RE: Годишна даночна пријава (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


Melanija RR -> RE: Годишна даночна пријава (16.3.2012 12:07:05)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Џесика РР

Ајде прашање едно...јас сум невработена, а изминатава година учествував на студија за тестирање козметички производ, и за тоа добив надоместок. Мене не ми стигна никаква пријава, а на другарка ми и стигнало, ама она е вработена... дали треба ја да си пријавам сега, или ова важи само за дополнителен приход, пошто јас немам ни основен приход???

Исто јас пријавив само приход од земени пари како реонски попишувач во Пописот.Секогаш има нејаснотии,зошто пишува ако остварувате само плата нетреба да се пријани,а ние немаме ни плата.Тоа е тоа




Pepelaska * -> RE: Годишна даночна пријава (11.3.2013 15:38:33)

Си поднесовте?
И оваа година рокот е до 15 март




vezilka RR -> RE: Годишна даночна пријава (11.3.2013 15:44:40)

Леле, јас уште не сум поднела..уствари годинава не поднесувам оти освен плата друго не сум зела.

Туку што стана со ланските пријави од породилната, некому му стигна разлика да паќа? На сестра ми и стигна да си доплати 7000 денари оти не го пријавила породилното. Мене уште не ми стигнало решението, хм..




laki26 -> RE: Годишна даночна пријава (11.3.2013 15:47:36)

Izvinete a vo koja grafa se vpisuva primanjata od socijalnoto?




anaana -> RE: Годишна даночна пријава (11.3.2013 15:49:27)

koja e taa razlika od porodilnoto?
jas vo prijavata napisav plata, porodilno i nekoj dopolnitelni prihodi sto imav...




vezilka RR -> RE: Годишна даночна пријава (11.3.2013 15:52:27)

Па по закон породилното не треба да се пријавува оти е надоместок од плата. Арно ама од УЈП инсистираат да се пријавува. И се впишува во истата графа како и платата.




Beatris -> RE: Годишна даночна пријава (11.3.2013 15:55:44)

Kако не, породилното обавезно се пријавува со се копија од потврдата од социјално, се додава на платата.




anaana -> RE: Годишна даночна пријава (11.3.2013 15:59:05)

da da se dodava na platata znam, i dostaviv i jas potvrda od fondot sto mi ja dadoja
me interesira koja e taa razlika
inace moras da go prijavis porodilnoto toa znam




vezilka RR -> RE: Годишна даночна пријава (11.3.2013 15:59:32)

Така инсистираат од УЈП, ама не би требало оти е надоместок од плата. А ако примаш само плата не си должен да поднесуваш годишна даночна пријава. Тоа стои на нивнната веб страна.




vezilka RR -> RE: Годишна даночна пријава (11.3.2013 16:03:16)

Епа мене бидејќи породиното ми каснеше, ми го исплатија после одеднаш за четири месеци кои влегоа во друга фискална година. Така во наредната година ми се собраа повеќе од 12 плати. Сега јас не сум економист за точно да објаснам, ама мислам дека во тој случај стапката за даночно ослободување е различна и се создава некоја разлика.




Beatris -> RE: Годишна даночна пријава (11.3.2013 16:11:29)

Да баш тој случај го имам годинава, иако тргнав на работа од 01.01.2012, имав исплата на последната плата од породилно во јануари и одев да ми дадат потврда за да допишам во даночната




anaana -> RE: Годишна даночна пријава (11.3.2013 16:14:14)

jas izgleda ke sum taka naredna godina. jas trgnav na rabota na 30 noemvri 2012 godina
ama noemvriskoto porodilno mi stigna vo januari. znaci vo 01.01.2013 godina imav plata za mesec dekemvri i porodilno za noemvri
ama toa ke pisam izgleda naredna godina ova vreme :)))))))




Џесика -> RE: Годишна даночна пријава (11.3.2013 18:57:38)

Јас собирам пријави како сликички за животинско царство... на најмалку 3 работни места бев на договори, и сега секаде треба да одам и да собирам... ме интересира дали некој знае како се внесуваат сумите кога има повеќе од еден извор на дополнителен приход?




Gwendolin -> RE: Годишна даночна пријава (11.3.2013 19:08:53)

[sm=zmeden.gif] Мене ич не ми е јасно ова. На породилно сум до мај, почнувајќи од август минатата година. Никогаш немам пријавувано данок, затоа што не требало, приходи само од плата. Сега не ми е јасно дали треба да пријавам оваа година за минатата, или наредната откако ќе ми биде завршено породилното...или и оваа и наредната...треба ли некои посебни документи и дали мора лично да се оди?




