|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Детската креативност и фантазија
20.1.2012 12:57:51   
Felly RR
Креативноста е најслободна форма на самоизразување. Ништо не ги задоволува и исполнува деца повеќе, отколку да бидат во можност да се изразат отворено и без осудување. Способноста да се биде креативен, да се создаде нешто од личните чувства и искуства, може да се одрази врз емоционалното здравје на децата и истото да го негува. Искуствата што деца ги имаат за време на првите години на животот може значително да го подобрат развојот на нивната креативност.
На децата им се потребни многу можности за креативна игра и креативно размислување. Еден од најважните видови на креативна активност за малите деца е креативна игра. Креативната игра се изразува кога децата ги користат познатите материјали на нов или необичен начин, или кога децата се вклучуваат во играње улоги и игри кои бараат вклучување на фантазија.  



_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Детската креативност и фантазија
20.1.2012 13:02:06   
Felly RR
Дали вие со вашите дечиња играте вакви игри во кои тие можат да ја искажат (и да ја развиваат) својата креативност. На пример - играње улоги: во продавница, на лекар, гости user posted image или пак поголемките дечиња сигурно обожаваат да цртаат, да бојат или пак да играат со глина/пластелин...
Што од ова играте со вашите дечиња, и колку се тие креативни?
Како се трудите да ја поттикнете нивната креативност?


_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Детската креативност и фантазија
20.1.2012 13:13:30   
Pepelaska *
Ние имаме скоро 17 месеци и веќе покажуваме интерес за цртање , видел некого со пенкало и лист и сега сам зема и вика Матин , демек да пишуваме Мартин, после тој го зема пенкалото и чкрта по листот, не му бранам ништо нека си црта по негово , исто и имаме едни како тутурки од конци на машина и со нив многу игра и си прави некои си фигури , кула вика (куа) демек голема била.
Според мене за да ја развиеме креативноста на децата треба и доста време да поминуваме со нив.

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Детската креативност и фантазија
20.1.2012 15:29:42   
JovanaJ
Definitivno se soglasuvam deka treba da se pominuva vreme so decata za da se razvie sto poveke kreativnosta i fantazijata. Iako za zal, rabotnite obvski ne dozvoluvaat mnogu ama sekogas koga mozam igrame zeaedno, crtame, citame...user posted image

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Детската креативност и фантазија
21.1.2012 1:25:25   
mami2
За поттик на креативните вештини користиме стандардно: дрвени, мрсни, водени бои, фломастери, тапи ножички за сецкање на списанија и колажи, печати, пластелин и тесто за обликување, боенки пиши-бриши....
Некогаш им давам макарони за нижење.
Ама мислам дека фантазијата најмногу ја изразуваат преку редење на коцки. Имаат неколку комплети, нон стоп редат а ние се чудиме каде се направените бродови, пиштоли,...бидејќи креациите баш и не личат на именуваните предмети. Тие пак и цели приказни верглаат....а да, и најмногу се р`чкаат за една од двестоте коцки по дома.
А за играње улоги, главна глумица сум по дома, играм пациент, дете кое не сака да оди во градинка, комшика за кафе, мајстор, гладно дете, пумпаш на бензиска, итн....
Речиси се и со се дозволувам да играат за да имаат можност да ги развијат потенцијалите, освен на компјутер, мали се а и да не ми го зафатат, еден ни е

(Одговор на членот JovanaJ)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Детската креативност и фантазија
21.1.2012 10:34:41   
Felly RR
И ние сакаме да чкрткаме со дрвени боички, ама уште ништо конкретно и препознатливо не сме нацртале. user posted image user posted image user posted image
А за играње улоги, еве што играме ние: земаме едни сликички -тие ни е пари, и одиме во продавница кај мечињата на обиколката од креветчето. Понекогаш па тоа е кафана - ова не знам од кај го слушнала, ние ни во кафич не сме биле, а не па во кафана user posted image user posted image user posted image user posted image
Друго, дека сега одевме на инхалации, го зема бебето, па му прави диши, диши, па грлото, па после со капаче од шише му прави инхалација.
Овие најчесто ги играме.
Исто коцки редиме, ама до сега само куќи правиме, и елка.

