Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
RE: Како се справувате со прашината во домот? 14.11.2012 8:56:34
Luci
Прашина бришам еднаш неделно воглавном, а масата и тв-то кај што шљака М секој ден(а некогаш се правам и дека не гледам дека има прсти прсти по нив па ги бришам на 2 дена)
RE: Како се справувате со прашината во домот? 14.11.2012 9:57:57
vezilka RR
Хе,хе, не се справувам со неа..ја оставам да си живее една недела и после ја бришам. И јас се правам дека не ги гледам прстите преку недела, само за викенд го гледам . Мене преку недела не ми паѓа на памет да чистам, треба ептен бомба да паднала па да зачистам. Си се знае ред што е, се чисти за викенд.
< Поракaта ја уредил vezilka RR -- 14.11.2012 9:58:43 >
RE: Како се справувате со прашината во домот? 14.11.2012 10:11:31
Mihaela 2010
Sabota ili nedela cistam, a masickata sto e ulepena so racinja na dva dena...nekogas se pravam deka ne primetuvam,ama pa mi e nezgodno od zenava sto ja zima od gradinka,pa ke si rece aman ovie kako ziveat
RE: Како се справувате со прашината во домот? 14.11.2012 10:14:46
AnnaMolly RR
Прашина бришам во последно време со влажни марамчиња Ама супер ми чистат и плус мириса убаво после тоа, а не на она средството гадно. Масата ни е стаклена, ама покриена е 27/7 со долг чаршав зашто тие прстиња кога ќе ги видев ми доаѓаше да земам и да ја фрлам од прозор. Вака полесно ми е еднаш неделно да го фрлам чаршавот за перење, отколку секој ден да бришам стаклена маса.
RE: Како се справувате со прашината во домот? 14.11.2012 10:21:37
sandriana RR
Се додека не се вратив на работа, после породилното, буквално секој ден бришев прашина и под, како опседната бев . Арно ама, дете потпркна, и веќе не се замарам толку со таа тема - еднаш до два пати неделно бришам. Башка сега е ладно, поретко се отвораат врати и прозорци, па и помалку се таложи прашината. А освен редовно бришење, не верувам дека разни средства имаат посебен ефект, да штитат не знам колку од таложење.
RE: Како се справувате со прашината во домот? 14.11.2012 10:25:48
kikicka
ЛЕлее јас дома ич не се замарам,дека немам мнг намештај, минималистички ми е направено,а и тој што го има е бел и сјаен така да и да има не се гледа ништо.Е за разлика од таа дома ,со оваа сега каде што сум(нели јас сум птица преселница) Тука има црн намештај,па така си бришам кога ке видам,а за масата каде што шлака Л....и јас какоЛуци некогаш се правам наудрена
_____________________________
Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."
RE: Како се справувате со прашината во домот? 14.11.2012 10:29:45
Annet
mislev crno pa se ne vidi,ama mnogu se vidi hahahahahaha sekoj den po 2-3 min,zabrisuvam nabrzina so volsebna krpa natopena so voda,i sjae..kako lisicata so opaskata:))))))))))))))))))))
RE: Како се справувате со прашината во домот? 14.11.2012 11:01:19
Kori
I jas brisam ednas nedelno so Pronto pakuvanjeto mu e kako dezedorans okolu 150-160 denari ama raat sum, pomalku se sobita prasina i sto mi e najvazno epten ubavo mirisa na jasmin. A edno takvo pakuvanje trae po nekolku meseci taka da ne iskaca ic skapo. Toplo go preporacuvam, samo nesaka samo da skokne da zavrsi rabota toa me nervira
RE: Како се справувате со прашината во домот? 14.11.2012 11:04:37
miana
Kako izgleda prontoto za prasina?? Inaku i jas imam magicna krpa od RSI ama sekogas bridam i so s-vo i so taa..A inaku ednas nedelno so cetkata za prasina od KIRBY....
RE: Како се справувате со прашината во домот? 14.11.2012 11:18:03
Cipi Ripi
И јас користам Пронто како дезодоранс што е, прскам бришам, топ е, неочекувано сум многу задоволна, пошто не го купив јас, го купи мм кога бев во болница да се пораѓам и дури сега ни се потроши. Некако имам чувство како покасно да фаќа мебелот прашина откако ќе избршам со Пронто Исто така користам Дезинтал. Чистам еднаш неделно. А секојдневно си брмчиме по дома со едно мало усисиваче од Цептер рачно и собира прашина.
