Џесика -> RE: РР дневна соба (27.2.2012 15:49:47)
|
Туф бре, отидов до пазар и нова тема, па и две страни сте испишале... Достичка, многу ми е тешко кога ќе слушнам дека некој се бори со нешто толку лошо, а до плафон ми е мило што се е во ред, само подалеку да е... во такви ситуации се осеќам мизерно, што ли очекувам од животот, и што се може да не снајде полошо... од денес некако ја надвладеав таа зимската депресија, бев на пазар си изнакупив зеленчук и овошје, успешно поминав покрај рафтовите со слатки, чипсови, лиснатици... еве ме сега ја варам супата за диета, си зацртав да ја остварам таа цел, а кога ќе наумам нешто многу силно, (се разбуди јарецот во мене)и ќе го остварам, и после сите овие кукања, плачења, жалења, на сета таа неправда што ми на направија на работа, и откако лежев укочена две недели од пуста нервоза,се решив дека од денес ќе бидам не јарец, туку лавица, и ќе се изборам и ќе успеам да си ја вратам самодовербата што самата дозволив да ми се намали... отсега ЈАС и МОЕТО!!!
|
|
|
|