Calypso
|
Дневна рутина си имаме откако почнавме со цврста храна. А ноќе... е тоа мислам дека дури сега почна да се средува. Стануваме околу 7-7:30, пиеме јогуртче малку, после околу 8-8:30 појадок. Потоа си играме (дома или во двор), па околу 10 спие до кај 11:30. Следува ужинка околу 12:00 или порано, зависи кога ќе стане. Си игра со баба и дедо до ручекот - околу 14:30. После тоа малку игра, па спиење до кај 17:00, па ужинка, па пак играње, дома или во двор. На вакво време си седиме дома, а кога има сонце, никој не може да не прибере внатре. Околу 19:30 вечера, 20:30 бањање, пиење јогурт, миење заби и заспивање до кај 21:00. Се буди еднаш до два пати - ова последниве три-четири ноќи откако престанавме со доење и ноќни оброци. Нема проблем за презаспивање, не морам ни да го кревам од креветчето, само ќе го занишкам малку и си продолжува. Се буди прво околу 5 наутро, насмеан, расположен за игра, не сака да пие ни да јаде ништо, па заспива околу 6 и тера до кај 7-7:30. Ново е што не сака кај нас во кревет - не го земав до мене кога се одвикнувавме од цицање, па се навикна повеќе во креветче (плаче во нашиот кревет, а во креветчето одма се смирува и заспива). Уште да можам да го одучам да не се буди во 5 наутро, ќе биде супер. Затоа решив дневното спиење да го скратам, т.е да спие само еднаш, а не двапати. Вчера направивме така, и пак стана во 5 сабајлево. Ќе видиме денес како ќе биде. Ама, откако научи и се навикна дека веќе нема цице - ноќе спие повеќе. Пу пу да не го подречам.
_____________________________
All that is gold does not glitter, Not all those who wander are lost; The old that is strong does not wither, Deep roots are not reached by the frost.
|