AnnaMolly RR -> RE: Предности и мани на градинката (21.8.2012 15:42:56)
|
Е, комшике, и јас живци искинав што седеше детево во јасли до полни две години. Веќе одааааамна знае да збори, сам да јаде, а седи во група со деца од 12-15 месеци. Стопати ми се уназадуваше, бараше цуцла лажалка, а ни како бебе не ја сакаше, не цуцаше цуцла. Почна бебешки да ми зборува, да лази... И на секое мое прашање кога ќе го префрлат во поголемата група ми викаа дека немало место, многу деца биле, да чекам до септември па тогаш ќе го префрлеле. Еве по еден месец неодење денес го однесов пак, кога ќе се вратам да го земам баш и за ова пак ќе ги прашам. А Никола е напреден, зборува, разбира... Јас мислам од старт сама да бараш да оди во прва мала група, односно за деца над две години. и да инсистираш. Едит: А тоа подготвителна група, жими мајка. Нема такво нешто. Сите си се во јасли до две години и таму ама апсолутно ништо не прават со нив. Ни песнички, ни игри, ни ништо.
|
|
|
|