Cher -> RE: Во која болница се породивте? (11.5.2012 15:47:56)
|
Се породив во Систина, пред 5 месеци, ептен природно, докторот ми задоцни и природно испукав, ни ме сецнаа,ни анестезија...дежурната докторка не се потруди да дојде кога почнаа болките, демек првородка 14-18 саати имала болки ми кажа на телефон, и кога дојде во 15 за 8, веднаш ме стави на бокс, немаше време за епидурална како што се договоривме, мојот доктор влета во 8, а во 8 и 15 се роди Сонцето на мама. Без оглед на се, по породувањето по природен пат штом се разбудив, се истуширав и исфенирав, немав никакви болки, само што раната што испукав ја негував уште 2 месеци по породувањето. Во Систина персоналот од сестри е ок, немав некоја голема потреба од нив бидејќи сама си станував, педијатриските сестри треба малку да ги натераш за да ти помогнат околу првото доење, докторите што се во визита не беа баш заинтересирани, хигиената си е на високо ниво, сопствено куатило и туш со топла вода,чистат после тебе во секунда... останавме 4 дена заради жолтица. Дома си донесовме и мала инфекција на окцето, ама со тобрекс ја излечивме, потоа окцето солзеше, ама со масажа го пробивме каналчето.
|
|
|
|