|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  4 5 6 [7] 8   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Алерго тест
19.5.2013 14:43:27   
Annet
Баш вчера на Шестиот ден беше гостинка Др.Ежова.Ми остави толку убав впечаток.Зборуваа за алергии и како се третираат,и на кој начин кај која возраст се утрвдува алергија.
Мене ме чуди тоа што кажа дека кај деца помалки од 3 години не се прави кожен тест,а читам дека во клиниките така прават кај малите деца.
Дека само преку крв се утврдува до 3 годишна возраст.
Е сега јас гледам дека И повраќа од млекото,и се гуши,буквално,штом се напие млеко-кравјо,почнува да кашла и повраќа,од друго не кашла.
Јас утре морам да закажам,препорачајте ми дали Адралаб,дали Систина,каде и да е само да е на приватно,и во еден ден да дадат резултати.И да замениме друго млеко.Јас земав соино,преубав вкус има,ама не се давало под 3 години,е за денес незнам какво да и дадам,оти И немиже без млеко да функционира.....

(Одговор на членот kikicka)
Непосредна врска до пораките: 151
   RE: Алерго тест
19.5.2013 15:06:22   
Felly RR
Анет, јас мислам до 3 години дека не се прави, оти може да има бурна алергиска реакција, а инаку тој е поверодостоен.
А за соино млеко - не се дава оти и тоа спаѓа во групата на алергени. Ама па до 3 години да не се дава, не сум слушнала. Јас мислам да пробаш да и дадеш мала количина, па да видиш дали ќе има реакција.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Annet)
Непосредна врска до пораките: 152
   RE: Алерго тест
19.5.2013 16:32:25   
mami2
Алергиски тестови прават на помали деца на Клиника, ама тешко оди со додржувањето да отседат мирни. Затоа повеќе праќаат на анализа преку серум, на Имунологија.

Имаку за млеко може да даваш оризово, има во тетрапак, ама не купувај на Виталија, туку од тоа белгиското мислам дека беше. Густо е може да се разреди со малку вода, или оризова вода. Јас од тоа му давав, во асортиманот има и соино, ама ми беше шубе да му давам дека читав сојата содржи естрогени хормони, а тој машко дете, а може и немало врска тоа. Јас се одлучив за оризовото, добро го прифати. После постепено го враќав кравјото, по 10-15 мл зголемував секој ден.

(Одговор на членот Annet)
Непосредна врска до пораките: 153
   RE: Алерго тест
19.5.2013 16:42:53   
Annet
Ви благодарам многу user posted image

(Одговор на членот mami2)
Непосредна врска до пораките: 154
   RE: Алерго тест
20.5.2013 8:10:59   
penelopa

ИЗВОРНА ПОРАКА: mami2

Алергиски тестови прават на помали деца на Клиника, ама тешко оди со додржувањето да отседат мирни. Затоа повеќе праќаат на анализа преку серум, на Имунологија.


напротив мислам дека кожните тестови се помалку стресни отколку зимање крв.
Барем кај нас е така плус мислам дека се веродостојни бидејќи одма се покажува реакција доколу е присутна алергија.


_____________________________

"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu

(Одговор на членот mami2)
Непосредна врска до пораките: 155
   RE: Алерго тест
20.5.2013 9:38:45   
Malecka23

ИЗВОРНА ПОРАКА: kikicka RR

Јас звонев и звонев кај Ежова. Работеле до 12 т. е до тогаш примале пациенти а имало доста ред за чекање. Па така се откажав јас од ежова и отидов на имунологија.
ИЗВОРНА ПОРАКА: Malecka23

Ako moze nekoj da mi dade info za alergo testovi kaj Ezova.Dali se zakazuva(brojce) dali e sigurno deka do 10 rab dali treba da bideme jadeni nejadeni...M e celata isipana ocinjata i potekuvaat pocrvenuvaat utvrdeno mi e deka e alergicna na bekutan kozmetika najverojatno polen i iako sme skoro 9 moram da ja odnesam da vidam sega alergijata od sto i e posto se poveke se siri a nikako da utvrdam od sto e




eeee i ja zvonev i zvones i se zaboraviv od zvonenje.Taka da nisto od kaj nea.Aj pls kazi mi sto napravivte na Imunologija?Se zakazuva kaj koj dok bevte kolku vi naplatija kolku cekavte.se mislam dali da ja nosam na Klinika ili na privatno.
Osipot i se povlece kolku tolku ne ja setam koga ja kosat trevata doma i gledam deka malku po malku se povlece ama sepak mora da utvrdime se za da znaeme za ponatamu

