RE: Во која болница се породивте? (Целосна верзија)

Форум >> [Бременост] >> Породилиште



Порака


sladjana ms -> RE: Во која болница се породивте? (24.3.2012 10:08:27)

Apsolutno se slozuvam so Temjana.Jas se porodiv vo starata GAK i tocno uslovite ne bea bas najdobri megutoa tretmanot od strana na doktorite si bese super.Jas bidejki tamu pravev inseminacija istiot dr. mi ja sledese bremenosta i me porodi i toj se zalagase za mene kako da sum mu rodena sestra.Znaci da napomenam bez nikakva vrska,bez nikakvo mito i bez da platam eden denar za poragajot.Taka da ne e se crno na Gak kako sto se kazuva tuku naprotiv ima i pozitivni strani, a za privatnoto znaeme treba mnogu kes.Sekoj spored moznostite si ima pravo na svoj izbor,a jas si go kazav svoeto iskustvo.Pozz




Cipi Ripi -> RE: Во која болница се породивте? (24.3.2012 12:13:49)

Gledam se razvila debata tuka. [sm=smiley1.gif]Veke imam kazano na forumov deka i jas sum edna od tie sto bile nekolku pati na pregled vo novata GAK i stvarno za 150 denari bev mnogu ubavo istretirana, mi vrsea pregled od 1 cas, a na privatno koga bev gledaa sto poveke da platam a pomalku rabota so mene da si imaat. Pa trgnuvajki od taa pricina sakam i da se poragam tamu, no da bidam iskrena pocnuvame da barame vrski, ne za drugo tuku za sekoj slucaj (sto bi se reklo na naski)




Cipi Ripi -> RE: Во која болница се породивте? (24.3.2012 12:20:47)

Isto taka mislam deka se ti e srekja so site nasi bolnici. Jas vo 16 nedela bev hospitalizirana vo Cair poradi krvarenje, i od tamu imam pregolem strav sega, nikoj ne se grizese za mene, primav infuzija 5dena, lezev taka ostavena sama na sebe i na zenite sto lezea do mene, da ne bea tie ne znam kako ke pominev, no od druga strana tie tolku mnogu mi smetaa bidejki i tie vikaa posto bea pred poraganje a i na niv nikoj ne im obrnuvase vnimanie. Taa do mene sto lezese 4 dena vikase, posle 4 den ja napravija carski. Jas seuste ne mozam da go zaboravam toj sok, se iznagledav krvovi, vodenjaci kako prskaat, i zgora na se od mene se cekase da go pobacam bebeto.




Ikana -> RE: Во која болница се породивте? (24.3.2012 17:31:50)

Мене ме породи Ливринова, одлична е! За случаи ко мојот е измислена. Велат има најдобро око за аномалии на плодот и воопшто за на ехо. И во право се. Ме породи со царски рез, во старата ГАК.

ИЗВОРНА ПОРАКА: Hunny

Се согласувам со Темјана. Јас приватно бев само на 4д во Систина и за моето искуство веќе пишував, воопшто не сум задоволна. Ги интересираше само дали ќе закажам уште еден преглед. Една недела по прегледот прокрварев, поради ниска постелка, која во Систина никој не ја забележа. После бев неколку пати во ГАК кај д-р Ливринова и за 150 денари добив супер услуга, бев третирана како човек, а не извор на пари, а апаратурата беше скрос нова. Мислам дека треба да пишуваме за нашите искуства, а не рекла казала муабети, затоа што создаваме непотребна паника кај оние, меѓу кои сум и јас, што чекаат да се породат.





miana -> RE: Во која болница се породивте? (24.3.2012 18:28:05)

jas posle infekcijata sto ja zakaciv na GAK i edvaj ja izlecij i zaradi losata epizootomija ( so los konec od koja i denes imam posledici ) veke ne sakam da cujam za GAK..Mu rekov na mm ako saka da mu rodam treto dete neka mi sobere pari za na privatno...Za personalot i ne zboram mnogu zosto i nema veke personal na GAK..Tapa e ,nema koj dete da ti presoblece,..A od doktorite ima uste po nekoj dobar ostanat ama neznam do koga.




Viktori -> RE: Во која болница се породивте? (25.3.2012 14:23:03)

Сите офтопици од темава ќе бидат избришани!
Темава еднаш беше заклучена, ќе се заклучи пак. Не е приватна вс државна.




Viktori -> RE: Во која болница се породивте? (27.3.2012 22:46:29)

Лиличка, од темава избришав преку 20 мислења. Не иди офтопик, нема да бришам. Што не е јасно не знам.
Имате опција да отворите нова тема, отварајте. И овој офтопик ќе ти го избришам. Мислам сигурно знаеш дека е офтопик, ама нели пак ќе си се пожалиш.




eni -> RE: Во која болница се породивте? (28.3.2012 23:13:57)

Dali nekoj sto se poragal vo privatnive kliniki, moze da mi dade informacija, Dali doktorot na poragaj si go biras sam, ili koj e toj den na smena? konkretno me interesira za Remedika i dr. Elena Petrova, posto kaj nea gi pravam site kontroli do sega, pa dali treba nesto da se doplati za taa da mi bide na poragaj?




