blue_blue -> RE: Во која болница се породивте? (27.8.2010 11:00:09)
|
Мамичка 32, јас се породив во Ремедика пред две години. Бев со царски, 6 вечери во двокреветна соба. Целата сметка беше 1700 евра, се породив со сипинална анестезија, не со целосна. Јас сум супер задоволна од нив. Можеби дека цело време одев таму (цела бременост ми ја водеше Др Петановски) и дека он е супер доктор. Хигиента е на ниво, децата ептен убаво ги гледаа (јас бев одма до собата со бебиња па си влегував таму да си ги видам бебињава што ми прават), љубезни беа и помагаа, ме научија со многу упорност да дојам (имав вовлечени брадавици и млекото дојде дури после 3 дена од породувањето). Е сега, главната сестра е малку безобразна и неотесана, ама не треба да и обрнуваш многу внимание (дојде еден ден ме праша за доење, и кажав, она ми ги притисна толку силно градите што ќе умрев од болка и после дијагностицираше дека со вакви брадавици мене ми треба дете од 4-5 кг за да го извлече млекото, а моите деца биле мали - значи да сум се откажела од доење оти они не можеле нормално да влечат, а не па со вештачка брадавица - колку за информација јас 9 месеци ги доев со вештачка брадавица). Другите се фини, некоја повеќе некоја помалку, ама секогаш доаѓаат и ти помагаат. Од дома ништо не треба да носиш за во болница, се имаш таму. Инаку никакви посебни испитувања не правев во последните недели, освен редовното ехо. Редовно на секои 4 недели одев на преглед на ехо, а кога влегов во 37 недела одев на ЦТГ секој ден (некогаш и два пати). Тоа не го наплаќаа. Редовен преглед колку што се сеќавам беше 1300 денари. Земање брисеви беше околу 5000 (ПАП тест и останатите за каламидија, итд..) За цените можеш да се јавиш на нивниот број (во пп) и ќе ти кажат колку е болнички ден, колку е продувањето, па ќе си имаш идеја отприлика колку ќе те чини.
|
|
|
|