RE: Кравјо млеко (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Дохранување со густа храна



Порака


AnnaMolly RR -> RE: Кравјо млеко (29.4.2013 0:20:21)

teo mama jas dadov kravjo na 5.5 meseci ssvezo za varenje, so polna maslenost 3.2 prvo razredeno 70 % mleko 30 % voda taka nedela dena i posle normalno cisto mleko. saamo filip ne sakase prvo da go pie i mu dodavav po 1 ili 2 lazicki od adaptiranoto i poleka poleka se navikna cisto da go pie. sega ima 3 godini zdrav prav si e, imunitet ima nenormalno dobar. jas sum za kravjo, ad mi e cista komercijala. a vitaminte koi gi ima ad, a kravjoto gi nema ke gi nadopolnite so zdrava ishrana i resen problem




miana -> RE: Кравјо млеко (8.5.2013 14:57:44)

Devojki,eve denes sto procitav i me izraduva...
Od sega ke go koristam ova mleko
Трајно млеко со десет витамини кои се особено значајни за правилен раст и развој на децата, промовираше денеска Битолска Млекара.
Прво македонско трајно млеко препорачано од Здружението на педијатри на МакедонијаСе работи за млеко кое е прво од овој тип во земјата, па и поширокиот регион.
,,Нешто ново на нашиот пазар. Не само на нашиот пазар, туку слободно можам да речам и пошироко на млеко кое ете се појавува прв пат со 10 витамини. Бимилк како лидер во млечната индустрија ја има одговорноста кон своите потрошувачи и за таа одговорност треба секогаш да стои со основните столбови на нашата политика и мисија, а тоа е пред се безбедност и врвен квалитет“, вели Златко Најдовски, директор на Битолска Млекара.


Од млекарата објаснуваат дека единствено во млекото во текот на годината се јавуваат сезонски колебања на содржината на витамините. Оттука е идејата се развие нов производ по пат на фортификација на стерилизираното млеко со витамини со цел да се обезбеди постојано присуство на соодветна содржина на витамини во млекото.

,,Се одлучивме за фортификација со 10 витамини и тоа витамините А,Д и Е, витамини кои што се растворливи во масти, земајќи ја во предвид потребата од витаминот Д кај децата заради калцификација на коските, витаминот Е како еден многу моќен антиоксиданс, витаминот А за добар вид, и збогативме со витамини од групата Б кои што генерално учествуваат во многу ензимски реакции кои што го овозможуваат метаболизамот на јаглените хидрати и протеините, добри се за заштита на нервниот систем, за нова енергија, за здрава кожа. Тука би го издвоила и витаминот Б9 односно фолната киселина која што се препорачува кај трудниците во периодот на органогенезата“, вели Радмила Чобанова Василевска, директор за контрола на квалитет во Битолска Млекара.

Новиот производ е првото македонско трајно млеко препорачано од Здружението на педијатри на Македонија.

,,Ние имавме долготрајни разговори и договори околу структурата, околу витамините, концентрациите на витамините. Особено имајќи го во предвид соодност на калциумот и фосфорот во кравјото млеко и на Д витаминот “ ,вели Др.Александар Сајковски, Претседател на Здружение на педијатри на Македонија.
Од млекарата велат дека посебно е добро ова млеко да го конзумира младата популација, но корисно е и за сите останати, за организмот кој има забрзан метаболизам, кој што секако бара поголем внес и поголема содржина на витамини.


Извор - Канал 5 Телевизија




Cipi Ripi -> RE: Кравјо млеко (16.5.2013 10:55:27)

Ајде жени совет. Ние почнавме со кравје, веќе два дена му давам здравје радово со 3,2 масленост, го разредувам 70/30, гледам дека нема никакви контра ефекти, си го прифати најнормално, но приметувам дека му е тешко да се искака, кака гомца мали како топчиња, изгледа фати запек од млеково. Нормално е или? Совет?




Bethany -> RE: Кравјо млеко (16.5.2013 13:05:46)

Ципирипи јас мислам нормално е. Додека му се навикне мешето. Млекото кога се пие е всушност потешко за варење, него да се дава истото во некоја каша пример. Пробај регулирај му столицата со ихрана, исфрли работите што ја стегаат столицата, додади некои житарки, ланено семе во каши и сл. не знам што вие практикувате во овакви ситуации и мислам дека би требало за неколку дена да се средите.
Ако не па, можеби ќе треба да пробате со друго млеко.




dostickage -> RE: Кравјо млеко (16.5.2013 13:09:02)

I jas mislam deka e ocekuvana reakcija. I jas bi te sovetuvala potpolno isto kako Bethany.
I bi ti rekla da ne probuvas vednas so drugo mleko da ne mu se napravi se kasa popara. Dajte fora nekolku dena pa kje vidime reakcija, ako ne ja biva togas drugo mleko.




