AnnaMolly RR -> RE: РР дневна соба (9.4.2012 8:24:47)
|
Девојки, како сте? Еве сум јас по 2 дена пауза, ни се расипа компјутерот. На интервјуто за работа поминав супер, сакаа од денес да почнам ама јас одбив, не е тоа за мене. Презентирање производи и едукација за истите. Глупости живи. Џабе 2 часа од денот си изгубив. А дојавата дека Верона е во друг град беше лажна. Му се јавив на човекот да го прашам што поточно видел, а тој ми рече: „Не, бре, не сум видел никакво куче, само се заебавав!“ Кога сум го отерала во три лепе преку телефон, да ми беше до мене ќе го срамнев со земја! И ништо, си остануваме во потрага... Ние вчера шетавме во Жена парк, тоа некако поблиску ни се виде од градскиот парк. Филип се утепа од трчање, бркаше пилиња, им даваше да јадат трошки и се утепа од нервирање како не може да фати едно пиле да го гали! Ајде еве кафенце од мене. [image]http://moirecepti.mk/wp-content/uploads/2012/01/bosansko-kafe-8786.jpg[/image] Без шеќер е, кој сака нека си стави. А не знам кој даде предлог погоре да се селиме на тераса? Ајде и така се затоплува, следната тема нека ни се вика РР тераса [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]
|
|
|
|