RE: Родителска средба (во градинка) (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Забавиште и чување на детето



Порака


Luci -> RE: Родителска средба (во градинка) (18.9.2012 10:11:59)


ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

Денес во 5 сум на првиот родителски во мојот живот, во улога на родител..туф, туф, чудно се чувствувам [sm=smiley36.gif] Едвај чекам..

Me too[sm=smiley2.gif]




vezilka RR -> RE: Родителска средба (во градинка) (18.9.2012 10:12:09)

Во Пчелка 2, во Лисиче..И ние сме во јасли, ама поголемката група и си прашав денес дали важи за нас и ми рекоа, секако, секако [sm=smiley36.gif]




AnnaMolly RR -> RE: Родителска средба (во градинка) (18.9.2012 13:21:01)

Јас сум утре во 17 часот на родителска и едвај чекам!

Само имам едно прашање, дали со деца се седи или без? Да организирам некој да го причува или како?




nadica -> RE: Родителска средба (во градинка) (18.9.2012 13:26:17)

kaj nas rekoa ako moze da si organizirame nekoj rug da go zeme od gradinka ama jas nemozev da najdam nikoj i N i uste 3-4 deca bea so nas vo zanimalnata




miana -> RE: Родителска средба (во градинка) (18.9.2012 13:29:00)

I kaj nas imase nekolku deca,megutoa bea bucni i navistina bese neprijatno ucitelkata da se nadvikuva za da kaze nesto..Ako ima koj da gi cuva ne gi nosete,no ako nemate drugo reeni - nosete gi i kazete im da bidat mirni kako bubacinja :)




mama toci -> RE: Родителска средба (во градинка) (18.9.2012 15:03:41)

Aj da se prijavam i jas vo buba mara denes vo 17.00,samo ne znam kako ke stignam,so brzina na svetlinata[sm=jezicek.gif].Lani od radost odma plativme za boicki,flomasteri i ostale stvari(550 den.),ama nisto ne vidovme od toa-zimata si ja presedovme doma




Yummy Mammy -> RE: Родителска средба (во градинка) (19.9.2012 9:21:17)

ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR

Само имам едно прашање, дали со деца се седи или без? Да организирам некој да го причува или како?


Nie vcera imavme roditelska, edna od vospituvackite bese zadolzena da gi sobere i pricuva tie nekolku decinja sto roditelite nemale kade da gi ostavat, (po 2-3 od site grupi vo gradinkata), se razbira ne bea so nas vo zanimalnite, tuku vo hodnikot kade gi soblekuvaat paticinjata nesto si igraa. Smesno bese zatoa sto ne dzirkaa niz vata i se pojavuvaa na prozor da ni pravat smeski [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Luci -> RE: Родителска средба (во градинка) (19.9.2012 9:43:44)

И јас вчера прв пат на родителска, леле колку бев возбуденаааа[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]Од толку деца во групата(28) бевме присутни само 4 родители. Ни кажаа работи што и секојдневно ни ги кажуваат, дали јадат, пијат, спијат. За М. секако ми кажаа и дека е многу 'мирен', дека ги поместува дрвените креветчиња од една на друга страна[sm=jezicek.gif] После нова година почнуваат со групно одвикнување од пелени и исто така и ние да почнуваме дома тој период и тооооо[sm=smiley1.gif]А ... да не заборавам, и рекоа дека собираат пари за ТВ на спратот, доброволно кој сака да остави по 50 или 100 денари, не е задолжително воопшто и така...




vezilka RR -> RE: Родителска средба (во градинка) (19.9.2012 9:52:10)

Моооре, како за прв пат јас сум задоволна од родителскиот. Учителките и негувателките ги бендисав. Ни ја образложија програмата по која ќе работат, поделена на 8 области. Ни кажаа низ кои игри ќе ги обработуваат темите, ни ги покажаа играчките, сликовниците и другите материјали. Ни ги објаснија групните проекти на градинката. Потпишувавме согласност за фотографирање и учество на децата во екскурзии и групни прошетки. Избравме родителски одбор. Го дискутиравме куќниот ред и на крај имавме точка разно на која сите имаа можност да постават прашања за своите деца или нешто друго.




Snowhite RR -> RE: Родителска средба (во градинка) (19.9.2012 10:28:43)

Пред точно една година на денешен ден почна Михаил да оди во градинка, а во цела година не не' повикале на родителска средба[sm=zmeden.gif]




miana -> RE: Родителска средба (во градинка) (19.9.2012 10:46:27)


ИЗВОРНА ПОРАКА: mama toci

Aj da se prijavam i jas vo buba mara denes vo 17.00,samo ne znam kako ke stignam,so brzina na svetlinata[sm=jezicek.gif].Lani od radost odma plativme za boicki,flomasteri i ostale stvari(550 den.),ama nisto ne vidovme od toa-zimata si ja presedovme doma


Ee i na kerkami mislam deka se od lani i e novo.... Od cela godina nie vkupno 1 ipol mesec dali sme bile,a godinava kupuvame jovo - na novo.
Kaj nas vo gruva se 23 deca od koi 11 devojcinja i 12 maski
I nie potpisavme soglasnost za aktivnosti nadvor od gradinkata





