|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  2 3 [4] 5 6   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Во која болница се породивте?
30.10.2009 10:48:05   
mami
дада ремедика покачиле цени. Кумата беше пред некој ден и за ехо и рекле 1500 и тоа секој ат да си плаќа , а порано беше 1200 и тоа само првиот пат, ако се пораѓаш кај нив нормално, ама ете смениле...

(Одговор на членот Mila na mama)
Непосредна врска до пораките: 76
   RE: Во која болница се породивте?
30.10.2009 10:53:51   
mis.
Да ама во ремедика рефундиаат дел од парите така беше кај една моја комшивка.И вратија дел од парите само не знам колку точно и вратија.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 77
   RE: Во која болница се породивте?
30.10.2009 10:55:48   
mother 29
јас пишав погоре како е...не рефундираат ,туку се ослободени од 18% ддв.значи тое е разлика што ддв-то не го наплакат на сумата на болнички услуги!

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 78
   RE: Во која болница се породивте?
30.10.2009 10:59:03   
mis.
Фондот враќа дел од парите бидејќи склучиле некој догово со фондот за здраство а оваадо 18%ддв е друга работа

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 79
   RE: Во која болница се породивте?
30.10.2009 11:00:16   
profesorica
и да рефундираат пак е многу цената user posted image  

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 80
   RE: Во која болница се породивте?
30.10.2009 11:00:20   
mother 29
јас се породив во ре-медика ,па никакви пари не ми се вратени од фондотuser posted image

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 81
   RE: Во која болница се породивте?
30.10.2009 11:03:39   
mis.
На жената и беа вратени 40% од умата не знам за точен процент не ме фаќајте за збор но сигуно и беа ватени.Тоа беше во Јануари 2008 и ги ватија парите а таа се породи крај на декември 2007(тогаш и го склучија договорот со фондот)не знам може сега веќе не соработуваат со фондот но за тој период така беше.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 82
   RE: Во која болница се породивте?
30.10.2009 11:05:19   
Mila na mama
Фондот имаше договор со Ре медика и Систина до април-мај 2008 и сите што дотогаш се породиле приватно требаше да поднесат документи за рефундирање и им се враќаа 30 % од средставта. Но тој договор заврши и не се обнови бидејќи според Гацов ПР на ФЗО не им одговарал таков договор, многу пари им се одлевале.

_____________________________

love u all

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 83
   RE: Во која болница се породивте?
30.10.2009 11:05:22   
mis.
Знам дека жената кажуваше дека многумина не знаеле за ова.Ако ја видам ќе ја прашам колку и вратиле.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 84
   RE: Во која болница се породивте?
30.10.2009 11:05:36   
mother 29
јас се породив октомври 2007

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 85
   RE: Во која болница се породивте?
30.10.2009 11:09:15   
mis.
па изгледа не си била информирана како многумина прашај сега не знам дали имаш право сега да ти ги вратат.

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 86
   RE: Во која болница се породивте?
30.10.2009 11:18:10   
mother 29
ЈАС ЗНАМ ДЕКА ВАКОВ ДОГОВОР ИМАШЕ ЗА ИН-ВИТРОТО
а за приватно породување не!

единствено ги рефундираа парите за  инекцијата за негат.мајки!

< Поракaта ја уредил mother 29 -- 30.10.2009 11:19:48 >

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 87
   RE: Во која болница се породивте?
30.10.2009 11:20:27   
mis.
Па јас што ја знам жената беше за пораѓај и тоа царски а за инвито не знам.

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 88
   RE: Во која болница се породивте?
2.11.2009 13:56:42   
sestra
zdravo jas sum sestra od cair nekoi nesta nese napisani pravilno za bolnicava vo sporedba so drugite e najubavo personalot e prekrasen zavisi i od odnesuvanjeto na pacientite nekoi se premnogu opusteni sto se spremni na sekakvi navredi posebno za sestrite ,sekogas imas sestri za bebinja po zenite ucat na pravilno doenje i ne se ispisuva dete bez da faka da cica od majka se pomaga za odmolzuvanje na majkata bebinjata se banjat 2 pati sabajle i navecer se pravi toaleta na papce i se dohranuvat na sekoi 3 saati ako majkata nema mleko dovolno ili nekogas po potreba, a premnogu higiena nemoze da se bara vo nekoja stara bolnica nema razlika na pacienti site gi gledame na ist nacin tie sto ne znaat da bidat blagodarni na nasiot trud kaj i da idat takvi ke si bidat sekoj ima pravo da bira kaj ke ide mnogu od zenive sto se porodile vo drzavna so drugo dete bile kaj nas i bea premnogu zadovolni i nekoi sto bea po privatni bolnici istotaka dojdoa kaj nas, i taka imame dovolno pacienti nema den sto nema raganja a njaubavo novi bebinja zadovolstvo e da se raboti se niv,sepas sekoj si znae

