Годишна даночна пријава (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


vezilka RR -> Годишна даночна пријава (7.3.2012 15:04:33)

Крајниот рок за поднесување на Годишната даночна пријава (“ПДД-ГДП“) е 15 март 2012 година. Задолжително се поднесува пријава доколку во текот на изминатата 2011 година, покрај платата или пензијата сте оствариле и дополнителен приход од кирија, авторски права, дивиденди, продажба на хартии од вредност, работно сте ангажирани во амбасада, игри на среќа, лични примања од странство и друго.

Е сега во тоа друго спаѓа и породилно отсуство. Сите треба да си земеме потврди од фондот за исплати во 2011 и да си ги поднесеме до УЈП. Проблемот се јавува кај оние каде каснела исплатата и потоа е исплатено за неколку месеци оддеднаш. Јас отидов на породилно во ноември а првите пари ми се исплатија во април и тоа оддеднаш за сите месеци. И сега практично јас во 2011 сум зела 14 плати, плус две плати од 2010.И за тоа ќе ми се пресмета данок да си доплатам!!

Треба да си се пријават и паричната помош што ја доделуваат општините, и таа што ја доделува државата.

Ме интереира колку од вас поднеле, или планираат да поднесат даночна пријава за породилното. И дали има некој што лани добил пресметка да си доплати данок?




riba79 -> RE: Годишна даночна пријава (7.3.2012 16:00:50)

jas imam honorari i za lani mi dojde da si platam samo 2 den.. i kako mavnata vo banka si uplativ so toa sto 15 den me cinese uplatata...jas samo tolku imav da doplatam ..[sm=smiley1.gif]




bombica -> RE: Годишна даночна пријава (7.3.2012 17:17:30)

Поднесовме ГДП за приходи од кирија а за паричната помош за првородено дете не пошто не знаев дека треба, сега прв пат читам




ljubicicaaa -> RE: Годишна даночна пријава (7.3.2012 20:20:23)

јас минатата година не поднесов пријава, имав некои приходи од oriflame, сега се мислам оваа година дали да поднесам[sm=smiley29.gif]
лани дома ми пуштија образец, а оваа година не, појма немам како оди таа работа, кај се уплака, колку ...????




kuklicka26 -> RE: Годишна даночна пријава (9.3.2012 8:25:39)

Јас планирам да поднесам,само од каде требе да извадам потврда за тие парите за првородено дете?




Emanuelapp -> RE: Годишна даночна пријава (9.3.2012 8:41:51)

Девојки не се поднесува даночна пријава за социјални додатоци за деца утврдени со закон , детски додаток, боледување итн. значи се поднесува само доколку лицето има остварени други приходи освен платата односно приходи за кој е платен персонален данок како што се приходи од продажба и изнајмување на недвишнини , аторски права, учество во управен или надзорен одбор на ТД, добивки од игри на среќа и др. награди.




vezilka RR -> RE: Годишна даночна пријава (9.3.2012 9:09:41)

Абе и јас така мислев, ама се јавив во УЈП и ми рекоа дека треба да поднесам пријава за породилното и дека на крај година ќе ми стигне пресметка за разлика во данок која ќе треба да си ја доплатам бидејќи во 2011 сум зела повеќе од 12 плати. А за паричната помош за првореодено ни стигна дома потврдата од општината за исплатените средства со назнака дека треба да си ја пријавиме во УЈП.




Emanuelapp -> RE: Годишна даночна пријава (9.3.2012 9:19:15)

Го цитирав најновиот закон за персонален данок од 2011 (најновиот) навистина не ми е јасно како носат закони а не ги спроведуваат јас сепак ке си се држам до законот па нека ме казнат




Emanuelapp -> RE: Годишна даночна пријава (9.3.2012 9:24:48)

http://www.ujp.gov.mk/mk/regulativa/opis/23 еве го законот убаво си пишува во ного и држете се до него.




Pepelaska * -> RE: Годишна даночна пријава (9.3.2012 11:45:05)

И мене ми дадоа од бившата работа пресметка од платите , и јас како тебе везилка во април го зедов скоро цело породилно , е сега ја прашав свекрва ми ( работи во ујп ) и вика нема потреба од ГДП пошто немаш никаков личен доход што е плус од плата.А за еднократнава помош прв пат слушам.




riba79 -> RE: Годишна даночна пријава (9.3.2012 17:37:33)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Pepelaska###

.А за еднократнава помош прв пат слушам.


da,od opstina dobiv presmetka za tie 5000 den, deka treba da podnesam vo ujp za danok...taka da ako ste zemale pari od opstina treba da go prijavite..pozz




Melanija RR -> RE: Годишна даночна пријава (9.3.2012 19:15:04)

Многу од ова е баш безвезе,последните 6 години по други основи ги поминав во УЈП и мака ми е,за што се не треба да поднесеш пријава иако не подлежиш на данок со сила си прават гужва и праќаат известувања во 5 до 12.
За ангажман како реонски попишувач од Државен завод за статистика околу 2 март ми стигна писмо и го фрлив во фиока од револт.
Шест години невработена а да пријавам 6.000 денари што биле добри да ме ангажираат живи срамота.
Ама како совесн граќанин се мислам да одам да пријавам на крај при толку гужва,без пари и како невработена какво понижување.