(Одговор на членот kikicka)
Непосредна врска до пораките: 156
   RE: Алерго тест
20.5.2013 23:42:46   
mami2

ИЗВОРНА ПОРАКА: penelopa


ИЗВОРНА ПОРАКА: mami2

Алергиски тестови прават на помали деца на Клиника, ама тешко оди со додржувањето да отседат мирни. Затоа повеќе праќаат на анализа преку серум, на Имунологија.


напротив мислам дека кожните тестови се помалку стресни отколку зимање крв.
Барем кај нас е така плус мислам дека се веродостојни бидејќи одма се покажува реакција доколу е присутна алергија.


е кај нас тоа трае 20ина минути, детето треба да ја држи раката во хоризонтална положба барем пола од тоа време. Пред тоа со пенкало му бележат броеви, па грепкаат по кожата со остро шило, па ставаат капки од алергените, па треба да се внимава капките да не се разлеат и допрат и се чека...... се отчитува и се мачка со Синопен. Ова е доста стресно за некој кој има 2 години.

(Одговор на членот penelopa)
Непосредна врска до пораките: 157
   RE: Алерго тест
29.5.2013 13:25:42   
Annet
Ние вчера направивме алерго тест во Авицена,излезе дека не е алергична на млеко,јајца,тоа што мислевме дека е.само малку на куче покажа.Многу сум среќна....конечно ќе си пие млекце детулево

(Одговор на членот mami2)
Непосредна врска до пораките: 158
   RE: Алерго тест
29.5.2013 17:02:58   
Bethany

ИЗВОРНА ПОРАКА: Annet

Ние вчера направивме алерго тест во Авицена,излезе дека не е алергична на млеко,јајца,тоа што мислевме дека е.само малку на куче покажа.Многу сум среќна....конечно ќе си пие млекце детулево


Е браво Аннет. Конечно да си знаете сега и да бидете раат.
А се смири ли повраќањето после млекото, откри ли во што е проблем?

(Одговор на членот Annet)
Непосредна врска до пораките: 159
   RE: Алерго тест
29.5.2013 17:13:28   
Annet
Vo istata labaratorija odnesovme i brs od nose i grlo,pa utre cekame rezultat,eve ne pie kravjo mleko i ne jade jajca i ne povraka mnogu,ama povraka slajmovi seuste.I ne se vcrvenuva kako pred 2 nedeli.
E sega imajki vo predvid deka nema 3 godini,mislam deka ima alergija na mleko i jajca ,ama e mala i mislam deka ne se pokazuva 100% tesot.Jas ke vnimavam da ne i davam kravjo mleko i jajca do 3 godini,ke zemam Ad mleko,i taka ke terame.Srekna sum sto moze da jade ovosni pudinzi jogurtcinja,sladoled,chokolada..mmm zatoa.
I da kazam deka od koga ne pie kravjo mleko jade se drugo,pred toa samo na mleko ziveese,pa i ne e se kravjoto mleko:)))) Utre ke pisam na temata za mikrobioloski brisevi:)))))

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 160
   RE: Алерго тест
6.6.2013 13:54:37   
Душичка

Здраво, јас сум нов член и мило ми е што ќе се дружиме. Пред 9 месеци станав мајка и постојано ме мачи едно прашање-мојата мала постојано чеша очи и нос. Ме интересира дали е можно да е алергија и дали е сеуште мала за алерго тест. Бевме на лекар, ни рекоа нормална реакција и дека со тек на време ќе престане, ама се повеќе продолжува, дури и во сон постојано се чеша. Доколку некој имал таков проблем, Ве замолувам да ми пишете.

< Поракaта ја уредил sandriana RR -- 6.6.2013 14:04:09 >

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 161
   RE: Алерго тест
6.6.2013 14:07:01   
Bethany
Душичка, првин добредојде, се надевам ќе продолжиш да не дружиш.

