Hopeful RR -> RE: Што пеглате а што не? (21.11.2013 12:11:29)
|
Ако нешто ме мрзи, тоа е да собирам алишта, да ги пеглам и да ги редам по плакари или закачалки... ќе пукнам колку ме мрзи тоа да го правам [sm=smiley36.gif] Пеглам ептен по потреба - кошули за мене и мм пред облекување (што е поентата да седат испеглани кога пак ќе се изгужваат сами од себе во плакар), ретко пантолони и сукњи. Најчесто носам фустанчиња, ги запеглувам пред работа ама онака, колку да се рече, освен ако ептен не се некои специфични па мора [sm=smiley36.gif] Понекогаш и мм си пегла сам, макар што сфативме дека тоа е изгубено време, ионака пак се ќе се изгужва кога ќе седнеш, а и ако внимателно ги здиплиш, има проџа [sm=jezicek.gif] Долна облека сушиме дома на сушалка, и не гледам зошто да ги пеглам, а чорапи, крпи и слично - не ми паѓа на памет! [sm=smiley1.gif]
|
|
|
|