|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  28 29 [30] 31 32   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Кравјо млеко
29.4.2013 0:20:21   
AnnaMolly RR
teo mama jas dadov kravjo na 5.5 meseci ssvezo za varenje, so polna maslenost 3.2 prvo razredeno 70 % mleko 30 % voda taka nedela dena i posle normalno cisto mleko. saamo filip ne sakase prvo da go pie i mu dodavav po 1 ili 2 lazicki od adaptiranoto i poleka poleka se navikna cisto da go pie. sega ima 3 godini zdrav prav si e, imunitet ima nenormalno dobar. jas sum za kravjo, ad mi e cista komercijala. a vitaminte koi gi ima ad, a kravjoto gi nema ke gi nadopolnite so zdrava ishrana i resen problem

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 726
   RE: Кравјо млеко
8.5.2013 14:57:44   
miana
Devojki,eve denes sto procitav i me izraduva...
Od sega ke go koristam ova mleko
Трајно млеко со десет витамини кои се особено значајни за правилен раст и развој на децата, промовираше денеска Битолска Млекара.
Прво македонско трајно млеко препорачано од Здружението на педијатри на МакедонијаСе работи за млеко кое е прво од овој тип во земјата, па и поширокиот регион.
,,Нешто ново на нашиот пазар. Не само на нашиот пазар, туку слободно можам да речам и пошироко на млеко кое ете се појавува прв пат со 10 витамини. Бимилк како лидер во млечната индустрија ја има одговорноста кон своите потрошувачи и за таа одговорност треба секогаш да стои со основните столбови на нашата политика и мисија, а тоа е пред се безбедност и врвен квалитет“, вели Златко Најдовски, директор на Битолска Млекара.


Од млекарата објаснуваат дека единствено во млекото во текот на годината се јавуваат сезонски колебања на содржината на витамините. Оттука е идејата се развие нов производ по пат на фортификација на стерилизираното млеко со витамини со цел да се обезбеди постојано присуство на соодветна содржина на витамини во млекото.

,,Се одлучивме за фортификација со 10 витамини и тоа витамините А,Д и Е, витамини кои што се растворливи во масти, земајќи ја во предвид потребата од витаминот Д кај децата заради калцификација на коските, витаминот Е како еден многу моќен антиоксиданс, витаминот А за добар вид, и збогативме со витамини од групата Б кои што генерално учествуваат во многу ензимски реакции кои што го овозможуваат метаболизамот на јаглените хидрати и протеините, добри се за заштита на нервниот систем, за нова енергија, за здрава кожа. Тука би го издвоила и витаминот Б9 односно фолната киселина која што се препорачува кај трудниците во периодот на органогенезата“, вели Радмила Чобанова Василевска, директор за контрола на квалитет во Битолска Млекара.

Новиот производ е првото македонско трајно млеко препорачано од Здружението на педијатри на Македонија.

,,Ние имавме долготрајни разговори и договори околу структурата, околу витамините, концентрациите на витамините. Особено имајќи го во предвид соодност на калциумот и фосфорот во кравјото млеко и на Д витаминот “ ,вели Др.Александар Сајковски, Претседател на Здружение на педијатри на Македонија.
Од млекарата велат дека посебно е добро ова млеко да го конзумира младата популација, но корисно е и за сите останати, за организмот кој има забрзан метаболизам, кој што секако бара поголем внес и поголема содржина на витамини.


Извор - Канал 5 Телевизија

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 727
   RE: Кравјо млеко
16.5.2013 10:55:27   
Cipi Ripi
Ајде жени совет. Ние почнавме со кравје, веќе два дена му давам здравје радово со 3,2 масленост, го разредувам 70/30, гледам дека нема никакви контра ефекти, си го прифати најнормално, но приметувам дека му е тешко да се искака, кака гомца мали како топчиња, изгледа фати запек од млеково. Нормално е или? Совет?

