RE: Во која болница се породивте? (Целосна верзија)

Форум >> [Бременост] >> Породилиште



Порака


Мамичка85 -> RE: Во која болница се породивте? (10.11.2013 17:07:36)

Fala ti Sandriana na podrskata sigurna sum deka sekoe poroduvanje kaj sekoja zena e razlicno ama sepak mislam deka koga ke odis vo bolnica da ima bar nekoj sto se vika casa voda da ti dade ako zatreba a ne ti sama da se porodis duri vikas po sestrite ili nekoj doktor [sm=smiley36.gif] pozz i imaj ubava vecer [sm=smiley36.gif]




Bebuska na mama -> RE: Во која болница се породивте? (12.11.2013 10:57:15)

Zdravo na site [sm=smiley1.gif]
Bi sakala da Ve prasam dali ima nekoja iskustvo so d-r. Petreski na GAK, dali ima nekoja sto ja porodil ovoj doktor?




Annabel -> RE: Во која болница се породивте? (12.11.2013 14:59:07)

Ако мислиш на доктор Љупчо Петровски, мене ме пораѓаше два пати, не е многу муабетчија ама е одличен стручњак, бар такви коментари добив за него. Колку што знам, сега работи на патолошка.




Bebuska na mama -> RE: Во која болница се породивте? (12.11.2013 15:11:16)

[sm=smiley1.gif]
Da na nego mislev, fala mnogu na informacijata, a za muabet i ne mi treba mng da mi muabeti [sm=smiley36.gif]
samo sakam da si pominam polesno. Prasuvam zatoa sto imam mng golemi sansi da me poraga toj doktor kako i da e fala za tvoeto mislenje [sm=smiley1.gif]




Annabel -> RE: Во која болница се породивте? (13.11.2013 14:24:20)

Искрено, тој мене ми беше врска, цело време беше присутен и на двата пороѓаи, ништо не прави, освен епизиотомијата, но им дава инструкции на бабиците и контролира ситуација.

Самото негово присуство ме охрабруваше.

Со лесно [sm=smajl.gif]




Bebuska na mama -> RE: Во која болница се породивте? (14.11.2013 8:52:44)

Dovolno mi e i toa samo se da odi kako sto treba [sm=smiley1.gif]
Fala mnogu se nadevam deka ke mi bide so lesno poso sum si plaslivka ama toa e sekoj pominal ke pominam i jas [sm=smiley36.gif]




mimi 27 -> RE: Во која болница се породивте? (18.12.2013 2:00:18)

Јас се породив во болница Плодност во Битола , со царски рез, меѓутоа поминав преубаво немам на што да се пожалам. Прекрсен персонал, прекрасни услови за бебињата и мајките. Кога читам за во државна неможам да поверувам... На мм му кажав уште три ќе родам под услов да раѓам пак во Плодност. Презадоволна сум и ви препорачувам да се информирате бидејќи и цените им се примамливи и можи да си ги дозволи секој (за разлика од систина и ремедика).




JasminaAngela -> RE: Во која болница се породивте? (1.1.2014 19:57:36)

Pred tri god se porodiv so kerka mi vo Gradskata bolnica vo Bitola a uslovite ne bea bas za falenje togas od sestrite a za poragajot so doktor Ruse pominav super dali znae sega nekoja od vas dami kazi sega kako e bideki vo juli treba pak da se porodam [sm=zmeden.gif]




Martins mom -> RE: Во која болница се породивте? (1.1.2014 22:31:22)

Јасминаангела,условите во градската болница во Битола се многу полоши од пред 3 години,топла вода воопшто нема,а во некои соби и нема вода.Бебето не ми беше искапено воопшто,туку само подзабришано цели 3 дена.За персоналот не коментирам -ужас беа,такви и останаа.За првото пак ќе дојдеа да не ѕирнат дали сме живи,ќе дадеа некој зајадлив коментар,а сеа со второто не ни влезе некој во собата,скраја да е да те прашат како си.Русе ме породуваше и за двете...ама и тој некако старее ...Само Господ да не чува,на болницата да не чекаме




