|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  5 6 7 8 [9]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Месо
15.5.2014 14:34:44   
deluxe


телешкото месо ,ке го свариш само местото еднаш да зоврие,ја истураш таа вода,полниш одново и го вариш,додади му компир и морков ,сето тоа изблендирај го како кашичка и ручкајтеuser posted image

< Поракaта ја уредил Felly RR -- 15.5.2014 15:11:26 >


_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 201
   RE: Месо
15.5.2014 14:52:40   
Hunny
Јас колку што ја разбрав Меланија прашува за претходната дискусија во врска со жолчката и месото. Избегнувај да даваш месо и жолчка ист ден.

< Поракaта ја уредил Felly RR -- 15.5.2014 15:11:42 >

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 202
   RE: Месо
15.5.2014 15:09:06   
Felly RR
Дискусијата за жолчка е префрлена во соодветната тема КЛИК.
Меланија мислам дека веќе со 9 месеци, нема потреба да му даваш само од водичката, слободно стави едно мало парче месо во зеленчукот и изблендирај го заедно. Може да му даваш преку еден ден месо, Кога ќе почнете со жолчка, како што ти пиша Хани - еден ден месо, еден ден жолчка.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Hunny)
Непосредна врска до пораките: 203
   RE: Месо
15.5.2014 15:56:47   
Melanija RR
Мислев на сето тоа user posted image благодарам
Помислив да не има поврзаност меѓу месото и жолчката, да не мора заедно зошто жолчка уште нема пробано.
Така ќе го подготвам и одма месо ќе му дадам.user posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 204
   RE: Месо
23.7.2014 13:13:47   
Martins mom
Мами, ние наполнавме 8 месеци , а јас месо никакво немам даено. Нели, се почнува со телешко, ама никаде во месарниците нема, а ми рекоа и дека нема да има до есен???user posted image Идеја што да правам??

_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 205
   RE: Месо
23.7.2014 15:27:49   
jasmina81
zosto samo so telesko mozis da pocnes i so pilesko duso nie sme 6 meseci i jas od kaj 7 planiram da vovedam meso i toa da pocnam so pilesko a ne so telesko

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 206
   RE: Месо
23.7.2014 16:33:11   
Melanija RR
Хм зошто до септември? Кога прашав шедијатар што е најдобро за почеток (8 месеци ) ми рече телешко.Досега (11 месеци) сме на тоа,пилешко мислев преку купечки бидејќи наводно пилешкото е нај кљукано со сешто па затоа мисле.Некаде прочитав дека мисиркиното исто било добро но незнам од која возраст.

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот jasmina81)
Непосредна врска до пораките: 207
   RE: Месо
23.7.2014 16:45:14   
deluxe

ИЗВОРНА ПОРАКА: Martins mom RR

Мами, ние наполнавме 8 месеци , а јас месо никакво немам даено. Нели, се почнува со телешко, ама никаде во месарниците нема, а ми рекоа и дека нема да има до есен???user posted image Идеја што да правам??


Martins mom за почеток воведи пилешко месо(по можност да си најдеш пиле од селска фарма,не од продавница),истото важи и за телешкото месо.Јас и двата вида месо до ден денес му ги набавувам од домашна фарма.Доколку живеете со некои луѓе (од село) може од кај нив да си набавиш,не шетај по месарници.

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 208
   RE: Месо
23.7.2014 17:41:56   
Martins mom
A juneskoto od koga se dava?

_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 209
   RE: Месо
23.7.2014 17:57:03   
Ilina87
Мене ме интересира од телешко месо што давате, само удина? Исто и за пилешкото, јас му давам само од белото месо, а од телешко само чиста удина. Тоа е најскапо, ама некогаш и нема по месарниците само удина, или е само со коска или пак ми нудат јунешко месо. Од кога може да се дава од другото месо, да не се конкретно само овие две?

