зленчук, бидејќи ако се навикне на слаткиот вкус на овошјето, зленчукот потешко ќе го прифати. Но сепак тоа не значи дека со дохранувањето ќе цица помалку, тоа е за да почне да пробува нови вкусови. Инаку многу од членовите овде почнуваат со дохрана на 4 и пред 4 месеци, макар што не се препорачува пред четвртиот месец, заради тоа што организмот на бебето се уште не е добро развиен. Педијатрите не препорачуват воведување на друга храна освен мајчино млеко до 6 месеци, мојот педијатар ми рече да му давам јаболко и банана пред 6, зашто наводно тие немале алергиски реакции, но јас еве му давам и морков и за сега е ок. Во врска со тоа со која храна да почнеш, и како се воведува, прочитај ТУКА
|
|
|
|