AnnaMolly RR -> RE: Родителска средба (во градинка) (20.9.2012 9:52:59)

Вчера бев на родителска и сум презадоволна од воспитувачките, од занималната, од програмата што ја имаат и од се! Се почувствував како да сум во некоја установа по светски рамки.
Воспитувачките се одлични, немам зборови. Ни ја објаснија програмата и редот на градинката, ни раскажаа како им поминува еден ден во градинка. И ние потпишавме дозвола за фотографирање и прошетки надвор од градинката.
Не прошетаа наоколу, видовме какви им се тоалетите, каде ги шетаат во градинката.
Пријатно се изненадив дека секое дете си има своја постелина со свое име и презиме и дека не ги мешаат. Ги переле постелините од секоја група посебно за да нема мешање со другите групи.
Секој месец им вршеле систематски со мерење тежина и висина, вид, слух и се по ред. Ги учеле сами да јадат и имале голем напредок, ни рекоа и ние дома сами да им даваме да јадат.
За секое дете ни кажаа по нешто.
За Филип ме пофалија дека само тој и уште две деца биле целосно одвикнати од пелени, на другите им рекоа да почнат со одвикнување. Ми рекоа дека најмногу зборувал од сите, дека никој не стигнувал да каже нешто од него. Учителката вика дека зборувал повеќе и од неа. Вика „Јас сум муабетџика по природа, ама Филип не можам да го надзборам“. [sm=jezicek.gif]
Една мајка праша дали си играат заедно дечињата или секој си тера по свое и воспитувачката рече дека сите си играат посебно, освен мојов швалер што си играл исклучиво со три девојчиња. Воспитувачката вика „имаме еден клан од четири деца што се неразделни, Филип и три девојчиња цело време се фатени за раче и цело време заедно си играат, дури и еден до друг сакаат да спијат“ [sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif]

Се изнапишував, ама многу убаво си поминав, воодушевена сум од се и морав да споделам.




Yummy Mammy -> RE: Родителска средба (во градинка) (20.9.2012 11:54:33)

Nie na roditelskata pred nekoj den pustivme spisok sekoj roditel da zapise ime na dete, ime na roditel, e-mail i telefon, edna majka go sredi vo tabela i go prosledi do site roditeli. Nie i bez toa se druzime i se gledame i na igraliste i na rodendeni, no sepak ova e mnogu korisno za roditelite za razmena na iskustva vo vrska so gradinkata i programata. Se razbira deka sekogas ke ima po nekoj sto ne saka da sorabotuva, no vo globala dobro e da se cuvstvuvame kako grupa i zaednicki da deluvame za se - i za nosenje vo teatar, i za prevoz, i za drugi setanja i trosoci, za kupuvanje za Nova God i slicno...

Bi vi predlozila i vie da go napravite istoto kaj vas, zatoa sto drugo e roditelite da kontaktiraat megju sebe i decata da se druzat, drugo e da se potpirate samo na ona sto ke vi go kazat ucitelkite (kolku i da bile dobri tie).




vezilka RR -> RE: Родителска средба (во градинка) (20.9.2012 14:20:14)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Yummy Mammy

Nie na roditelskata pred nekoj den pustivme spisok sekoj roditel da zapise ime na dete, ime na roditel, e-mail i telefon, edna majka go sredi vo tabela i go prosledi do site roditeli. Nie i bez toa se druzime i se gledame i na igraliste i na rodendeni, no sepak ova e mnogu korisno za roditelite za razmena na iskustva vo vrska so gradinkata i programata. Se razbira deka sekogas ke ima po nekoj sto ne saka da sorabotuva, no vo globala dobro e da se cuvstvuvame kako grupa i zaednicki da deluvame za se - i za nosenje vo teatar, i za prevoz, i za drugi setanja i trosoci, za kupuvanje za Nova God i slicno...

Bi vi predlozila i vie da go napravite istoto kaj vas, zatoa sto drugo e roditelite da kontaktiraat megju sebe i decata da se druzat, drugo e da se potpirate samo na ona sto ke vi go kazat ucitelkite (kolku i da bile dobri tie).


Добра ти е идејата, хм..може ќе потегнам муабет и кај нас.




Felly RR -> RE: Родителска средба (во градинка) (20.9.2012 14:35:17)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite RR

Пред точно една година на денешен ден почна Михаил да оди во градинка, а во цела година не не' повикале на родителска средба[sm=zmeden.gif]

Да не ги имате пропуштено ако тие денови не сте биле. Кај нас кога има родителска, има соопштение на вратата од занималната.