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 210
   RE: Месо
24.7.2014 10:06:37   
sandriana RR
Ilina87, од месо со коска можеш слободно да даваш - ем супа ќе добиеш, ем од месото ќе исчистиш. Јунешко (или бејби биф што го пишува во Веро) исто слободно може да даваш, тоа е чист мускул. Пилешко - батачиња сум давала , убаво изварени (помеко е месото и посочно, отколку белото, иако јас не сум за пилешко, заради хормоните). Над 9-10 месеци секакво мевце (јунешко, телешко, говедско, мисиркино, пилешко) може да се дава, само да е свежо и проверено.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Ilina87)
Непосредна врска до пораките: 211
   RE: Месо
24.7.2014 12:00:45   
Ilina87
Фала sandriana RR. Инаку пилешко му давам само домашно, го земам од луѓе што ги познавам. Ама ете досега само од белото месо му давав, а некако малку е само бело.

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 212
   RE: Месо
24.7.2014 13:53:46   
Melanija RR
Информации за добро проверено месо од месари низ СК и другите градови?
Ние зимаме телешко шол од месара Поповски во Лептокарија ,добиваат секој четврток,но ако сте од подалеку прво телефонски проверете дали е дојдено

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Ilina87)
Непосредна врска до пораките: 213
   RE: Месо
26.7.2014 11:27:03   
Snowhite RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Martins mom RR

Мами, ние наполнавме 8 месеци , а јас месо никакво немам даено. Нели, се почнува со телешко, ама никаде во месарниците нема, а ми рекоа и дека нема да има до есен???user posted image Идеја што да правам??

Мартинс мам, зошто со телешко, јас како што знам од 6 месеци се почнува со пилешко, а може и мисиркино, јас пилешко и воведов ама домашни пилиња од проверен човек ги купувам, а за телешко бидејќи немам проверен човек, ги купувам од месрницава од кај што купуваме за нас, само му кажувам дека е за бебе да ми даде поубаво, почисто.
Делукс ти од каде набавуваш телешко?

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 214
   RE: Месо
31.3.2015 1:38:16   
hopeless
Јас почнав со пилешко, домашно на 7 месеци. А на 8воведов телешко. Сега за сега само тоа од месо имам дадено. Ако може некој да ми каже какво друго да воведам и од каде да го набавам (фирма)?

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 215
   RE: Месо
31.3.2015 15:08:58   
nataly86
Ние сме 8 месеци и сакам да почнам со месо, набавив домашно петле па прашањето ми е дали неколку дена да дадам само бујон или одма да дадам месо?

(Одговор на членот hopeless)
Непосредна врска до пораките: 216
   RE: Месо
31.3.2015 16:06:34   
hopeless

ИЗВОРНА ПОРАКА: nataly86

Ние сме 8 месеци и сакам да почнам со месо, набавив домашно петле па прашањето ми е дали неколку дена да дадам само бујон или одма да дадам месо?

Jaс почнав одма со месо.
Ама како што читам прво со бујон, па после месо.
Но штом е домашно, како сакаш така.

(Одговор на членот nataly86)
Непосредна врска до пораките: 217
   RE: Месо
1.4.2015 10:03:44   
sandriana RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: hopeless

Јас почнав со пилешко, домашно на 7 месеци. А на 8воведов телешко. Сега за сега само тоа од месо имам дадено. Ако може некој да ми каже какво друго да воведам и од каде да го набавам (фирма)?

Може и риба веќе да воведете, каква и на кој начин приготвена има ТУКА.

Инаку, и јас мислам прво бујон со зеленчук, после мевце.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот hopeless)
Непосредна врска до пораките: 218
   RE: Месо
27.7.2015 13:34:02   
Gardenia
Планирам деновиве да дадам месо за прв пат,додека најдам пилешко домашно ќе воведам телешко или јунешко.Е сега кажете ми од каде купувате од поголемиве маркети или некоја проверена месарница,земате поголемо парче и сами си го делете на помали? И дали може да се замрзе варено или свежо,а и за бујонот од месото дали се замрзнува?

