Calypso -> RE: Во која болница се породивте? (14.4.2011 12:42:02)
|
Што знам, јас се породив во ГАК, и пак би отишла таму, бидејќи персоналот беше навистина супер (освен некои од сестрите). Но во глобала, задоволна сум, посебно од докторот што ме породуваше, како и од педијатарот неонатолог што беше вечерта на породувањето. Сестрите на интензивна нега исто беа супер, а сестрите на одделение така-така, ама не беше ништо страшно. Сепак, да не се лажеме, во приватниве болници нема толку ИСКУСТВО како што имаат во ГАК или Чаир - сепак најголем дел од породувањата се извршуваат токму таму. И од друга страна, во приватниве клиники ако нешто не дај Боже појде наопаку при породувањето или нешто не е во ред со бебето, го носат во Државна, а најчесто и мајката. Па тогаш, зошто се плаќа толку многу?
|
|
|
|