JasminaAngela -> RE: Во која болница се породивте? (7.1.2014 18:50:38)

Taka e vistina Gospod da ne cuva samo segame faka panika kako ke pominam vo Juli da imam uslovi bi otisla na nekoe drugo mesto ama nemozam. Ama toa e ke se tera nekako! Daj Boze da pominam vo red a za kapenje ili nesto dr ke se snajdam nekako.




tnade -> RE: Во која болница се породивте? (7.1.2014 20:44:25)

има ли некоја мамичка што сега брзо се породила во Чаир, јас таму се породив пред три години и бев презадоволна, како е сега да знам се ближи терминот?




Мамичка85 -> RE: Во која болница се породивте? (16.1.2014 12:55:56)

Tnade vaka ja se porodiv vo cair pred 10 dena imam preubavo iskustvo personalot e super imam zamerka samo za stariot del kaj sto me primija nemase svetlo vo wc ni topla voda ama otkoga se porodiv vo noviot del e super sekoja soba so tus i epten toplo [sm=duda.gif]non stop gi banjaat,presoblekuvaat i ranat se nadevam ti pomognav za bilo sto tuka sum [sm=smiley36.gif]




JasminaAngela -> RE: Во која болница се породивте? (1.2.2014 17:38:14)

A dali znae nekoja za doktor Ruse kako raboti sega bideki imase semeen problem? Jas se poroduvav so proto so nego i pominav mnogu dobro ama sega nekoj mi rece deka ne bil kako sto treba po nastanot




selvademar -> RE: Во која болница се породивте? (2.2.2014 21:54:50)

дали некој се има пораѓано кај др. Никола Панчевски во систина или има слушнато искуство од други, ме интересира засо царски пораѓај каков е докторот фалаа виии многу[sm=smiley36.gif]
гоци




Dilina -> RE: Во која болница се породивте? (19.6.2014 11:01:25)

Незнам дали ќе сум оф топик, ако сум ве молам преместете ме.
Дали некој се пораѓал скоро кај др. Кировски во Чаир. Треба кај него да се породам, ве молам за инфо ако некој се пораѓал или имал било какво искуство со него :)




fila -> RE: Во која болница се породивте? (19.6.2014 11:05:46)

Dilina jas se porodiv kaj Kirovski vo Cair i imam samo pofalni zborovi za nego pominav prekrasno se porodiv so provokacija i za dva casa se bese gotovo nema da zgresis za doktorot




Dilina -> RE: Во која болница се породивте? (19.6.2014 11:45:55)


ИЗВОРНА ПОРАКА: fila

Dilina jas se porodiv kaj Kirovski vo Cair i imam samo pofalni zborovi za nego pominav prekrasno se porodiv so provokacija i za dva casa se bese gotovo nema da zgresis za doktorot



Tи благодарам Фила, се надевам дека ќе биде се во ред, а се надевам и дека болницата е ок. До сега не сум слушнала мислење за него конкретно. А гинекологот но го препорача.




sandriana RR -> RE: Во која болница се породивте? (19.6.2014 13:51:55)

Кировски е професионалец во секој смисол - не зборува многу, но си ја тера работата. Особено го фалат за случаите за породување со цезареа.
Мене не ме породи, но ме прегледа и ми го направи приемот за породување, а и секој ден беше во визитата. И јас имам пофални зборови за него.




AnnaMolly RR -> RE: Во која болница се породивте? (19.6.2014 14:59:35)

Јас кога се породив во Чаир мојот гинеколог следното утро по породувањето замина на одмор, па Кировски цело време ми доаѓаше на визита и ме прегледуваше. И јас имам пофални зборови за него, навистина си ја знае работата.