Син ми како бебе се чешаше, и носето и очите, па не е алергичен.
Не знам колку е тоа постојано кај вас, кај нас беше на периоди, ама рано е за алерготест на оваа возраст.

Јас понекогаш кога син ми се чешеше поврзував со процес на растење на запчиња, некогаш и ушите ги чешаат, или се вцрвенуваат во обравчиња... Обично кога се чешаше тој период одбиваше да пие млеко, па си мислев да не е некој вирус, ама се си беше ок, ама ете изгледа е нормално, и ден-денес не ми е јасно. Како помал повеќе се чешеше, сега не, а сега е 20 мес. Тоа е нашето искуство. user posted image
И штом докторот не сметал дека е нешто загрижувачки, највероватно е така.
Секако ќе следиш понатаму, па пак ќе побараш преглед и мислење.


< Поракaта ја уредил Bethany RR -- 6.6.2013 14:12:53 >

(Одговор на членот Душичка)
Непосредна врска до пораките: 162
   RE: Алерго тест
6.6.2013 14:09:31   
sandriana RR
Здраво Душичка, добредојде на РРаја user posted image
Во врска со твојот проблем - би требало да ти дадат упат за микробиологија, за да елиминирате присуство на бактерија. Можно е и да е алергиска реакција- но за тоа сепак треба да каже педијатар. Сепак не е нормално константно бебе да се чеша за нос и очи, сигурно нешто го иритира и ја предизвикува таа негова реакција. Побарај и второ мислење, од друг педијатар.
А ако некоја од нашите мајки имала вакво искуство, секако ќе споделат.

(Одговор на членот Душичка)
Непосредна врска до пораките: 163
   RE: Алерго тест
7.6.2013 12:17:27   
Душичка
Ви благодарм

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 164
   RE: Алерго тест
10.6.2013 14:10:46   
maja5
Zdravo jas imam praveno alergo testvo Jane S. so sini kartoni e 900 den.a privatno 7 000 den ,ama drugi ni kazaa deka ne e tolku validen po siguren bil toj so grepkanje so se pravi vo kozle pozdrav

(Одговор на членот ivche)
Непосредна врска до пораките: 165
   RE: Алерго тест
1.2.2014 23:42:47   
Felly RR
Ние сакаме пролетва да го повториме алерготестот, во СК, и матичната ни препорачува само во Козле, дека биле најстручни. Какво искуство имате со Козле, мамички, и дали имате некоја препорака за конкретен лекар.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот maja5)
Непосредна врска до пораките: 166
   RE: Алерго тест
16.2.2015 15:55:40   
Mila mamicka
Драги мамички, ми треба совет од вас. Син ми, откако тргна во градинка есенва, за 3 месеци три пати имаше или бронхит или бронхопневмонија. Матичната ми препорача да направиме алерго тестови. Би сакала да ги направам тестовите во Систина и да го однесам таму кај Др. Баџакова, која многу ја фалат за овие проблеми. Прашањето ми е, ако сте имале искуство, дали прво да ги направам алерго тестовите и со резултатите да одам кај докторката, или пак да одам прво кај докторката да видам што ќе ми каже таа? Ова го прашувам затоа што не сме од Скопје, па да знам како побрзо би завршиле работа кога ќе дојдеме во Скопје. Имала ли некоја мамичка искуство со оваа докторка?

_____________________________

Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 167
   RE: Алерго тест
5.4.2015 22:52:11   
Melanija RR
Се појави сомнеж дека М е алергичен на белка.Искуства со испитување преку крв, каде Јанасандански,Кожно,Детска клиника?

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Mila mamicka)
Непосредна врска до пораките: 168
   RE: Алерго тест
5.4.2015 23:37:41   
kapina
Melanija jatrvata na decata i pravese alergotest na klinikata vo kozle

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 169
   RE: Алерго тест
6.4.2015 13:25:01   
AneLav RR
Меланија јас мислам најубаво во Козле бидејќи таму имаат најмногу алергени за испитување.Поздрав!