Cipi Ripi -> RE: Кравјо млеко (16.5.2013 14:04:16)

Во ред, фала за советите. Ќе почекам уште денес и утре максимум, пошто досега не сме имале воопшто проблем со столицата. А и не гледам што би му скратила во јадењето пошто се што јаде е ок, зеленчук, овошје, за ручек манџа секој ден, а од каши јаде само таа Нестле 8 житарици со какао и со истото млеко му ја правам.




Ikana -> RE: Кравјо млеко (16.5.2013 14:09:32)

Ципи Рипи не е од млекото! Ние имавме ист проблем плачеше М додека да се искака и само брбушки какаше...јас го направив следново....прво мислев дека е од АД млекото, па го отстранив, но проблемот не се реши.
Почнав буквално се свежо да и давам, никако Хипп каши, значи само свежо овошје и зеленчук, житарки обични природни, и почна нормално да кака. Сок од слива исто помага многу....земи три суви сливи свари ги, остави да се оладат, сокот дај му го да го испие, а сливите изблендирај му ги со житарки.




sandriana RR -> RE: Кравјо млеко (16.5.2013 14:11:01)

А и не гледам што би му скратила во јадењето пошто се што јаде е ок,

Не мора да кратиш, додади [sm=smiley1.gif] Ако не користите ленено семе или некоја од комбинациите - 4 семиња, воведи деновиве, со јогурт или кисело млеко. Избегнувајте благо ако јаде (на база на какао) периодов, додека да навикне мешето. И гледај овошје кое има лаксативно дејство - круша, цреша, јаболко...да даваш. Верувам бргу ќе се регулира столицата.




Bethany -> RE: Кравјо млеко (16.5.2013 14:12:01)

Па кога напишав да исфрлиш нешто мислев на банана, варен ориз, морков ја стврднува столица, компирот, сега се зависи вие што јадете.
Во таа каша стави му од тие семки плус и ќе видиш резултат веднаш. Кај нас делотворни се тие 4 семиња од Виталија.
На син ми кивито на пример му ја размекнува столица, што знам кај секое дете е различно.

А секако ќе почекаш неколку дена и ќе видиш, ама ќе се среди тоа сигурно.




Cipi Ripi -> RE: Кравјо млеко (16.5.2013 14:37:10)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany

Па кога напишав да исфрлиш нешто мислев на банана, варен ориз, морков ја стврднува столица, компирот, сега се зависи вие што јадете.
Во таа каша стави му од тие семки плус и ќе видиш резултат веднаш. Кај нас делотворни се тие 4 семиња од Виталија.
На син ми кивито на пример му ја размекнува столица, што знам кај секое дете е различно.

А секако ќе почекаш неколку дена и ќе видиш, ама ќе се среди тоа сигурно.


Кај нас бананата дава многу добар ефект, 2 дена ако не му дадам, не ми кака, затоа реков не знам што би исфрлила.
Да земам од семињава утре [sm=smiley1.gif]

Икана јас Хипп каши не му давам одамна, се му готвам. Е сеа ова со слививе може да му дадам како сокче, и онака не сме јаделе сливи подолго време, се круши и јаболка му давам, и банани.




Maca25 -> RE: Кравјо млеко (16.5.2013 14:47:11)

Cipi Ripi купи кашичка на хипп од слива. Помага 100%!!!!




miana -> RE: Кравјо млеко (25.5.2013 21:55:32)

Мамички ај ве молам за мислење...Керками има 17 ипол месеци....Пред недела дена почнав да и давам кравјо млеко ( претходно нан3 )
Денес има проливче,мислите ли дека е од млекото? Инаку и давам битолско ...




rina13 -> RE: Кравјо млеко (25.5.2013 22:09:45)

Секако дека може да предизвика дијареа кравјото млеко, тоа дејство го има дури и кај некои возрасни особи. Прекини да и даваш па ќе видиш дали нависитна е млекото или се работи за вирус. Ние памтам кога пробавме разредено кравјо млеко 2, 3 пати имаше течна столица и потоа најнормално си го прифати.
Ако веќе не и прија воопшто кравјо млеко продолжи си со адаптирано или надокнади го со јогурт и други млечни производи.




miana -> RE: Кравјо млеко (25.5.2013 22:16:20)

Проблемот е што навечер се буди по еднаш за да пие млеко,а инаку преку ден не пие и не заспива со млеко..Инаку млечни производи многу сака,а особено јогурт..Ниту еден појадок не поминува без јогурт и тоа по цела чаша си кркнува без проблем...Ке порверам па ако не ке продолжам со АД млекото,мада и тоа не е решение..Веке е големка за да и купувам такво млеко,мораме да пробаме и друго кравјо...Да се обидам со дукат? вие какво млеко давате? Поздрав




Bethany -> RE: Кравјо млеко (25.5.2013 22:54:40)


ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

Мамички ај ве молам за мислење...Керками има 17 ипол месеци....Пред недела дена почнав да и давам кравјо млеко ( претходно нан3 )
Денес има проливче,мислите ли дека е од млекото? Инаку и давам битолско ...