Natuska85 -> RE: Родителска средба (во градинка) (25.9.2012 16:42:59)

И ние утре имаме родителска средба во 5..ааа..возбудена сум[sm=smiley1.gif]




majmunce -> RE: Родителска средба (во градинка) (27.9.2012 20:56:18)

i nie denes imavme roditelska sredba nasa idnina - prilep i temata na roditelskata bese proektot za vklucuvanje na decata romcinja vo gradinkite samo vo trizla ke se primat 50 romcinja a nasite grupi se polni so min 30 deca i sega ke bidat po 45 vo grupa ........... nervoza ejjjjjjjjj




Snowhite RR -> RE: Родителска средба (во градинка) (15.10.2012 17:26:19)

Еве сум заборавила да пишам дека имавме родителска минатиот месец и за малку ќе ја пропуштев, претходниот ден не беше М во градинка и кога наредниот ден го зедов го прочитав соопштението и влегов, така да почетокот го пропуштив, а главна тема беше тоа дека има премногу деца во групите, а тие као демек немале услови за градење, големи биле трошоците за затоплување, а цената што ја плаќаме била ниска, па сега се мислам кога ќе ја покачат, уште во градинките не му текнало да покачат цена. Па не тешаа дека нема сите деца да останат, дека ќе почнат да се разболуваат и ќе поченеле да ги отпишуваат, а пред тоа кажуваа дека не се сите примени дека има еден куп што се на листа на чекање, па еден родител му вика, па нели има листа на чекање, ако едни се отпишат ќе примите други и тогаш не знаеа што да одговорат. Во глобала тоа беше и воопшто не сум задоволна од родителската




Felly RR -> RE: Родителска средба (во градинка) (4.9.2013 18:13:09)

Ние бевме денес на родителска во градинка. Прво сите родители заедно во трпезаријата, и директорката општо зборуваше за куќниот ред во градниката - кога да се носат децата, брисеви и сл, па курс по англиски, нешто за програмата, и повеќе за плаќањето кое сега ќе биде унапред за секој месец.
Потоа во занималната, со воспитачките, и тие накратко ни објаснија за потребен прибор, како се снајдуваат со дечињата и така, не беше нешто кој знае што, ама па прв пат до сега имаме родителска со воспитачките.




vezilka RR -> RE: Родителска средба (во градинка) (4.9.2013 18:25:29)

Нам уште не ни ја закажале годинава, хм.




Bilence2 -> RE: Родителска средба (во градинка) (4.9.2013 23:34:27)

Na vratata od gradinkata pisuvase deka ke ima roditelska za site grupi. Jas se nacrtav na vreme i mi vikaat ...ama za jasli nema roditelska[sm=zmeden.gif] e sto taka? Pa i jas sakam da znam kolku deca ima vo grupata, kako se odnesuvaat, dali i kako gi smiruvaat, kolkava vozrast se ostanatite deca, kakvi iskustva imaat ostanatite roditeli...a toa izleze ko jas da sum padnala od mars. Sto ima za jasli da se zbori, velat nema programa za bebinja[sm=zmeden.gif]; brej...pa na vrata koga go zemamM gi koristam 20 tte sekundi da prasam kako pominal denes, pa i ne treba didusa sekoj roditel da prasuva kup povtoruvacki prasanja individualno. Moze na roditelska da si prasame nekoi raboti, pa i jas ne sakam nekoe drugo dete da bide zapostaveno dodeka jas prasuvam se i sesto na vrata pa ne sakam nitu moeto da bide zapostaveno zasto drug roditel ja zadrzuva negovatelkata na vrata.
E ke si citame na forumi iskustva oti vo zivo...samo kukanje za uslovite vo gradinkata a pomalku info za decata.




AnnaMolly RR -> RE: Родителска средба (во градинка) (5.9.2013 9:30:13)

Биленце, прашај ја учителката кој им е приемен ден. Кај филип последната сабота во месецот учителката останува до 18:00 и секој родител може да дојде и да влезе во занимална, да си разговара со неа.
Или следниот пат кога ќе го носиш замоли ја да те пушти до занимална ти да го однесеш и да поседиш 5 минути да видиш што прави... Кај нас пуштаат вака. Или прати фотоапарат да ги сликаат децата во текот на денот, така ќе добиеш претстава што прават.
Во која градинка одите?

А ние ќе имаме родителска следната недела, едвај чекам :)




Bilence2 -> RE: Родителска средба (во градинка) (5.9.2013 22:56:16)

Ooo kolku bi sakala da me pustat da go gledam sto pravi
Ama pravila imaat i ne pustaat. Iskreno, i dobro sto ne pustaat, iako kopneam da go vidam vo taa atmosfera kako se odnesuva.




vezilka RR -> RE: Родителска средба (во градинка) (16.9.2013 10:49:17)

Родителската ни е закажана за утре. Имам неколку прашања спремни, за приемниот ден обавезно ќе прашам, ќе предложам група да оформиме на ФБ каде би комуницирале родителите и така. Ајде ќе кажам впечатоци после родителската.




Mihaela 2010 -> RE: Родителска средба (во градинка) (16.9.2013 11:01:58)

Kaj nas uste nisto ne kazale,do dusa nas denes ni e prv den ama kaj i da e bi trebalo da zakazat,ke vidime ovaa godina kako ke bide,ucitelkata sto i bese vekje ja nema pa taa so bese neguvatelka ja unapredija vo ucitelka a na nejzino mesto vrabotile nekoja sto bila ucitelka vo privatna gradinka,pa majkive mi spomnaa kako bila krajno ljubezna u kulturna pa me raspolozi toa..koj znae ke vidime




Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4   Следна страница >   >>