А може тука да поставуваме и слики од некои работи што ги направиле нашите дечиња: цртежи, фигури од коцки, од пластелин....


_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот mami2)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Детската креативност и фантазија
23.1.2012 18:45:01   
Maca25
Нина е доста креативна. Али има и на когоuser posted image Може по цел ден да црта, да прави фигури од пластелин, да лепи пластелин како колаж на боенка.
Во последно време замислува само некои шуми, некои чудовишта, измислува приказни како ја бркале чудовишатата, она ги натепала со стапче и тие избегале и сите пријатели од шумата ги спасила.
Имаме едно стотина фигури од киндер јајца и со нив многу сака да си игра. Си ги реди и си прави зоолошка градина.


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Детската креативност и фантазија
17.8.2012 15:03:19   
AnnaMolly RR
Филип почна да раскажува приказни сам што си ги измислува. Ептен се занесува во зборувањето, прави фаци, прекрстува раце, глуми...

Пред некој ден многу ме изненади. Бевме кај моите, со сестра ми пиевме кафе. Доаѓа Филип и вика „Да ви кажам нешто. Вчера одев на работа и го сретнав Ноди. И ме праша каде ќе одам. Ме гушна. После дојде едно куче и го галев, па си отиде“.
Луѓе, буквално од збор до збор ми го кажа ова. Ние се утепавме од смеење, си раскажа човекот цела приказна.

А еве почнува и креативноста да ја развива. На пример, од коцки си прави сам авиони, куќи, коли... Си прави кревет од коцки за играчките, ги легнува, па ги покрива со сликовници user posted image

Дајте некоја интересна игра што би можеле да ја играме, некоја едукативна и креативна сликовница/играчка...
Има 2 години и 2 месеци.

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Детската креативност и фантазија
18.8.2012 16:20:25   
Pepelaska *
Побарајна нет има многу идеиии,

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Детската креативност и фантазија
19.8.2012 8:40:40   
mila mama
Ова со правење кревети за играчките и куклите и ние го правиме, ги покрива со ќебенце обично ама и со сликовнициuser posted image
дури зема перниче и ги нишка играчките во рака да спијат и им пее нани наниuser posted image и ниш нишuser posted image А за цртање и креативност еве и ѕидовите веќе ќе прозборат, сите ѕидови се исшкртаниuser posted image

_____________________________

Razbirlivo e deteto da se plasi od temninata...
No, ne e razbirlivo vozrasen da se plasi od svetlinata.

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Детската креативност и фантазија
19.8.2012 9:05:29   
Snowhite RR
И Михаил многу се интересира за креативни игри, така да ги наречам, реди коцки, слагалици, имаме едни со букви бројки, ако ги знаете, слагалица, буквите и бројките се вадат и пак се местат и една со друга се спојуваат, е со нив последно време многу игра, вчера кога си дојдов од работа, гледам од нив со баба му правеле како тањирчина т.е. како коцки ги наредиле, а внатре па ставиле по една коцка од една друга сложувалка и ги зеде лајчината и не честеше со сладолед.(сладолед тоа било, разбира'ш) Исто така многу сака да игра и со камионите ги товари со коцки, со животни и ги вози, друг пат ќе земе торба и оди на пазар да пазари, па му чита сликовници на мечината.
Не знам дали е уште мал да му купам пластелин и форми за правењеuser posted image

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот mila mama)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Детската креативност и фантазија
19.8.2012 9:11:42   
mila mama
Е. во градинка играат и со пластелин а помали се од М. ама пластелинот е од оној неотровниот само со сол и со брашно што се прави. Она обожава да игра со пластелин и да прави месо user posted image , адо-сладолед и торта user posted image