(Одговор на членот mamicka)
Непосредна врска до пораките: 89
   RE: Во која болница се породивте?
2.11.2009 14:02:24   
mami
sekogas imas sestri za bebinja po zenite ucat na pravilno doenje i ne se ispisuva dete bez da faka da cica od majka se pomaga za odmolzuvanje na majkata


добредојде Сестра
но за ова морам да искоментирам
прво, на цел спрат имаше само една сестра, која од преку три соби требаше да ја викам за да дојде да види зошто ми повраќа бебето- како прворотка се извадив од памет,а она мртва ладна си пие кафе ими вика- сега ке дојдам,
друго- ги учат на правилно доење??на визита само од надвор ѕирнаа и прашаа- Мајко доиш? како се чувствуваш? те боли ли нешто? Од кај да знам јас што треба да чувствувам и што е нормално да ме боли а што не...
а за доењето ми покажа една од болничарките
трето- никој, ама баш никој не ми покажа како да се одмолзувам таму, ниту пак им покажа на некоја од мајките кои беа таму

Чаир е далеку подобро од Државна, се сложувам, но, треба и таму малку да се повнимава, особено на односот

(Одговор на членот sestra)
Непосредна врска до пораките: 90
   RE: Во која болница се породивте?
2.11.2009 15:46:27   
Весна
Поздрав сестра!
Баш ми е драго што се најде некој од вас, од персоналот, да ни се придружи на форумов и секако да ја претстави и другата страна. Ја знаеме онаа „сто људи-сто чуди“ па веројатно си една од оние посовесните што придонесуваат да дел од родилките излезат задоволни од болницата. Но, верувај дека навистина има жени со непотребно преживеани трауми кои им го уништиле најубавиот момент од животот (не мислејќи на хигиената). Не треба да мижиме пред фактите.
Ајде еве кај и да е, ви идам за едно месец и пол, па самата ќе ја дознам вистината на своја кожа.  user posted image
Дотогаш се надевам на побројни убави искуства од Чаир, па ајде еве и од државна.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 91
   RE: Во која болница се породивте?
2.11.2009 16:27:27   
nutelizza
ИЗВОРНА ПОРАКА: Mila na mama

Фондот имаше договор со Ре медика и Систина до април-мај 2008 и сите што дотогаш се породиле приватно требаше да поднесат документи за рефундирање и им се враќаа 30 % од средставта. Но тој договор заврши и не се обнови бидејќи според Гацов ПР на ФЗО не им одговарал таков договор, многу пари им се одлевале.



Ја се породив во ре-медика и платив 32 000 за нормално породување без епидурал и 50 Евра за секој ден.
Сега цените се прилично повисоки
Ова што го пишува Mila na mama имам исто искуство зашто пред 5 месеци кога побарав да ми ги рефундираат средствата ми кажаа дека договорот завршил во мај 2008 и се чека на негово обновување.
Еве може некој да праша дали е обновено и да не информира
Мотхер ти можеш сеуште да си ги земеш парите.



(Одговор на членот Mila na mama)
Непосредна врска до пораките: 92
   RE: Во која болница се породивте?
2.11.2009 16:53:12   
mis.
Сакам да го поздравам присуството на форумот на сестра која воедно мед.сестра во чаир ја разбирам на некој начин но и се согласувам со мами.За првото дете никој не дојде да ми покаже како се дои.Јас само му ја подадов градата на бебето но тоа ни да повлече кога да погледнам кај жената до мене што беше го гледам нејзиното цела брадавица во уста му беше и гледајќи ја неа како дои почнав и јас така па се допрашав до една сестра и таа ме намести.Бебињата ги бањаа но за жал просторијата каде се бањаа немаше парно и беше ужас ладно(првата соба на спрат каде имаше и два породилки кои се смрзнуваа)Сите бебиња киваа.А плус и што ми ја заборавија постелката и сама си дадов дијагноза после 15 дена иако пред да излезам од болница бев гледана на ехо.user posted image А ќе заборавев да го потврдам ставот на мами дека една сестра беше на спрат за сите бебиња што не е можно сите да успее да ги нарани,пресоблече и на сите да реагира.За среќа сите овие недостатоци со бебињата ги немаше кога бебињата не беа со мајките.Така беше кога јас се породив со првото што сметам дека е правилно.