Junona -> RE: Во која болница се породивте? (6.4.2012 10:15:49)

Некоја да сподели искуство со Др.Даниела Јованова од ГАК,некоја која имала закажано породување со неа?




Andriance -> RE: Во која болница се породивте? (6.4.2012 21:44:29)

ИЗВОРНА ПОРАКА: eni

Dali nekoj sto se poragal vo privatnive kliniki, moze da mi dade informacija, Dali doktorot na poragaj si go biras sam, ili koj e toj den na smena? konkretno me interesira za Remedika i dr. Elena Petrova, posto kaj nea gi pravam site kontroli do sega, pa dali treba nesto da se doplati za taa da mi bide na poragaj?


Mozes be srce... site pregledi i ispituvanja ti se besplatni vo 9-ti mesec...ne treba nisto da doplakjas i normalno deka ona kje te poragja...ja taka si bev kaj Efremovski..vo 18h mu zavrshi smena, si otide doma ( a ja primena od 7h sabajle) i rece stom bidam spremna za poragjaj se vraka...ete ti go za 2 saati nazad...taka da..uzivaj




Hunny -> RE: Во која болница се породивте? (16.4.2012 21:21:54)

Ципи Рипи, ме праша за Гак на др. тема па да ти одговорам. Хигиената беше на завидно ниво, собата со два кревети и купатило кое нон стоп го чистеа. Е сега креветите ,барем мојот беше стар и крцкаше, но на др. жена креветот и беше нов. Во тие моменти тоа и не го забележуваш. Во однос на персоналот имаше секакви , но во принцип беа добри. Не знам дали со сите е така, но јас додека се пораѓав имаше многу персонал околу мене, од сестри, доктор, анестезиолог, а повторувам немав врски. Единствено што не ми се допадна е што никој не ми објасни околу доењето,па фатив мастит, но и тоа помина. Немаше доволно сестри ради празниците, инаку верувам дека и тоа го објаснуваат. Бубашваби не видов, се беше чисто. Само бебушите, барем моето седеше само во 1 облека, не го пресоблекоа и ми го дадоа цел ден и цела ноќ со мене, а јас без искуство, тоа плаче, гладно, млеко уште немав и можеш да замислиш како се чувствував. Неверојатно е колку жената станува посилна кога ќе стане мајка. Поздрав и со лесно. Не се оптеретувај што како ќе биде зашто тоа е само 1 момент и 1 совет :кога ќе те фатат болките труди се да не викаш зошто така ја губиш силата. Слушај што ти зборува д-рот и се ќе биде во ред.




Debora -> RE: Во која болница се породивте? (17.4.2012 13:54:33)

Hunny, dozvoluvaat poseta?




temjana -> RE: Во која болница се породивте? (17.4.2012 14:32:43)

Ме интересира колкави се шансите да се добие епидурална доколку немаш врски[sm=zmeden.gif] зборувам за во гак или пак чаир. Зборував со неколку другарки сите со епидурална породени и ми рекоа дека на тој што ја измислил господ рацете да му ги позлати[sm=smiley36.gif]




Mihaela 2010 -> RE: Во која болница се породивте? (17.4.2012 14:35:22)

jas kolku sto znam epiduralna sekoj moze da si pobara i mislam deka se plakja okolu 100 evra...moze i greska da sum




Luci -> RE: Во која болница се породивте? (17.4.2012 14:41:47)

Малце офтопик ама за во Чаир мислам никакви[sm=zmeden.gif] Имаш време, не се замарај уште сега со анестезии. Јас уште откако дознав дека сум бремена цело време само за тоа читав и бев решена дека со епидурална ќе раѓам ама кога дојде моментот заборавив на анестезии и на све [sm=smiley1.gif]Врската ме потсети и го консултираше д-рот дали да ми стави ама јас бев готова да родам веќе па затоа и д-р рече дека неа никаква потреба од тоа. И подобро што не ми ставија, зашто колку има позитивни критики толку има и негативни за анестезиите




Junona -> RE: Во која болница се породивте? (17.4.2012 16:21:17)

Aко немаш врски,нема епидурал,ни на ГАК




Natuska85 -> RE: Во која болница се породивте? (17.4.2012 16:28:58)


ИЗВОРНА ПОРАКА: temjana RR

Ме интересира колкави се шансите да се добие епидурална доколку немаш врски[sm=zmeden.gif] зборувам за во гак или пак чаир. Зборував со неколку другарки сите со епидурална породени и ми рекоа дека на тој што ја измислил господ рацете да му ги позлати[sm=smiley36.gif]


Нема епидурална во ГАК без врски,ова од лично искуство(незнам дали смејли што се клешти или што плаче да ставам тука)[sm=smiley13.gif]




Cipi Ripi -> RE: Во која болница се породивте? (17.4.2012 17:33:25)

Fala za informaciite Hunny, se nadevam nabrzo ke se zapoznaeme, uste da se porodime jas i debora[sm=smiley1.gif]
Kazi mi dali ti baraa li tetra peleni vo bolnica?