_____________________________

Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 170
   RE: Алерго тест
22.4.2015 13:27:42   
eli07
Jas go nosev M na alergo testovi preku krv posto nema polni 3 godini.Prv pat pravevme pred 1 mesec vo Jane Sandanski kaj Ezova, ali normalo nemaa alergeni za se i ni napravija samo na hrana.Za inhalatorni otidov vo Kozle si fativ vrski i si zavrsiv rabota za pola saat.Ne mi jasno samo edna rabota, zosto samo na 7 alergeni ni napravija vo Kozle (navodno tolku bilo maksimum)
dva tipa na prasina,dva tipa na treva,polen i uste 2 gi zaboraviv.Rezultati treba da zemam za 1 nedela.Sakav da mu napravat i na vlakna od kucinja,macki i takvi raboti user posted image

(Одговор на членот AneLav RR)
Непосредна врска до пораките: 171
   RE: Алерго тест
24.4.2015 22:39:36   
Ilina87
Направивме алерго тест преку крв за повеќе видови на храна, се сомневавме на јајце излезе дека е алергичен на чоколадо, јагода и орев и можно да е во мала доза алергичен на јајце, што допрва треба да се провери.
Премногу стресно за толку мало дете, одвај доседи во иста положба 20 минути.
Ме интересира по колку време исчезнуваат овие алергии бидејќи ни кажаа дека не се доживотни?

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 172
   RE: Алерго тест
24.4.2015 23:50:52   
Melanija RR
Ilina87 а зошто и кожен тест?За што? За јајцето преку крв, повисока вредност, оделно за жолчка оделно за белка?МОже да ми објасниш

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Ilina87)
Непосредна врска до пораките: 173
   RE: Алерго тест
25.4.2015 12:04:52   
Felly RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Ilina87

Направивме алерго тест преку крв за повеќе видови на храна, се сомневавме на јајце излезе дека е алергичен на чоколадо, јагода и орев и можно да е во мала доза алергичен на јајце, што допрва треба да се провери.
Премногу стресно за толку мало дете, одвај доседи во иста положба 20 минути.
Ме интересира по колку време исчезнуваат овие алергии бидејќи ни кажаа дека не се доживотни?

Илина, никој не може со сигурност да ти каже дали ќе исчезнат. Но како што детето расте, имунитетот се зајакнува, и некаде околку 5 години, може да ги надмине. НИе еве бевме цело време под терапија, според алерго тестот што го прававме пред 2 год. М испадна алергична на чоколадо, мувла, дерматофагоиди, куче, маче.
Околу НОва ГОдина, сами со мм одлчивме да ја прекинеме терапијата, и еве да не ја подречам, веќе 4 месеци е без терапија за алергија, си јаде чоколадо, дерматофагоиди секако не е можно сосема да биде изолирана, зошто ги има насекаде, исто и мувлата - самата влага во воздухот го има истиот ефект, така што не е изолирана од тие алерегени, но сега не покажува никаква реакција. Се надевам дека сме ја надминале алергијата, а се надевам дека и кај вас ќе биде така.
P.S. Немаме направено нови алерго тестови, ама битно е што нема реакција на овие работи што ги набројав.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Ilina87)
Непосредна врска до пораките: 174
   RE: Алерго тест
25.4.2015 13:19:06   
Ilina87
Меланија, јас се збунив само кожен тест правевме, тој што е со боцкање по рацете и ставање од алергените на местата. Ме збуни дека сепак беше со боцкање, а тој преку крв не знам како се изведува. Инаку на варено јајце го тестираа значи и белка и жолчка и прво покажа дека е алергичен, но откако почекавме 20 минути испадна дека не е. И јас не ја разбрав добро докторката, но рече ќе повториме за јацето. Изгледа е во мала доза алергичен, засега треба да го избегнуваме јајцето. На инситирање на докторката направивме и за другите видови на храна, бидејќи често му се јавува некој осип, а еднаш беше и посериозно поради сируп цефалексин со вкус на јагода. Така да испадна дека е алергичен и на јагода. Кога јади чоколадо често му се вцрвуваат образите.
Фели, нас не ни препишаа никаква терапија, ни рече само да избегнуваме чоколадом орев и јагода и дека со тек на време ќе се изгуби. Се надевам дека ќе биде така.

(Одговор на членот Annet)
Непосредна врска до пораките: 175
Страница:   <<   < Претходна страница  4 5 6 [7] 8   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  4 5 6 [7] 8   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?