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 728
   RE: Кравјо млеко
16.5.2013 13:05:46   
Bethany
Ципирипи јас мислам нормално е. Додека му се навикне мешето. Млекото кога се пие е всушност потешко за варење, него да се дава истото во некоја каша пример. Пробај регулирај му столицата со ихрана, исфрли работите што ја стегаат столицата, додади некои житарки, ланено семе во каши и сл. не знам што вие практикувате во овакви ситуации и мислам дека би требало за неколку дена да се средите.
Ако не па, можеби ќе треба да пробате со друго млеко.

(Одговор на членот Cipi Ripi)
Непосредна врска до пораките: 729
   RE: Кравјо млеко
16.5.2013 13:09:02   
dostickage
I jas mislam deka e ocekuvana reakcija. I jas bi te sovetuvala potpolno isto kako Bethany.
I bi ti rekla da ne probuvas vednas so drugo mleko da ne mu se napravi se kasa popara. Dajte fora nekolku dena pa kje vidime reakcija, ako ne ja biva togas drugo mleko.

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 730
   RE: Кравјо млеко
16.5.2013 14:04:16   
Cipi Ripi
Во ред, фала за советите. Ќе почекам уште денес и утре максимум, пошто досега не сме имале воопшто проблем со столицата. А и не гледам што би му скратила во јадењето пошто се што јаде е ок, зеленчук, овошје, за ручек манџа секој ден, а од каши јаде само таа Нестле 8 житарици со какао и со истото млеко му ја правам.

(Одговор на членот dostickage)
Непосредна врска до пораките: 731
   RE: Кравјо млеко
16.5.2013 14:09:32   
Ikana
Ципи Рипи не е од млекото! Ние имавме ист проблем плачеше М додека да се искака и само брбушки какаше...јас го направив следново....прво мислев дека е од АД млекото, па го отстранив, но проблемот не се реши.
Почнав буквално се свежо да и давам, никако Хипп каши, значи само свежо овошје и зеленчук, житарки обични природни, и почна нормално да кака. Сок од слива исто помага многу....земи три суви сливи свари ги, остави да се оладат, сокот дај му го да го испие, а сливите изблендирај му ги со житарки.

(Одговор на членот Cipi Ripi)
Непосредна врска до пораките: 732
   RE: Кравјо млеко
16.5.2013 14:11:01   
sandriana RR
А и не гледам што би му скратила во јадењето пошто се што јаде е ок,

Не мора да кратиш, додади user posted image Ако не користите ленено семе или некоја од комбинациите - 4 семиња, воведи деновиве, со јогурт или кисело млеко. Избегнувајте благо ако јаде (на база на какао) периодов, додека да навикне мешето. И гледај овошје кое има лаксативно дејство - круша, цреша, јаболко...да даваш. Верувам бргу ќе се регулира столицата.

(Одговор на членот Cipi Ripi)
Непосредна врска до пораките: 733
   RE: Кравјо млеко
16.5.2013 14:12:01   
Bethany
Па кога напишав да исфрлиш нешто мислев на банана, варен ориз, морков ја стврднува столица, компирот, сега се зависи вие што јадете.
Во таа каша стави му од тие семки плус и ќе видиш резултат веднаш. Кај нас делотворни се тие 4 семиња од Виталија.
На син ми кивито на пример му ја размекнува столица, што знам кај секое дете е различно.

А секако ќе почекаш неколку дена и ќе видиш, ама ќе се среди тоа сигурно.

(Одговор на членот Cipi Ripi)
Непосредна врска до пораките: 734
   RE: Кравјо млеко
16.5.2013 14:37:10   
Cipi Ripi

ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany

Па кога напишав да исфрлиш нешто мислев на банана, варен ориз, морков ја стврднува столица, компирот, сега се зависи вие што јадете.
Во таа каша стави му од тие семки плус и ќе видиш резултат веднаш. Кај нас делотворни се тие 4 семиња од Виталија.
На син ми кивито на пример му ја размекнува столица, што знам кај секое дете е различно.