Snowhite RR -> RE: Годишна даночна пријава (9.3.2012 20:13:28)

Јас денеска го однесов мојот ПДП-ГДП образец, а за ова за породилново јас прв пат слушам, од кога е тоа така? Јас во 2010 бев на породилно, ама лани не однесов ГДП пријава, никој не ми кажал дека треба, ниту за првородено дете[sm=zmeden.gif]




Bjanka -> RE: Годишна даночна пријава (10.3.2012 12:44:47)

И моите сметководители ми рекоа дека треба да се пријави и си ја земав потврдата од фондот !




Martins mom -> RE: Годишна даночна пријава (11.3.2012 15:24:57)

Ete i mene mi stigna obrazec i utre go nosam vo UJP, zaradi nagradata sto mi se padna od Top Shop, letuvanjeto vo Grcija[sm=smiley1.gif] 10% od sumata na dobivkata[sm=smiley29.gif]-8500den.




sitalia -> RE: Годишна даночна пријава (13.3.2012 21:57:53)

jas deneska ja podnesov prijavata do UJP i tpoa bez porodilno koe mi pocna od noemvri no parite mi stignaa prvi na kraj na Januari. Taka da kolku sto sum jas informirana trba da se plati danok samo za uplatite koi stignale vo tekovnata godina. Od UJP mi potvrdija deka prijavata mi e vo red. E sega za narednata godina najverojatno se ke si prijavam sto mi legnalo i se e i taka odaneceno so 10%. Ne mi e jasno sto ima razlika dali ima 12 ili 14 plati vo edna godina. Sto ima razlika dali se prihodi od plata ili po drug osnov? Ne mi ebas jasno ova bidejki ima ramen danok. Da bese danokot progresiven da se zgolemuva za pogolemi prihodi razbiram no vaka stvarno ne mi e jasno. Ako ima nekoj iskustvo Ve molam da mi pojasni.
A da za parite od opstina i mene mi stigna potvrda i danokot e platen od strana na opstinata taka da samo treba da se prikaze vo prijavata.




ane/ -> RE: Годишна даночна пријава (13.3.2012 22:21:05)

Jas podnesov prijava vo UJP za za toa od platata a za porodilno ne ni pisav posto nemam seuste zemno, no ne znaev deka treba da go pisam i toa za ednokraten nadomestok za prvo deta, i sega sto? da ne treba da nosam dopolnitelno?




sitalia -> RE: Годишна даночна пријава (13.3.2012 22:44:05)

Ane/ imas moznost da podneses nova zamena mislam treba gore da stikliras do 15ti, no treba od kade ti ja dale ednokratnata pomos da ti stigne potvrda (e sega mozda mozes i da si pobaras). iskreno nemam pojma dali ima nekakvi sankcii osobeno ako danokot e platen. Ako pomognav dobro, tolku znam.




ane/ -> RE: Годишна даночна пријава (13.3.2012 22:58:01)

resenie mi stigna uste odma togas, i go cuvam, no ne znaev deka treba da go pisam i nego. osven platata posto imam i nekoi drugi mali dopolnitelni prihodi niv gi pisav no za ova ne znaev. i plus na reseniteo ne pisi kolku e bruto, i kolkav e danokot, i dali e platen????? tuku samo deka se isplateni 4906 den i tolku [sm=zmeden.gif] [sm=zmeden.gif]




oliva -> RE: Годишна даночна пријава (13.3.2012 23:13:53)

i men deneska od rabota me izvestija za vo ujp,imam bolovanje nad 21 den i sega zaradi toa trebalo da odam za da prijavam danok




Snowhite RR -> RE: Годишна даночна пријава (14.3.2012 8:01:18)

На мм па му рекле дека треба и колетите за Нова година од работа да ги пријават и сега денеска јас ќе ја носам неговата




Џесика -> RE: Годишна даночна пријава (16.3.2012 9:49:09)

Ајде прашање едно...јас сум невработена, а изминатава година учествував на студија за тестирање козметички производ, и за тоа добив надоместок. Мене не ми стигна никаква пријава, а на другарка ми и стигнало, ама она е вработена... дали треба ја да си пријавам сега, или ова важи само за дополнителен приход, пошто јас немам ни основен приход???




Felly RR -> RE: Годишна даночна пријава (16.3.2012 10:03:31)

Мислам дека нема врска - вработен/невработен. Сите треба да си пријават. Ама, зар не заврши пријавувањето вчера?




Octavia -> RE: Годишна даночна пријава (16.3.2012 10:35:56)

Јас со години имам само хонорарен приход, пријавена сум како невработена, ама си пријавувам данок секоја година, задолжително е. Парите од работата ми ги исплаќаат на сметка и штом е така, мора да се пријави. И фирмите за кои работам ми даваат секоја година потврди за оставрени приходи од кај нив во текот на годината, и врз основа на тоа се пријавува данок. Ама последниот рок беше вчера.




Maca25 -> RE: Годишна даночна пријава (16.3.2012 10:44:36)

Мислам дека секој прилив што ти стигнал на трансакциона сметка треба да го пријавиш. Мм вчера пријавуваше, и како и секогаш во последен ден, и завршил работа за 5 мин. А никаква пријава дома не му стигна.




Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>