Calypso -> RE: Фарбање облека (31.5.2011 11:16:01)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: skorpijana eve eden trik sto uspeva vo topla voda stavite nekolku kapki domestos i stavite gi ofarbanite alista se ke izleze mene sekogas mi uspeva i koga nekoi majci ne izleguvaat os nesto mrsno ili izvalkano odma izleze И јас го користев Доместосот - порано многу повеќе кога си ги перев мантилите за на факултет - се, ама буквално се вадеше, па и дезинфицираше[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif] А сега користам едно друго средство од кое сум ептен задоволна, од Грција се купува, кај нас го нема, барем никаде не сум го видела, ниту во Веро, еве слика [img]http://85.196.26.228/pictures/server1/2011-04-28/96/7e/967e76e0cd76f31be5b36c4dc85fa1ae.jpg[/img] јас го користам прашокот, овој што е во кутии, и навистина вади секакви флеки. Баш пред некое време ми се случи гаф при перењето - со обоени алишта сум испрала и едни долни тренерки кои пуштија боја (иако не ги перев првпат, заборавив дека претходно на рака ги перев баш затоа што подолго време пуштаа боја) и алиштата добија нерамномерни флеки. Кога ги пуштив да се исперат со овој прашокот измешан со обичен прашок за перење, се исчистија сите флеки до една. Не ми се веруваше кога видов, ама затоа оттогаш само ова го користам. А и од пеленките се ми вади - нели бебешката кака не се вади со ништо? Е па ова ги вади, колку и да е тврдокорна дамката - само ја навлажнуваш и ставаш од прашокот - веднаш делува, се гледа избелувањето на лице место. (ама реклама им направив, вистина не ги сакам грците, ама секоја чест за ова средствово[sm=jezicek.gif])
|
|
|
|