Octavia -> RE: Што пеглате а што не? (18.4.2011 10:38:47)
|
Ги пеглам сите работи на децата. Од постелнина пеглам навлаки за перници, чаршафи користам од оние со ластик (баталив се што е за пеглање), па не ги пеглам. Завеси немам [sm=bravo.gif]. Од нашата облека обично пеглам се, ама ако сум ептен кнап со време, ескивирам на долната облека, ги пеглам маиците, а ако немам време, гаќите само се замазнуваат и во фиока [sm=jezicek.gif]. Пешкирите на малиот ги пеглам, оние за нас како кога (не сушам надвор, на балкон, или дома на сушара или во машина, па се тешам дека не собираат нечистотија од надвор). Кујнски крпи некогаш пеглам, некогаш не. Вака-така, излегува дека скоро се пеглам...
|
|
|
|