(Одговор на членот nutelizza)
Непосредна врска до пораките: 93
   RE: Во која болница се породивте?
2.11.2009 20:00:05   
Sara
Јас имам убаво искуство покрај пораѓајот и за детските сестри исто.
Првите денови после царски рез ми го носеа на кратко бидејќи јас неможев ни да станам иако едвај чекав да го видам и да биде со мене, веќе наредниот ден ми покажаа како се дои - додека не фати бебето не си отиде сестрата од соба и ми го донесоа гладно - за да цица. Веќе наредниот ден кога ми надојде млеко убаво си фати но пак го дохрануваа за секој случај и веќе немаше проблем. Инаку секој ден па и по неколку пати доаѓаа сестрите и ме стискаа да видат дали имам млеко, не ми покажаа како да се одмолзувам ама по тоа како ме стискаа научив. Пред да си одам исто ме праша сестрата дали можам да станам да ми покаже како да го бањам и да се грижам за папчето и слично, и со судни маки отидов до другиот крај на ходникот и се ми покажа како да го бањам облекувам чистам папокот и дури водата да ја пипнам со рака колку да биде топла - затоа сум многу изненадена и воодушевена од целиот престој во болницата и односот на сите вработени.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 94
   RE: Во која болница се породивте?
12.11.2009 21:47:32   
Markoimama
Definitivno, samo edna sestra na sprat za bebinjata, so edna se ispokarav zasto vleze vo soba, gi nahrani drugite 4 bebinja i snema mleko i si izleze,moeto go ostavi i ja snema. Jas mislev otide po mleko i ke se vrati a taa ne se pojavi veke. Posle pola cas vikanje po nea(a ne mozev bas da stanuvam- imav ogromen hematom i strasni bolki od epiziotomijata) dojde i mi se razvika zasto ne sum i kazala deka treba da go nahrani moeto i rece- E sega ke cekas dodeka da dojde pak red za hranenje. E togas zbesnav i i kazav na doktorkata sto pomina vo hodnik i taa ja podbra pa dojde da go narani bebeto koe veke vristese od glad. Znaci ne pravev problemi sto nejkea da go zemat maloto ( bidejki jas ne mozev da stanuvam) i morav da mu jadam zeska supa nad glava (krevetceto mi bese daleku), ne se raspravav sto taa od prva smena ja molev a taa od treta mi nosese oblogi za hematomot, ne se raspravav sto morav da lezam vo prljavi carsavi(znaete kolku mozat da bidat prljavi) po celo denonokie- zasto ne smeele da davaat poveke od eden carsav na den, ne se raspravav sto gi nemase da pomognat koga vristea bebinjava a nie prvorotki ne znaeme sto im e i sto treba da pravime,ne se raspravav sto imav strasni bolki od ranata a nejke da mi dadat analgin, tuku trebase da go cekam maz mi da mi donese, ama da mi go ostavi gladno deteto i da ceka uste tri casa do sledno hranenje? Pa do kade moze da odi takviot bezobrazluk? Izvini Sestro, mozebi ti ne si takva i davas se od sebe, ama povekjeto tvoi koleski se krajno bezobrazni i neljubezni. Ne ocekuvam voda da mi nosat, ama kolku tolku plateni se za svojata rabota i treba da ja rabotat kolku sto mozat podobro. Nie ne sme im krivi sto imame bolki, sto placat bebinjata, sto treba da se nahranat i izbanjaat i ne sme krivi sto go barame toa od niv, zasto tie tamu se vrabotile i tamu se za toa. Ne znaci deka nie pacientite treba da ve maltretirame vas sestrite i dr vraboteni, no imame pravo da si go barame osnovnoto za koe ste plateni, a vie treba da go pravite toa kolku sto moze podobro i poljubezno.

(Одговор на членот Sara)
Непосредна врска до пораките: 95
   RE: Во која болница се породивте?
14.11.2009 16:18:31   
Sara
Абе ние да не не сме биле во иста болница? user posted image Јас бев на првиот спрат во првата соба, зарем ние имавме посебен третман?
Мене па ми ствараше малце нервоза тоа што кога ќе заплачеше бебето одма дотрчуваа сестрите зошто плаче итн, ко да не смее да заплаче, а и за хранење ќе дојдеа дали јадело, ааа не јадело 2-3 саати ( а ја неможам да го разбудам за жива глава) и ќе му дадеа храна со шприцот - и ја после пак се чудам зошто не цица. Дури на таа со мене не и го даваа бебето а она сирота сакаше со нејзе да биде - ова јас го кажувам во позитивен контекст, затоа што гледам дека се жалите во врска со ова . затоа ме чуди што пишувате тука како во друга болница да сме биле.