_____________________________

Razbirlivo e deteto da se plasi od temninata...
No, ne e razbirlivo vozrasen da se plasi od svetlinata.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Детската креативност и фантазија
19.8.2012 9:22:39   
Maca25
Н. иако е големка веќе, ама многу дака со коцки да си игра. Само прави некои форми, само измислува нешто ново. Може цел ден со коцки да си игра. И со пластелин сака, ама не сме купиле одамна.user posted image

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот mila mama)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Детската креативност и фантазија
19.8.2012 10:17:57   
niki
Se pogore pobrojano igrame ili pravime.
Igrame i edna igra sto nikoj ne ja spomena, a site ja zname i moze da se igra od najmala vozrast. Ne bara nikakva prethodna podgotovka, nikakvi rekviziti a ja razviva fantazijata, pottiknuva na improviziranje, glumenje, vklucuva fizicka aktivnost i znae da bide prilicno smesna, i moze da se igra bilo kade.
Pantomima
Najcesto kerka mi imitira sama smisluva sto (zivotni, predmeti, luge, rastenija) a jas pogoduvam i se trudam da ja teram da mi dade sto poveke informacii so govor na teloto kako bi prepoznala sto mi pokazuva. Sekogas iznaoga novi i novi poimi koi gi vmetnuva vo igrava i mnogu cesto me iznenaduva kolku verodostojno prepoznala nekoi osobini na nekoi zivotni luge rastenija so cel da mi go otezne pogoduvanjeto.
Probajte zabavno e i za vozrasni i za deca.

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Детската креативност и фантазија
19.8.2012 11:01:46   
arh_diz
Sin mi obozava da si gi sreduva igrackite ama kako toj saka a ne kako jas sakam.I koga ke gi sredi me vika da vidam kako gi namestil.Od kocki pravi kuka, avion i nekoi negovi izmisleni rabotiuser posted image

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Детската креативност и фантазија
19.8.2012 11:36:32   
Maca25

ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

Se pogore pobrojano igrame ili pravime.
Igrame i edna igra sto nikoj ne ja spomena, a site ja zname i moze da se igra od najmala vozrast. Ne bara nikakva prethodna podgotovka, nikakvi rekviziti a ja razviva fantazijata, pottiknuva na improviziranje, glumenje, vklucuva fizicka aktivnost i znae da bide prilicno smesna, i moze da se igra bilo kade.
Pantomima
Najcesto kerka mi imitira sama smisluva sto (zivotni, predmeti, luge, rastenija) a jas pogoduvam i se trudam da ja teram da mi dade sto poveke informacii so govor na teloto kako bi prepoznala sto mi pokazuva. Sekogas iznaoga novi i novi poimi koi gi vmetnuva vo igrava i mnogu cesto me iznenaduva kolku verodostojno prepoznala nekoi osobini na nekoi zivotni luge rastenija so cel da mi go otezne pogoduvanjeto.
Probajte zabavno e i za vozrasni i za deca.

фала ники што ме потсети на пантомима. user posted image

Н. многу сака да крие предмети или да ги држи зад себе, а ние да погодуваме што има. ние ја тераме да ни објасни нештото какво е, која боја, што се прави со него, ама најчесто многу брзо ни издава што е тоа што го држи/крие. user posted image user posted image user posted image
Сака и да си играме пожарникари, замислуваме ситуација (од книгата која ја читаме моментално) и трчаме низ дома и гасиме пожари. Н. е опремена со пожарникарска капа и коњ, а јас имам кацига за на точак user posted image

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Детската креативност и фантазија
19.8.2012 11:57:18   
niki
I nie igrame ova, predmetite gi krieme vo kutija za konduri
a za da ne izdavaat im pravis film deka e mnogu tesko demek i sto poveke promasuvas pa se tufkas, pa na kraj vikas lele mama poim nema, tolku e ocigledno a tolku tesko, nikogas ne bi pogodila i toa im e predizvik da se trudat poveke da te nadmudratuser posted image
a tek na bukva na bukva, demek zamisluvam na bukva S i taa ke mi redi zborovi sto pocnuvaat na S koga ke pocne da tufka deka bilo mmnogu tesko jas i vikam pogodi bravo pa taa zamisluva na nekoja bukva a jas i redam nekoi teski zborovi sto znam deka ne bi gi zamislila i posle 5-10 zbora pogagam i taka manipuliranje do daska vazno vezbame izgovor i ucime po nekoj nov zbor

sega mi teknauser posted image koga bese pomala na bukva na bukva i taa ke kaze KO -kompjuter, na bukva SLI - slika, na bukva TE- televizor, toa dodeka ne razlikuvase bukva i sloguser posted image

