RE: Кравјо млеко (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Дохранување со густа храна



Порака


majka na eva -> RE: Кравјо млеко (4.5.2012 20:57:49)

мајки јас сакам да ве прашам нешто,почнав на ќерками да и давам кравјо млеко веќе неколку денови,и треба да и го разредувам,ама не знам како е подобро да правам.сега читајте внимателно.ДАЛИ ТРЕБА например 1литар млеко да го сварам,и млекото да стои во фрижидер,па кога ќе и давам на малата да јаде само да го стоплам и да го разредам во шишето со веќе превриена вода и да и давам,ИЛИ ПАК да го чувам во фрижидер неварено,а кога ќе треба да јаде да го разредам тогаш со вода и да и давам свежо варено.не знам.а велат кога е сварено дека повеќе стои во фрижидер,а за неварено не знам.вие што велите?како да го давам




eleonorastrumica -> RE: Кравјо млеко (4.5.2012 21:07:16)

Јас на моето малечко му давам тетрапак битолско млеко,не го варам целото кило туку толку колку мислам да му дадам ,а водичка повеќе превривам за да ми се најде и за друго шишенце




mila mama -> RE: Кравјо млеко (4.5.2012 21:09:40)


ИЗВОРНА ПОРАКА: majka na eva

мајки јас сакам да ве прашам нешто,почнав на ќерками да и давам кравјо млеко веќе неколку денови,и треба да и го разредувам,ама не знам како е подобро да правам.сега читајте внимателно.ДАЛИ ТРЕБА например 1литар млеко да го сварам,и млекото да стои во фрижидер,па кога ќе и давам на малата да јаде само да го стоплам и да го разредам во шишето со веќе превриена вода и да и давам,ИЛИ ПАК да го чувам во фрижидер неварено,а кога ќе треба да јаде да го разредам тогаш со вода и да и давам свежо варено.не знам.а велат кога е сварено дека повеќе стои во фрижидер,а за неварено не знам.вие што велите?како да го давам



Ја би ти рекла првата варијанта што ја пишуваш.




majka na eva -> RE: Кравјо млеко (4.5.2012 21:13:40)

да и јас сум повеќе за првата варијанта ама кога вака се разредува,сакам да кажам кога не се варат заедно водата и млекото,некако ми е посомнително,незнам да не е убаво разредено или што знам?




mila mama -> RE: Кравјо млеко (4.5.2012 21:20:44)

Немај гајле, чекај само убаво да се олади млекото пред да го разредиш со вода, па после стави го шишето со млеко во сад со вода на шпорет и така ќе се загрее равномерно.




majka na eva -> RE: Кравјо млеко (4.5.2012 21:35:07)

фала мила мама,така ќе правам.[sm=bravo.gif]




majka na eva -> RE: Кравјо млеко (4.5.2012 21:45:02)

а сакам уште нешто да прашам.кога например ќе и остане од млекцето недопиено,колку време може да стои вака на собна температура до 25степени.знам дека адаптираното не стои воопшто и секогаш кога и да и останеше го фрлав,но за кравјото незнам[sm=zmeden.gif]




mila mama -> RE: Кравјо млеко (4.5.2012 22:04:02)

Јас до 6 саати го оставам надвор, и адаптираното исто го оставав. Само мајчиното стои до 2 часа.




Felly RR -> RE: Кравјо млеко (4.5.2012 22:08:47)

mila mama, не е ли многу 6 саати? Сега времево е топло и јас не би го чувала толку долго.




majka na eva -> RE: Кравјо млеко (4.5.2012 22:13:28)

а вака јас мислам тоа што ќе остане да го ставам во фрижидер и потоа повторно да го стоплам за пиење,дали може?или ако два пати се подгрева да не се расипе?што мислите?




Felly RR -> RE: Кравјо млеко (4.5.2012 22:24:28)

Па јас сега така правам. Многу често М не сака да го испие млекото што сум и го турила во шишето, и јкас го ставам цело шише во фрижидер, па подоцна и го стоплувам и и` го давам.




mila mama -> RE: Кравјо млеко (4.5.2012 22:28:58)

Јас не топлам никогаш два пати ниту млеко, ниту ништо, а дури и да е надвор 6 саати секогаш пробувам пред да и го дадам. Фели колку може да е топло дома, обично 20-22 степени.




majka na eva -> RE: Кравјо млеко (4.5.2012 22:59:08)

е сега ме збунивте,едната вели се топли,другата не[sm=smiley36.gif],па кого да слушам?[sm=jezicek.gif]




Felly RR -> RE: Кравјо млеко (4.5.2012 23:05:31)

Чекај сега да пишат уште неколку рингерајки, па дури тогаш ќе се збуниш[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]
А мила мама, како не го притоплуваш, ладно од фрижидер и го даваш?




mila mama -> RE: Кравјо млеко (4.5.2012 23:14:59)

Со мојата кукла Фели немам никаков проблем, пие топло тазе сварено, пие на собна температура, пие директно од фрижидер без никаков проблем. Детето ми е стварно адптабилно. Најчесто го варам млекото непосредно пред спиење и тогаш и го давам се разбира подоладено, не да се изгори [sm=smiley1.gif]. ако не го испие цело го чувам над глава на креветот до 6 саати, ако се разбуди во текот на ноќта и го давам тоа се разбира предходно пред секое пиење го пробувам. Ако поминат 6 саати, а она се рабуди пак за млеко, станувам, идам до фрижидер, земам шишето и директно и го давам. Го пие без никаков проблем. Е сега никогаш не топлам два пати млеко дури и храна за нас не топлам два пати. Еднаш стоплено млеко не и го давам пак, макар што и многу ретко сум топлела пошо ми пие и ладно.




