vezilka RR -> Годишна даночна пријава (7.3.2012 15:04:33)
|
Крајниот рок за поднесување на Годишната даночна пријава (“ПДД-ГДП“) е 15 март 2012 година. Задолжително се поднесува пријава доколку во текот на изминатата 2011 година, покрај платата или пензијата сте оствариле и дополнителен приход од кирија, авторски права, дивиденди, продажба на хартии од вредност, работно сте ангажирани во амбасада, игри на среќа, лични примања од странство и друго. Е сега во тоа друго спаѓа и породилно отсуство. Сите треба да си земеме потврди од фондот за исплати во 2011 и да си ги поднесеме до УЈП. Проблемот се јавува кај оние каде каснела исплатата и потоа е исплатено за неколку месеци оддеднаш. Јас отидов на породилно во ноември а првите пари ми се исплатија во април и тоа оддеднаш за сите месеци. И сега практично јас во 2011 сум зела 14 плати, плус две плати од 2010.И за тоа ќе ми се пресмета данок да си доплатам!! Треба да си се пријават и паричната помош што ја доделуваат општините, и таа што ја доделува државата. Ме интереира колку од вас поднеле, или планираат да поднесат даночна пријава за породилното. И дали има некој што лани добил пресметка да си доплати данок?
|
|
|
|