А секако ќе почекаш неколку дена и ќе видиш, ама ќе се среди тоа сигурно.


Кај нас бананата дава многу добар ефект, 2 дена ако не му дадам, не ми кака, затоа реков не знам што би исфрлила.
Да земам од семињава утре user posted image

Икана јас Хипп каши не му давам одамна, се му готвам. Е сеа ова со слививе може да му дадам како сокче, и онака не сме јаделе сливи подолго време, се круши и јаболка му давам, и банани.

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 735
   RE: Кравјо млеко
16.5.2013 14:47:11   
Maca25
Cipi Ripi купи кашичка на хипп од слива. Помага 100%!!!!


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Cipi Ripi)
Непосредна врска до пораките: 736
   RE: Кравјо млеко
25.5.2013 21:55:32   
miana
Мамички ај ве молам за мислење...Керками има 17 ипол месеци....Пред недела дена почнав да и давам кравјо млеко ( претходно нан3 )
Денес има проливче,мислите ли дека е од млекото? Инаку и давам битолско ...

< Поракaта ја уредил miana -- 25.5.2013 22:05:08 >

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 737
   RE: Кравјо млеко
25.5.2013 22:09:45   
rina13
Секако дека може да предизвика дијареа кравјото млеко, тоа дејство го има дури и кај некои возрасни особи. Прекини да и даваш па ќе видиш дали нависитна е млекото или се работи за вирус. Ние памтам кога пробавме разредено кравјо млеко 2, 3 пати имаше течна столица и потоа најнормално си го прифати.
Ако веќе не и прија воопшто кравјо млеко продолжи си со адаптирано или надокнади го со јогурт и други млечни производи.

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 738
   RE: Кравјо млеко
25.5.2013 22:16:20   
miana
Проблемот е што навечер се буди по еднаш за да пие млеко,а инаку преку ден не пие и не заспива со млеко..Инаку млечни производи многу сака,а особено јогурт..Ниту еден појадок не поминува без јогурт и тоа по цела чаша си кркнува без проблем...Ке порверам па ако не ке продолжам со АД млекото,мада и тоа не е решение..Веке е големка за да и купувам такво млеко,мораме да пробаме и друго кравјо...Да се обидам со дукат? вие какво млеко давате? Поздрав

(Одговор на членот rina13)
Непосредна врска до пораките: 739
   RE: Кравјо млеко
25.5.2013 22:54:40   
Bethany

ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

Мамички ај ве молам за мислење...Керками има 17 ипол месеци....Пред недела дена почнав да и давам кравјо млеко ( претходно нан3 )
Денес има проливче,мислите ли дека е од млекото? Инаку и давам битолско ...


Не ми е верно да дури после седум дена пиење пројави некоја реакција на млеко...?
Ама ако се сепак сомневаш дека е од млеко, направи пауза, престани да и го даваш кравјото, дади и пак од АД навечер ако ти бара, па ќе видиш.
Ама не го менувај веднаш со друго кравјо. Така јас би направила.

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 740
   RE: Кравјо млеко
26.5.2013 13:03:05   
Mihaela 2010
Miana jas na M i davam Alpsko,prethodno probuvav i bitolsko,i Dukat so vitaminite ama detevo imase zapek neviden,do bolka duri i prepotuvanje...od koga i go vovedov alpskoto 3.5 maslenost maka ne vidovme...

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 741
   RE: Кравјо млеко
26.5.2013 23:04:04   
miana
Фала срцки на советот...Инаку нокеска намерно пак и дадов битолско и еве денес е добра,такада не е од млекото...Патем,кажете ми дали некоја од вас почна да дава од новото битолско млеко со 10 витамини? Какво е ?

