mami2 -> RE: Приредба во градинка или училиште (31.5.2013 9:38:10)
|
Ај да си ја пофалам градинката на моиве дева. Имаа завршна приредба пред два дена, во Дом на АРМ. Бидејќи за едно дете доаѓаат минимум тројца, што родители, што баби, тетки, а имаше преку 220 деца учесници, внатре немаше место да се помине. Ама на децата не им влијаеше, сем што не можеа да не најдат во публика и да ни мафтаат. Инаку секоја чест на градинката за организацијата. Буквално се обезбедија од таму, посебно ме одушевијаа костимите на децата. Секое беше облечено од глава до пети, нашиве беа јапонци, имаа кимона а женските имаа перики и беа обелени во лицата, родителите не можеа да ги познаат. Сами го организираа превозот од градинка до таму, имаа ужинка, вода, ние бевме само гости. Ќе има и ЦД од приредбата, ама ги снимале и на генералната проба, да не се гледа како децава со поглед не бараат во публика. Во секој случај навистина се потрудиле и направија нашите деца да имаат поинакво искуство.
|
|
|
|