kleo
|
До едне месец ни беше супер, бебушко сам си имаше ред. Стануваше во 5 следеше цицање, на секој 2 саати, преспивање никако. Заспиваше во 15 часот и после тоа се будеше само за јадење. После тоа до отприлика 3,5 месеци на син ми бевме во општ хаос, ама такви ни беа околностите. Единствено имавме ред на јадење за кој не попуштав никако. Прво јадеше на 2.5 саати, па после на 3 , па на 4 саата и никој не смееше да му даде порано. Еднаш попуштив и ми се удри од глава, цел ден повраќаше, ама мм си го доби. Во тој период дневното спиење за нас беше научна фантастика, ако дремне 15 минути после јадење и тоа е. Ама па затоа си спиеше по цела ноќ. Ова мислам последно јадење во 1 па во 5. Ама си имавме договор со мм, он му даваше да јаде во 1, додека јас спиев, а јас станував во 5. Па така сите наспани. Потоа пак си направи ред, и тоа стануваше во 6-7 пие млеко, и тоа онака службено и си продолжува до 10-11. После станува јаде каша и си играме или гледаме мики маус. Два саати после кашата пие млеко и си заспива. НЕкогаш спие еден час некогаш два, зависи. Станува си играме, пие мелко, и може пак да си предреме, отприлика 30 минути. ПОтое следи играње, млечна каша, па бањање, гушкање, го чекаме тато да си дојде од работа, се гушкаат во 22 пие млеко и си заспива. Од како наполни 5 месеци имаме нова рутина, заспиваме во 20 часот, најдоцна 21. И тоа го ставаме во краветче, ја пуштаме играчката и му го даваме кебенцето си мики маус, баз кебето нема заспивање и си излегуваме од собабта. Уште од раѓање заспива сам, ама ова со кебето му е сега ново.
|