RE: Како се справувате со прашината во домот? 14.11.2012 14:05:35
Pepelaska *
Дајте бе слика од ова пронтово што го фалите Јас инаку некогаш кога ме факаат лудите бришам по 2 3 пати на ден а некогаш и по една недела не бришам.Фала богу ивде има многу трева надвор и нема многу прашина за разлика од претходната дома каде што бевме директ на улица и смао што ке избришеш пак идеше прашината. Ја бришам со средство за стакло а некогаш само со влажно крпче.
_____________________________
Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !
RE: Како се справувате со прашината во домот? 14.11.2012 14:41:03
miana
ИЗВОРНА ПОРАКА: Pepelaska RR
Дајте бе слика од ова пронтово што го фалите Јас инаку некогаш кога ме факаат лудите бришам по 2 3 пати на ден а некогаш и по една недела не бришам.Фала богу ивде има многу трева надвор и нема многу прашина за разлика од претходната дома каде што бевме директ на улица и смао што ке избришеш пак идеше прашината. Ја бришам со средство за стакло а некогаш само со влажно крпче.
I jas brisam so s-vo za staklo i toa od toa plavoto od KAM sto pusta pena koga ke stisnes...Ama i ova prontovo mi lici kako dobra opcija..Ajde edna dobra volka da prati slika
RE: Како се справувате со прашината во домот? 15.11.2012 20:01:33
Ikana
Ние бришеме прашина со Ајах за стакло, Пронто светнува буквално секоја површина, а бидејќи дома имаме мебел од масивно дрво користиме политура за истиот. Јас мислам дека треба малку да намалиме употреба на вакви средства за чистење, не знам колку се безбедни за користење секој ден каде што има мало бебе. Ние ги користиме средствава еднаш неделно, преку сила два пати и гледам бебето да е во друга соба кога ги употребувам. Другите денови знам да забришам со влажни марамици за чистење, или сув свифер дастер. Правосмукалка - 2 пати неделно уклучувам. Мислам и дека не треба до толку да чистиме во домот, за да може бебето да се навикне на микробиолошката средина која го опкружува и да стекне отпорност.
< Поракaта ја уредил Ikana -- 15.11.2012 20:02:23 >
RE: Како се справувате со прашината во домот? 15.11.2012 20:36:16
Bilence2
Desintal ima vo apteki. Ama toa.e za.dezinfekcija, kupqtilo, kvaki, kujna, tastaturi ne sum cula deka prashina brishat so toa. Ne znam tehnickite uredi dali moze.so.toa.da se brishat. Jas koristam pronto-jasmin a prashina vo skopjevo ima so toni, ti brishesh a pozadi tebe veke se nafatila prashina. Ne daj boze gosti da ti dojdat i da ogree zrak sonce vo dnevnata pa da vidite kolku ima vo vozduhot.I nema spas. Samo redovno brishenje i pravosmukanje. A se slozuvam i so Ikana, ne treba da preteruvame ni so sredstva za cistenje, ni so pretrrana cistota-pootporni ke ni bidat decata taka.
_____________________________
A baby makes love stronger, the days shorter, the nights longer, savings smaller and a home happier.
RE: Како се справувате со прашината во домот? 15.11.2012 21:09:37
Snowhite RR
Дезинтал е за дезинфекција, јас купував такво за на работа да ја дезифинцираат кујната. Јас прашина бришам кога ќе забележам дека има, а пошто мебелот ми е венге многу се познава, ама немам многу мебел и затоа не се замарам многу, единствено стаклото од малото масиче од прсти од М го бришам секој ден, а некогаш и по неколку пати, исто и од големата маса стаклото после ручек го бришам обавезно, како навика ми остана тоа не знам зошто
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
RE: Како се справувате со прашината во домот? 11.4.2014 0:29:11
Defne90 RR
И јас си имам голем проблем со прашината.Живееме на главната улица и ептен е прометно од автомобили и постојано има прашина.Ја бришам многу често секој ден ми се случува или преку ден.Инаку бришам со оние средствата за стакло што се или пак со политура.Ама веќе досадно станува,ќе избришеш насабалје и до вечер гледам пак се насобрало.А малото масиче во дневна се случува да го бришам и по пет пати на ден па може и повеќе.Тоа е нешто што ме нервира највеќе,кога ќе видам прстиња и флеки по него.
_____________________________
Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!
RE: Како се справувате со прашината во домот? 11.4.2014 8:54:25
deluxe
Кај нас е многу прометна улицата,и нон стоп има прашина за бришење Редовно бришам со средство за стакло(и дрвените површини)и потоа со Политура задолжително,бидејќи на неа некако како да не застанува прашината.Но исто така забележав колку правосмукалката ја разносува прашината.Од кога ја зедовме новата Шарк правосмукалка,навистина забележав разлика ,прашина има,не дека ја нема,но не како порано што беше.Сега прашина бришам 1 неделно а масичката секој ден по 2-3 пати.
_____________________________
„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “