mami2 -> RE: Кравјо млеко (27.1.2012 11:35:51)
|
Натушка, јас мислам дека имам докторат на тема АД и кравјо млеко. Н. секогаш кога имаше пролив од друга причина (заби вадење, вирус, давање на антибиотик) проливот го пролонгираше со недели и покрај тоа што беше на АД. Испитувања, клиники, лекови, пробиотици ама не се смируваше се додека не му го прекинев АД млекото, т.е. го заменував со адаптирано млеко од соја (исомил, сојамил), или оризово млеко (не на Виталија). Востановивме дека има нетолеранција на лактоза, дискретна за среќа. После терапијата со пробиотици и непиење на АД млеко проливот се повлекуваше, па постепено се враќав на АД. Исто се случи и еднаш кога пробавме кравјо млеко - пролив (со карактеристичен мирис и форма на несварена храна). Испукани капилари на лицето ни беа стандардна реакција. Затоа кравјо млеко си воведовме на 2г9м. Многу полека, по 10мил на ден во АД млекото, па со постепено зголемување на количината. Не прифаќаат сите деца исто, а и реакциите на кравјо млеко може да бидат притаени и да се манифестираат многу подоцна од почетокот на давање. Често пати се оштетува цревната флора и тоа влијае на имунолошките одбрани на организмот. Затоа кај некои деца кравјо млеко не е вистински избор до поголема возраст. А. пие Нестле џуниор дома а во градинка има оброци со кравјо, ама мислам дека нема поголеми реакции, „само“ дерматит повремено на лицето.
|
|
|
|