sandriana RR -> RE: Кога да се почне со дохрана (14.2.2016 13:10:55)
|
Еве, да споделам мое искуство, во однос на започнување со дохрана. Големата ќерка цицаше до скоро 20 месеци. Малата има 17 и се уште цица. На двете започнав да им "претставувам" цврста храна уште кога наполнија 4 месеци. Не значи дека од 4 месеци јадеа оброци, но од тогаш започнаа да вкусуваат друга храна, освен мајчино млеко. Тоа го направив од проста причина што знаев дека додека цицаат и додека сум дома на располагање, нема шанса да имаа вистински оброк количински (буквално беа-малата се уште е зависник од града.) Значи, за почеток вкусуваа чисти вкусови на сезонско овошје, обарено, па пасирано (јаболко, круша, слива, банана, тиква - зимен период не фати за дохрана). Пробуваа на почеток само наутро, подоцна после 1-2 недели истото го нудев и попладне, да речеме до 17 ч. Со полни 5 месеци воведов зеленчук - компир, морков, ориз, тиквица, брокула - и го нудев за време ручек (пак количина многу малку -макс. 5 кафени лажички јадеа) - меѓу 12-14 часот. Житарки воведов со полни 6, во појадокот, а вечера понудив мислам со 7 полни месеци. Количината на храна ја зголемуваа како растеа, и вистински оброк количински направија дури тогаш - на околу 7 месеци (доручек и ручек, вечерата главно завршуваше со цицање). Бидејки со неполни 9 месеци тргнаа во градинка, таму им требаше речиси 1 месец да се навикнат да ја јадат таа храна како количина. Во суштина, до кај 7-8 месеци би требало да има пробано дете основни вкусови, а со тек на време, согласно потреби ќе навикне на оброци.
|
|
|
|