< Поракaта ја уредил niki -- 19.8.2012 12:02:40 >


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Детската креативност и фантазија
21.8.2012 9:19:50   
vezilka RR
Никола многу сака да игра со коцки ама овие регуларниве сеуште не може убаво да ги прикачи и се нервира. Најдов едно со магнет, тие многу полесно се прилепуваат и лом прави со нив. Моментално прави базени и кочии user posted image . Многу ме изненади со една сложувалка која ја добивме на полкон. Јас мислев дека е мал за тоа и сакав да ја тргнам, кога тој се заигра, ептен го заинтересира. Секако не може сам да ја намести, погодува едно, две од делчињата, другото јас го местам, ама битно ја перцепира, и ја игра што е многу битно оти периодов од играчки, освен ако е топка, друго не перцепираме..

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Детската креативност и фантазија
21.8.2012 9:29:28   
Mihaela 2010
Uste koga imase 18 meseci i kupivme tabla,pogolema,pisi brisi,pa ne stanuvase od stolceto,po celi denovi pisuvase i brisese,za citanje knigi e prva,prvo stanuvanje i e mamo/tato citaj mi...sega najnovo si zema sama kniga i sednuva si ja raskazuva..
Boi so drveni boicki ,si igrame so plastelin...sega vo posledno vreme ja imam zateknato kako mi raskazuva nekoi izmisleni raboti,vlezena e celata u film,mu vikam na mm lele detevo pocna da laze...a on mi vika abe ne laze neli gledas deka fantazira,i se razviva taka fantazijata,si izmisluva nekoi raboti...

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Детската креативност и фантазија
22.8.2012 22:21:36   
Felly RR
М вчера зеде шишиња пластични, и ги нареди во круг, вика ова ми е куќа. Па ме канеше и мене „Повели, влези“ па трга две шишиња, демек ми отвора врата. А инаку има од оние куќичките што се, ама оваа замисленава поинтересна испадна.user posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Детската креативност и фантазија
24.8.2012 13:49:01   
Pepelaska *
И М. некогаш си измислува некои работи, најмногу игра со количиња и вози , вика ајдеее вози вози стигнавме кај бебето ( или кај некој друг), па радио пушта во колите внатре, вари кафе во едни тацничиња, си игра и со мечиња им пее ги заспива ,

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Детската креативност и фантазија
25.8.2012 14:10:06   
Maca25
Еве како Нина не гледа!
user posted image

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Детската креативност и фантазија
9.10.2012 14:53:33   
AnnaMolly RR
Во последно време се повеќе му работи мозочето и фантазијата.
Сега најнов хит му е да пее измислени песни. Зема синтисајзерот (уште го вика тигараuser posted image ) зема микрофон и свири и пее.
Пее за се што гледа околу него. За мама, тато, за Куба (кучето), за лепче и грашаче вчера пееше user posted image . И тоа поврзани работи си пее. Еве за грашачето вчера: Не сакам да јадам грашаче, не сакам да јадам лепче. Мамо, дај и го на Куба нека јаде, да не лае. user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Детската креативност и фантазија
9.10.2012 16:14:27   
vezilka RR
Првиот изложен цртеж на Никола во градинка user posted image

user posted image

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Детската креативност и фантазија
9.10.2012 16:20:28   
Maca25
везилка, на која тема е цртржов?
многу ми се интересни кога ќе им речаѕт учителките да цртаат на некоја тема и гледаш дека исто нацртале како минатиот пат...шкртки пртки еден куп (ко што вика Нина) user posted image

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?