Bethany -> RE: Предности и мани на градинката (19.11.2013 11:35:26)
|
Мислев дека нема да пишувам на темава барем не уште скоро. Бев против градинките, барем овие на тукашниве простори, поради условите пред се, нормално ако и домашните услови тоа дозволуваа па да можам да сум дома со него.... ама како одминува времето колку и мене да не ми се допаѓа тоа, ги гледам потребите на син ми кои јас не можам да му ги исполнам. Му фалат другарчиња! Тука, во овој град сме сами, немаме ниту фамилија, па со братучеди да се игра, да се посетуваме, со тукашниве пријатели со деца евентуално ако се видиме еднаш неделно на два саати, и генерално осамен е. Не сакам 95 % од времето да поминува само со возрасни. [sm=smiley13.gif] Првин со мм зборевме дека ќе се обидеме таму следниот септември (кога Ј ќе има 3 години), меѓутоа како ја посматраме ситуацијата, би пробали и сега од пролет (ќе има 2 и пол год.) Тој е задоволно дете и сега, не знае за подобро нели, ама ние како родители, гледаме дека нешто му недостасува. Ние сме створени како социјални суштества, ама некако мислев таа потреба покасно ќе исплива,ама веќе ја гледам дека мора да се превземе нешто. И покрај тоа што мислиме дека воспитувањето иде од дома, и дека нема да биде несоцијализиран и ако не оди во градинка (на крај од краиштата не ми е битно дали некој ќе рече дека тој е социјализиран или не) туку гледаме дека му ТРЕБА тоа. Настрана и моите стравови и ставови дека во колектив е фрлен ко во огин што се однесува до болестите. Ете , оваа една предност (опкруженост со врсниците) ќе ја ставам изнад сите маани, па ќе видиме.
|
|
|
|