(Одговор на членот Markoimama)
Непосредна врска до пораките: 96
   RE: Во која болница се породивте?
14.11.2009 16:36:19   
lidijas
Jas se porodiv na GAK ,za strucnosta na doktorot i akuserkata se najubavo, no za toa kako se grizat za bebeto i majkata nemam zborovi STRASNO. Jas ne mozev da stanam 12 casa posle poroduvanjeto, imav tahikardija, jako krvarenje a sestra cekav 2 saati a doktor za majki nemase. Lina mi ja donesoa vo 5 sabajle. Nemav mleko pa gi molev sestrite da mu dadat da jade oti deteto vristese. Samo edna mlada sestra posledniot den doagase na 2 saati da donese mleko. Za higienata da ne zboruvam veke poznata bolka.Se na se edna golema katastrofa, a da bidam iskrena ne mi se odese vo privatna bolnica od strav bidejki sum GOOOLEM panicar.

(Одговор на членот Sara)
Непосредна врска до пораките: 97
   RE: Во која болница се породивте?
14.11.2009 19:32:38   
Markoimama
Ne znam sto da kazam, Stvarno loso pominav. Izgleda koj kakva sreka imal. Mene mi naoravija hematom, odn dozvolija da se napravi so toa sto me ostavija 40 min da cekam za sienje posle epiziotomijata. Mislam???!!!!! Kaj go ima toa, anete vo koja poza se lezi tamu, so vrzani noze, ne me ni pokrija, duri mi stana i ladno, pocna da mi pagja seker, mi se tresea racete i nozete i cekav 40 min da se vrati doktorot da me zakrpi. Nemav sili ni da vikam po niv. Po priroda ne sum panicar i skoro glas ne pustiv na poragjaj. Moze i zatoa ne go dobiv toa sto trebase i na vreme, zasto ne vikav i ne barav, pa drugi imaa prioritet user posted image

(Одговор на членот lidijas)
Непосредна врска до пораките: 98
   RE: Во која болница се породивте?
14.11.2009 23:28:48   
zami
Jas se porodiv vo Sistina pred pet godini.
Bev prezadovalna.
A otidov tamu bidejki tamu mi ja vodsea bremenosta (dr.Pancevski) i bidejki prokrvariv vo 35 nedela morav da lezam tamu, za da me porodat so carski prviot den vo devetiot mesec.
Znaci plativme nakaj 100.000 den, za carski so celosna anestezija i nekoj 12 dena(pred i potoa).
Za refundiraweto: tokas nemase nikakov dogovor, ama so sudni maki , milion pisma dokumenti i sl, ni vratija nekoi 30.000 den.
Odnosno pari vrakaat:
* najlesno e ako imate upat od maticen ginekolog koj ve praka da se porodite vo privatna bolnica.( so dobra pricina, bidejki toa e vsusnost zabraneto i moze da go kaznat doktorot koj go izdal)
* ako prikazete regulirano zdravstveno osiguruvawe za poslednite meseci,
* sumata sto ja vrakaat e ednakva na sumata koja bi ja platile vo drzavna bolnica ako nemate zdravsteno osiguruvawe.(ne e 30%)
* i ako prasate vo fondot sekko deka ke vi kazat deka ne vrakaat pari, ama priberete gi site dokumenti i pratete barawe, pa potoa zalba, pa pak zalba i na kraj bi trebalo nesto da vi vratat.

(Одговор на членот Markoimama)
Непосредна врска до пораките: 99
   RE: Во која болница се породивте?
14.11.2009 23:35:33   
Mila na mama
Зами можеш да праќаш документи и жалби колку сакаш ама рефундирањето заврши во мај 2008. Правилниците се променети, нема договор ФЗО - Приватни болници, а ниеден матичен не смее да ти издаде упат за во приватна болница зашто фондот ќе му го раскине договорот за соработка.
Можеш да си ја пробаш среќата пред Управен суд ама мислам дека не вреди ни тоа.

_____________________________

love u all

(Одговор на членот zami)
Непосредна врска до пораките: 100
Страница:   <<   < Претходна страница  2 3 [4] 5 6   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  2 3 [4] 5 6   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?