Не ми е верно да дури после седум дена пиење пројави некоја реакција на млеко...?
Ама ако се сепак сомневаш дека е од млеко, направи пауза, престани да и го даваш кравјото, дади и пак од АД навечер ако ти бара, па ќе видиш.
Ама не го менувај веднаш со друго кравјо. Така јас би направила.




Mihaela 2010 -> RE: Кравјо млеко (26.5.2013 13:03:05)

Miana jas na M i davam Alpsko,prethodno probuvav i bitolsko,i Dukat so vitaminite ama detevo imase zapek neviden,do bolka duri i prepotuvanje...od koga i go vovedov alpskoto 3.5 maslenost maka ne vidovme...




miana -> RE: Кравјо млеко (26.5.2013 23:04:04)

Фала срцки на советот...Инаку нокеска намерно пак и дадов битолско и еве денес е добра,такада не е од млекото...Патем,кажете ми дали некоја од вас почна да дава од новото битолско млеко со 10 витамини? Какво е ?




deluxe -> RE: Кравјо млеко (26.5.2013 23:08:25)

Да ,ние веднаш го пробавме[sm=bravo.gif]
[sm=duda.gif] го пие,значи му е убаво,а ќерка ми не е некој обожавател на млеко ,така не го коментира ,и онака со сила го пие[sm=jezicek.gif]




miana -> RE: Кравјо млеко (26.5.2013 23:15:02)

Јас чекам да ни се истроши залихата од старото па ке купам од новото..Супер,значи..Ако е навистина такво како што го опишуваат,супер би било..




Calypso -> RE: Кравјо млеко (28.5.2013 15:03:48)

Темава може не е најсоодветна, ама не знаев каде да прашам - што се случува со свежите млека кај нас? Купуваме свежо млеко за варење, за понекогаш на малиов да му направам млеко со кекс, или пак да му варам палента, хељда и слично. Арно ама, кое и да го купам, не се свежи, при варењето се подваруваат, т.е се прават како урда, што значи дека е расипано. Дали е до производителот, до транспортот или до условите во кои се чува, не знам, ама не бива вака. Купувавме редовно свежо млеко на Здравје Радово, во последниве два месеци имам исфрлено млеко со литри. Или е со грутки уште неотворено, или се прават кога го варам. Зедов битолско, иста приказна, ми остана уште Идеал Шипка да го пробам. Не можам да најдам никаде на Бучен Козјак, други свежи млека има ли, освен Јока, кое не го носат во Скопје?
Додуша, имаме коза, сега се ојари, па мислам дека ќе можам подоцна да му давам и козјо, ако го прифати. Ама дотогаш, што? Не дека сака многу млеко, ама и јогуртиве и киселото млеко не ги бива, не се осеќа убав мирис [sm=zmeden.gif] Има ли некој друг ваков проблем?




dostickage -> RE: Кравјо млеко (28.5.2013 15:09:52)

Bucen kozjak nosat vo SP market, Tinex, Vero i mislam Stokomak.
Ne znam sto imas vo blizina za da ti pomognam povekje [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




Calypso -> RE: Кравјо млеко (28.5.2013 15:15:31)

Во моја близина има Супер Тинекс, а од другиве ништо. Никогаш ваму не сум начекала свежо млеко на Бучен Козјак, само јогурт и кисело млеко. Или пак јас не одам во деновите кога има, што знам. Ќе си барам јас упорно, може ќе ми се посреќи :)




pepuska -> RE: Кравјо млеко (31.5.2013 22:28:23)

Подурдувањето може да се должи ина садот а не на млекото мене ми се случуваше тоа за нас кога варев ако варев вотенџере оние „ метални“ што се со дупло дно обавезно се подурдуваше ,ако варев во обично тенџере не .





kikicka -> RE: Кравјо млеко (31.5.2013 22:37:03)

Новото кравјо млеко на Битолска млекара па и не деле нешто на вкус од другите млека во тетрапак. Се е реклама сега дека нова па ајде го форсираат. И ние го купивме па не се притресувам нешто околу тоа зошто детето не е 5 месеци па да се мислам какво е.




Bethany -> RE: Кравјо млеко (1.6.2013 12:24:28)


Разговорот за кисело млеко е префрлен ТУКА




Страница: <<   < Претходна страница  28 29 [30] 31 32   Следна страница >   >>