Snowhite RR -> RE: Годишна даночна пријава (11.3.2013 20:16:32)

А дали на пример боледување исто се смета за надомест дополнителен, јас оваа година имав боледување за нега на дете на два пати, исто така бев префрлена од една во друга фирма во ист месец, што значи во еден месец имав исплата на плата од две различни фирми. Ова второво не верувам, ама за првото не сум сигурна, ако знае некој нека пише. Ај и ќе прочепкам на страната на УЈП




vezilka RR -> RE: Годишна даночна пријава (11.3.2013 20:36:37)

Ne bi trebalo boleduvanje oti se smeta za socijalen doaok. Mada i porodilno ne bi trebalo oti e namesto plata ama ete..hm, so UJP nema igracki.




MamaOhrid -> RE: Годишна даночна пријава (11.3.2013 23:57:38)

Мене ме буни даночното ослободување. Јас реално во 2012 година имам приходи за 11 месеци и претпоставувам дека даночно ослободување треба да пријавам за 11 месеци. Следната година ќе имам приходи за 13 месеци и кај даночно ослободување ќе пополнам за 13 месеци , но дали така може? Да не треба да стои износот на даночно ослободување за 12 месеци?
Знае некој да ми каже?




vezilka RR -> RE: Годишна даночна пријава (12.3.2013 0:21:43)

Poima nemam da ti kazam samo znam deka ima odreden vremenski rok za nego..na primer ako plata ili porodilno ti kasni 4 meseci ti ne mozes podocna da go prijavis bidejki toa se pravelo mesec za mesec. Stvarno ne znam da objasnam ori kako mi kazaa mene jas nisto ne razbrav od toa strucnite termini. Moze toa im bese celta :-) Aj moze ke se najde nekoj azgan ekonomist da ni objasni. Vazno so sigurnost razbrav deka razlikata za doplat proizleguva od tie danoxni osloboduvanja, sto i da znacat.




sandriana RR -> RE: Годишна даночна пријава (13.3.2013 8:44:13)

Вчера не сакаа да ми примат даночна пријава во УЈП - ситуација со породилно и плата - ми рекоа дека не треба за тоа да с еподнесува, и ме збунија тоталка?!
Сега ќе одам во УЈП кај Кјуби, таму да пробам да ја оставам пријавата (вчера бев во ГТЦ, во кол центар).




Tanjicka -> RE: Годишна даночна пријава (13.3.2013 9:55:49)

ic ne sum vo tek za ovie raboti koleskata gi pravi za site i neznam ni za sto se vnesuva ni kako




Ikana -> RE: Годишна даночна пријава (13.3.2013 9:58:48)

Јас електронски се си правам....пријавив веќе[sm=smiley36.gif]




blond -> RE: Годишна даночна пријава (13.3.2013 9:59:01)

Сто пати прашав овде книговодителката и ми рече ако немамд руг приход да не поднесувам документи. А мм упорно дека требало. Па го оставив да ми поднесе кога веќе толку многу сака. А како е правилно?




Octavia -> RE: Годишна даночна пријава (13.3.2013 10:05:46)

Ако приходот е само од плата, не се поднесува даночна пријава. Но ако има било каков друг приход (некој хонорар, плус исплата на работа -како на пример некој бонус или награда, приход од кирија, авторски права или било што друго, мора да се пријави).




vezilka RR -> RE: Годишна даночна пријава (13.3.2013 10:34:24)


ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana

Вчера не сакаа да ми примат даночна пријава во УЈП - ситуација со породилно и плата - ми рекоа дека не треба за тоа да с еподнесува, и ме збунија тоталка?!
Сега ќе одам во УЈП кај Кјуби, таму да пробам да ја оставам пријавата (вчера бев во ГТЦ, во кол центар).

Хе,хе се опаметија..абе им спремаат милион туѓби од организацииве за човекови права. Не им се плаќа [sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif] Ако, ако..




vezilka RR -> RE: Годишна даночна пријава (13.3.2013 10:35:20)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Ikana RR

Јас електронски се си правам....пријавив веќе[sm=smiley36.gif]

Колку кошта токенот..и за колку време важи.




Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3   Следна страница >   >>