Octavia -> RE: Кога да се почне со дохрана (25.1.2011 14:23:37)
|
За поголемото дете лекарите советуваа со полни 4 месеци сокче да почнеме, со полни пет со кашички, и така постапив. Со бебево, со сокче почнав со полни 5, а кашички почнавме скоро со полни 6, (поточно 5 месеци и 3 недели), до тогаш бевме само на цицање. Еден лекар ми рече дека сум можела и порано, друга ми рече дека сум постапила правилно. Како треба? Најдобро е мајката да одлучи, ама сепак да не е премногу рано, заради мешето и невозможноста да ја свари храната. И за она најново истражување погоре спомнато, веднаш по тоа имаше и контра-аргумент, исто од лекари од Британија, дека премногу раната дохрана се промовира под притисок на индустријата на храна за бебиња, заради профит [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]. Многу реално ми звучи и едното и другото [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]
|
|
|
|