Felly RR -> RE: Алерго тест (25.4.2015 12:04:52)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Ilina87 Направивме алерго тест преку крв за повеќе видови на храна, се сомневавме на јајце излезе дека е алергичен на чоколадо, јагода и орев и можно да е во мала доза алергичен на јајце, што допрва треба да се провери. Премногу стресно за толку мало дете, одвај доседи во иста положба 20 минути. Ме интересира по колку време исчезнуваат овие алергии бидејќи ни кажаа дека не се доживотни? Илина, никој не може со сигурност да ти каже дали ќе исчезнат. Но како што детето расте, имунитетот се зајакнува, и некаде околку 5 години, може да ги надмине. НИе еве бевме цело време под терапија, според алерго тестот што го прававме пред 2 год. М испадна алергична на чоколадо, мувла, дерматофагоиди, куче, маче. Околу НОва ГОдина, сами со мм одлчивме да ја прекинеме терапијата, и еве да не ја подречам, веќе 4 месеци е без терапија за алергија, си јаде чоколадо, дерматофагоиди секако не е можно сосема да биде изолирана, зошто ги има насекаде, исто и мувлата - самата влага во воздухот го има истиот ефект, така што не е изолирана од тие алерегени, но сега не покажува никаква реакција. Се надевам дека сме ја надминале алергијата, а се надевам дека и кај вас ќе биде така. P.S. Немаме направено нови алерго тестови, ама битно е што нема реакција на овие работи што ги набројав.
|
|
|
|