AnnaMolly RR -> RE: Кравјо млеко (6.5.2012 16:19:09)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR

Па јас сега така правам. Многу често М не сака да го испие млекото што сум и го турила во шишето, и јкас го ставам цело шише во фрижидер, па подоцна и го стоплувам и и` го давам.


Исто и јас. На пладне кога спие ако не го допие му го ставам цело шише во фрижидер и после вечерта го дополнувам и пак го топлам. Ако и тогаш не го допие, го ставам во некое ѓезве или лонче и го ставам пак во фрижидер, ама после ние го пиеме. Значи трет пат нема веќе топлење.




Maca25 -> RE: Кравјо млеко (6.5.2012 16:43:55)

Како бе ви се будат децата навечер за млеко? Н. не сака да види млеко во последно време, па и тоа пред спиење го пие со плачки. Ни сирење јаде, ни млеко или јогурт пие, кашкавал ретко јаде...не знам дали и е некоја фаза или па стварно не сака млечни прозиводи?!




kikicka -> RE: Кравјо млеко (6.5.2012 17:52:28)

Јас не коментирам ништо оти секогаш а ја пофалам се се менува така да ке кажам дека е добра сега се сега спиеме [sm=smiley36.gif]




AnnaMolly RR -> RE: Кравјо млеко (6.5.2012 20:05:19)

Не се буди за млеко Филип, ова за преку ден. А млекото му е само за заспивање, онака ако му дадам преку ден ми вика „Не сакам спијам“. А друго се јаде, сирење се дави, јогурт по 200-300 мл пие со јадење... Нема гајле.




majka na eva -> RE: Кравјо млеко (11.5.2012 8:57:37)

мамички а да ве прашам уште нешто...испадна дека ева е алергична на кравјо млеко.најпрвин и давав еднаш дневно-4дена по ред,и исфрли по лицето брумчиња.потоа направив пауза една недела,си викам може не е од млекото и пак почнав да и давамкравјо,два пати дневно,без да воведувам нови состојки во исхраната.и по 3дена,пак и се појавија.најпрвин на едното обравче,потоа другит ден и дадов и сега лицето и е целото за никаде.овие два дена не и давам повеќе,а и не планирам да и давам,само ме интересира тие брунчињата што се како ќе исчезнат.2дена веќе не пие кравјо,а уште има,ем тоа ја мачкам со афлодерм крема и не и поминуваат.не знам дали ќе исчезнат сами или треба да ја мачкам со нешто...




Annet -> RE: Кравјо млеко (15.5.2012 17:14:34)

dosega sme na bitolsko za varenje,ama go pocnavme 10ot mesec sakam da premineme na tetrapak mleko.mozebi e rano,neznam.kazete mi koe tetrapak mleko mi go preporacuvate?




jana81 -> RE: Кравјо млеко (17.5.2012 8:45:57)

nie pocnavme so mleko za varenje ama nejkese nikako da go pie i samo vo kasicki mu go davav. Posle toa preminavme na Alpsko tetrapak 3,5 maslenostost i super go prifati. Nemase nikakva reakcija duri i stolicata mu se izregulira. E sega neznam da ne e mnogu jako ova mleko, jas sekako mu go davam razredeno so voda ( 110 ml mleko + 40 ml voda) ama vo sekoj slucaj go pie, i kade kade e povkusno od toa za varenje




vezilka RR -> RE: Кравјо млеко (21.5.2012 11:19:36)

Дечки да ве прашам колку најмногу млеко може да испие детево на 18 месеци. Никола почна многу млеко да пие, може едно литро му се собира во денот и тоа не 200 по 200 па така цел ден, туку по две шишиња од 250 одеднаш, пред спиење. Синоќа испи 500 мл пред да заспие, и уште едно во текот на ноќта, и замислете уште бараше ама јас не му дадов, му дадов чај. И имаше грчеви во текот на ноќта и гасови, кутрото се сокина од плачење и нон-стоп се будеше. Можно ли е да е од млекото? Јас не знам што му стана, само „мецке“ сака [sm=zmeden.gif]




AnnaMolly RR -> RE: Кравјо млеко (21.5.2012 12:09:09)

Везилка, јас читав дека во втората година од животот не треба да се пие повеќе од 600 мл млеко во 24 часа зашто тоа доведувало до слабокрвност.
Вака беше објаснето. Колку повеќе млеко пие, помалку му се јаде, па автоматски со нејадење слабее и крвта.
А Филип пие по 500 мл млеко дневно, двапати по 250 пред спиење (попладне и навечер). А кога оди во градинка само по 250 мл дневно. Ама во текот на денот внесува сигурно едно 150 мл јогурт (дали овошен или обичен), што сепак се смета како млечен оброк, нели?
Ако испие едно шише пред спиење, гледај залажи го со вода или чајче, што знам? Ама сепак мислам дека литро во денот е многу.




Mihaela 2010 -> RE: Кравјо млеко (21.5.2012 12:15:46)

Da da definitivno po 600 ml dnevno,mnogu mu e toa vezilka...jas na M i davam dva pati vo denot koga otspiva preku den,okolu 200 ml i pred legnuvanje navecer isto...ili nekogas vecera neli biskviti i mleko...jas dolgo vreme i davav na Dukat so 7 vitamini,ama 2.8 maslenost,pa sega i go smeniv i davam Alpsko 3.5 maslenost




Страница: <<   < Претходна страница  18 19 [20] 21 22   Следна страница >   >>