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 742
   RE: Кравјо млеко
26.5.2013 23:08:25   
deluxe
Да ,ние веднаш го пробавмеuser posted image
user posted image го пие,значи му е убаво,а ќерка ми не е некој обожавател на млеко ,така не го коментира ,и онака со сила го пиеuser posted image

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 743
   RE: Кравјо млеко
26.5.2013 23:15:02   
miana
Јас чекам да ни се истроши залихата од старото па ке купам од новото..Супер,значи..Ако е навистина такво како што го опишуваат,супер би било..

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 744
   RE: Кравјо млеко
28.5.2013 15:03:48   
Calypso
Темава може не е најсоодветна, ама не знаев каде да прашам - што се случува со свежите млека кај нас? Купуваме свежо млеко за варење, за понекогаш на малиов да му направам млеко со кекс, или пак да му варам палента, хељда и слично. Арно ама, кое и да го купам, не се свежи, при варењето се подваруваат, т.е се прават како урда, што значи дека е расипано. Дали е до производителот, до транспортот или до условите во кои се чува, не знам, ама не бива вака. Купувавме редовно свежо млеко на Здравје Радово, во последниве два месеци имам исфрлено млеко со литри. Или е со грутки уште неотворено, или се прават кога го варам. Зедов битолско, иста приказна, ми остана уште Идеал Шипка да го пробам. Не можам да најдам никаде на Бучен Козјак, други свежи млека има ли, освен Јока, кое не го носат во Скопје?
Додуша, имаме коза, сега се ојари, па мислам дека ќе можам подоцна да му давам и козјо, ако го прифати. Ама дотогаш, што? Не дека сака многу млеко, ама и јогуртиве и киселото млеко не ги бива, не се осеќа убав мирис user posted image Има ли некој друг ваков проблем?

_____________________________

All that is gold does not glitter,
Not all those who wander are lost;
The old that is strong does not wither,
Deep roots are not reached by the frost.

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 745
   RE: Кравјо млеко
28.5.2013 15:09:52   
dostickage
Bucen kozjak nosat vo SP market, Tinex, Vero i mislam Stokomak.
Ne znam sto imas vo blizina za da ti pomognam povekje user posted image

(Одговор на членот Calypso)
Непосредна врска до пораките: 746
   RE: Кравјо млеко
28.5.2013 15:15:31   
Calypso
Во моја близина има Супер Тинекс, а од другиве ништо. Никогаш ваму не сум начекала свежо млеко на Бучен Козјак, само јогурт и кисело млеко. Или пак јас не одам во деновите кога има, што знам. Ќе си барам јас упорно, може ќе ми се посреќи :)

_____________________________

All that is gold does not glitter,
Not all those who wander are lost;
The old that is strong does not wither,
Deep roots are not reached by the frost.

(Одговор на членот dostickage)
Непосредна врска до пораките: 747
   RE: Кравјо млеко
31.5.2013 22:28:23   
pepuska
Подурдувањето може да се должи ина садот а не на млекото мене ми се случуваше тоа за нас кога варев ако варев вотенџере оние „ метални“ што се со дупло дно обавезно се подурдуваше ,ако варев во обично тенџере не .



< Поракaта ја уредил sandriana RR -- 1.6.2013 13:52:07 >

(Одговор на членот Calypso)
Непосредна врска до пораките: 748
   RE: Кравјо млеко
31.5.2013 22:37:03   
kikicka
Новото кравјо млеко на Битолска млекара па и не деле нешто на вкус од другите млека во тетрапак. Се е реклама сега дека нова па ајде го форсираат. И ние го купивме па не се притресувам нешто околу тоа зошто детето не е 5 месеци па да се мислам какво е.

_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

(Одговор на членот pepuska)
Непосредна врска до пораките: 749
   RE: Кравјо млеко
1.6.2013 12:24:28   
Bethany

Разговорот за кисело млеко е префрлен ТУКА

< Поракaта ја уредил sandriana RR -- 1.6.2013 14:22:28 >

(Одговор на членот pepuska)
Непосредна врска до пораките: 750
Страница:   <<   < Претходна страница  28 29 [30] 31 32   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  28 29 [30] 31 32   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?