Hunny -> RE: Во која болница се породивте? (17.4.2012 18:14:14)

Дебора, посета им дозволија само на некои со јаки врски. Може само во ходник да ти подадат нешто, но мене искрено не ми беше пријатно да шетам така цела крвава. Храна од надвор не дозволуваат, само течности. Ципи Рипи не ти требаат ни тетра ни шведски. Само памперс и влажни марамици. Тие само 1 пелена ми земаа, после си го пресоблекував сама.




babyblue -> RE: Во која болница се породивте? (19.4.2012 14:33:04)

jas se porodiv vo cair. najprvo planirav da se porodam vo sistina zosto tamu mi ja vodea bremenosta, no poragaj so carski rez cinese 116000 den. gi imavme parite no gi potrosivme na maticni kletki koi gi socuvavme vo cryo save. e sega Cair bese relativno cisto, vidov samo edna buba svaba i toa denta koga me pustija. sovet do site sto sakaat da se poragaat vo Cair, zemete si apartman, veruvajte, ne vi treba nikoj tie 3 dena. cini samo 1500 den od den i ne rizikuvate da vi se padne nekoja horor cimerka koja se dere na mobilen do 2 nautro i vi go budi bebeto a ne razbira makedonski koga i kazuvate da zakuti.




mmbucko -> RE: Во која болница се породивте? (25.4.2012 22:36:03)

Со првото природно (пред 10 год) во ГАК. Хорор невиден, дома си го донесов детето со стафилодермија (бактериска инфекција на кожата) од бубашвабите и пелените кои смрдеа на ужегнат јекодерм, со последици од епизотомијата кои ми ги санираа дури со второто породување. Само да напоменам дека се порѓав демек со врски. Однос на персоналот очаен особено на др. која ме породуваше. Мислам Даниела се викаше. Второто го родив во стара Систина (пред 5 год). Ауууууу разлика. За време на породувањето наместо да ти се дерат зошто си ги искапала плочките од водењакот кој ти истекува, менуваа чаршафи да не претерам на секои 10 мин. Одлично водено породување. По породувањето хируршки ми ја корегираа нестручно зашиената епизотомија од првото породување од која имав страшни проблеми.
Сега го чекаме нашето 3 дете и некако уплав имам од клиника. Во меѓувреме многу работи се изменија и во Систина и навистина незнам каде да се породам. Оно најважно е со Божји благослов да се породи човек па и дома но сепак......




Andriance -> RE: Во која болница се породивте? (26.4.2012 1:19:16)


ИЗВОРНА ПОРАКА: babyblue

jas se porodiv vo cair. najprvo planirav da se porodam vo sistina zosto tamu mi ja vodea bremenosta, no poragaj so carski rez cinese 116000 den. gi imavme parite no gi potrosivme na maticni kletki koi gi socuvavme vo cryo save. e sega Cair bese relativno cisto, vidov samo edna buba svaba i toa denta koga me pustija. sovet do site sto sakaat da se poragaat vo Cair, zemete si apartman, veruvajte, ne vi treba nikoj tie 3 dena. cini samo 1500 den od den i ne rizikuvate da vi se padne nekoja horor cimerka koja se dere na mobilen do 2 nautro i vi go budi bebeto a ne razbira makedonski koga i kazuvate da zakuti.


cisto kako info...sega cenite se poeftini isto kako remedika i lazar...




Popce -> RE: Во која болница се породивте? (26.4.2012 8:43:22)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Junona

Некоја да сподели искуство со Др.Даниела Јованова од ГАК,некоја која имала закажано породување со неа?

Jas nemav zakazano kaj nea (ne znam sto tocno toa znaci) no ona me porodi so vtoroto bebe (vo starata GAK).
Doktorrkata e ZAKON! Dozivotno ke i bidam blagodarna. Mojot vpecatok e deka mnogu e strucna i site ja pocituvaat. Ima avtoritet kaj personalot i znae kako da gi smiri pacientkite.
Isto i moja poznanicka ja ima porodeno i ona sega ceka vtoro i pak ke ja bara za porogjaj.

Znaci ja preporacuvam od se srce!!!




topce -> RE: Во која болница се породивте? (26.4.2012 9:22:38)

ИЗВОРНА ПОРАКА: mmbucko

Во меѓувреме многу работи се изменија и во Систина и навистина незнам каде да се породам. Оно најважно е со Божји благослов да се породи човек па и дома но сепак......

јас со првото се породив во Систина и во план ни беше и со второто исто таму да се породам па ако може да пишете што тоа се сменило освен цените. дали нешто друго е во прашање? благодарам




Dimana -> RE: Во која болница се породивте? (26.4.2012 10:58:58)

Pozdrav mamicki ,moze malku glupo moevo prasanje ama ke pisam koj moze neka me informira.
Kolku vreme odnapred zakazuvate koj dr da ve porodi i dali prethodno treba da ja sledi vasata bremenost ili nema potreba ,za epiduralna moze da se zakaze ili samo so vrski .?
Jas sum 27 nedela moze e rano da razmisluvam za poragaj ama da se informiram so vreme.
Pozdrav




Страница: <<   < Претходна страница  31 32 [33] 34 35   Следна страница >   >>