Melanija RR -> RE: Во која болница се породивте? (19.6.2014 17:43:34)

Потврда [sm=smiley1.gif] лани во август во соба со мене беше жена што ја породи спонтано др.Кировски и беше задоволна.Па и 2 пати го затекнав на визита и баш беше ок ,убаво праша што какоси,што чуствуваш и сл.
Сигурно прочита за Чаир ,се е средено најмногу со 4 кревети се собите и со вц.

Незнам дали сум спомнала цезареа ми правеше др.Мендух Јегени (Чаир), задоволна пред и по тоа ,и како раната е средена,матка одлично заздравена.




Dilina -> RE: Во која болница се породивте? (19.6.2014 18:35:11)

Maмички ептен ви фала, читав ама не прочитав никаде нешто поконкретно за Чаир. Знам дека е средено, а дека се 4 кревета се изненадив сега, баш убаво ми дојде информацијата јас и така не сакам многу гужви.. и мн ми сум среќна што имате пофални зборови за др. Кировски. Сум слушнала дека тој и др. Јегени се најдобри во Чаир, ама друго е кога ќе си каже некој свое искуство. Се надевам и јас добро ќе пројдам како и вие :)

[sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif]




Sara007 -> RE: Во која болница се породивте? (25.6.2014 10:29:11)

Што ќе кажете за ГАК?

Јас со првото се породив таму и немам лошо искуство (освен нехигиената за која во голем дел беа одговорни и мајките што не пуштаа вода откако вршеа нужда, пушеа цигари во вц итн.).
Сега некако многу млади доктори ми се врвчат, па само заради тоа се мислам дали пак во ГАК или Чаир?

Ве молам за искуство од некој што сега брзо се породил во ГАК.

Позз[sm=smiley1.gif]




sonc90 -> RE: Во која болница се породивте? (5.8.2014 12:31:52)

jas se porodiv na pocetok na juli na GAK i ke kazam vaka:sega higienata e na nivo sekade niz GAK a personalot e istiot,istite idioti i sega se idioti,steta sto na niv ne mozat renoviranje da im napravat! do dusa sestrite i bolnicarkite na odelenie se i taka i taka ama tie vo porodilna sala bogami da ti ja utepaat psihata se prvi...jas so edna duri i se karav...Bog da cuva,jas so bolki a taa mi palamudi! inace ima 1 ili samo nekolku sobi so 5 zeni vnatre(ne sum sigurna) site ostanati se so po 2 zeni,wc e top,pusenje tesko vnatre,sobite se cisti glanc,tv si ima so kabelska...abe ko doma da si! epa tolku,ako neso sum zaboravila dr ke kaze ili neka prasa pa ako znam ke odgovoram. [sm=pikapoka.gif]




Ki4iko -> RE: Во која болница се породивте? (6.8.2014 10:40:34)

Првото породување ми беше во 2010 година во прилепската болница, да, и навистина условите беа под ниво за секое живо суштевство.Од персоналот бев презадоволна, вода имаше во тој период,но месец подоцна ја затворија заради неморални услови,и бактерии.Овој пат пак ме чека истото ,со тоа што има друг проблем во болницата-нема доволно доктори,и ако не идат битолските гинеколози,нема кој да не породува [sm=smiley13.gif] .За условите велат дека се подобриле, па баш би сакала да слушнам скорашно искуство на некоја членка,за породувањето во прилепската болница [sm=smiley1.gif]




nataly86 -> RE: Во која болница се породивте? (6.8.2014 11:58:22)

Еве и јас со моето искуство најпресно [sm=smiley36.gif] Се породив на ГАК, задоволна сум од хигиена, храна и персонал....една недела бев на ГАК на три одд..патолошка, родилна и одделение [sm=smiley36.gif] секаде беше и чисто собите два-три кревети и вц кабловска и итн...мислам само дека се малку персонал за толкав прток на луге....можеби дека лето одмори..
инаку позитвно искуство во секој случај и само пофални зборови...





Страница: <<   < Претходна страница  40 41 [42] 43 44   Следна страница >   >>