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 219
   RE: Месо
27.7.2015 14:14:56   
Melanija RR
Полемика за месо дали е телешко или јунешко секогаш има user posted image

Конкретно ние земавме од Тинекс едно време а сега од Веро.Но еве 1-2 во Веро нема. Незнам колку е точно сите од исто увезуваат.Влези и прашај а често на самото стакло има налепница на која пишува од каде е увозот.

Јас зимам до кај 400гр. го сечкам ка коцки потребна количина за едно варење,мислам дека доаѓа 50-80грама. Бидејќи по варење се кине јас пред да го варам го сечам на коцки.Првата вода кога ќе испени ја фрлам.Некаде нешто прочитав ама незнам каде и така ми остана user posted image ставам внатре морков,пашканат,целер,тиквица,карфиол,кромид.... се што сакаш зеленчук.Кога ќе се свари месото се лади и пакувам и вакумирам во кеси за замрзнување ,а водата /бујонот во кеси за замрзнување на лед. Мислам дека до 6 месеци е ок за употреба.

Ако нешто пропуштив прашај user posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Gardenia)
Непосредна врска до пораките: 220
   RE: Месо
27.7.2015 14:44:10   
Gardenia
Фала ти срцка,а кажи ми кога го одмрзнуваш после за ручек,го потоплуваш ли бујонот со месото или само така на собна температура оставаш?

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 221
   RE: Месо
27.7.2015 15:55:29   
MamaKiki
gardenija jas ne koristam buljon i mesoto telesko go mrznam na aparcinja i posle si gi varam posebno ama eve ke ti odgovoram kako bi pravela ( sakav da koristam buljon ama seuste ne sum pocnalaa ne mi go bendisva bebe mirisot i vkusot na meso)
primer koga ke pravish zelencukova kasha vo varenjeto ke stavis 2 kocki buljon i taka ke si se vari zelencukot vo buljonot i plus vodicka normalno
a mesoto isto pak ke si varish so zelencukot koj ke go dodavash vo kashata

(Одговор на членот Gardenia)
Непосредна врска до пораките: 222
   RE: Месо
27.7.2015 17:30:21   
lukajana RR
I jas taka go pravam,odmrznuvam i dovaruvam so tecnosta i stavam zelencuk kakov sakam,na blender i ruckanje.
Sega veke ne go blendiram tuku go seckam na sitno i mesoto i zelencukot.
Inace kupuvame meso od mesara istoto sto go jademe i nie,ednas samo kupiv domasna kokoska i ja varev cel den user posted image i od togas ne eksperimentiram user posted image

_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот MamaKiki)
Непосредна врска до пораките: 223
   RE: Месо
27.7.2015 22:23:09   
Melanija RR
Местот го вадам од замрзнувач и се одмрзнува на собна температура го додавам во блендер со се варената храна или сецкано во готовата кашичка.Бујонот го ставам смрзнат на крај на готвењето таман да се растопи.

Штом месото е варено нема зошто да се преварува а и исто бујонот

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 224
   RE: Месо
8.2.2016 11:04:08   
lolla RR
Да споделам како го чувам месото за бебе (на нет го најдов начинов)

Месото го варам. Потоа 30-50 гр префрлам во мали теглички, долевам од бујонот колку да го покрие месото и затворам тегли. Ги ставам во тенџере големо со вода и оставам да врие пола саат па стојат додека се оладат. Теглите може да стојат во фриз најмалку 3 месеци и многу е лесно вака.

Е сега мене уште ми останува дилемата дали реално му треба на бебе 3-5 пати неделно месо. Јас мислам не, и засега давам два пати, еднаш телешко еднаш пилешко. И тоа сметам е многу но немам храброст повеќе да намалам.

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 225
Страница:   <<   < Претходна страница  5 6 7 8 [9]
Страница: <<   < Претходна страница  5 6 7 8 [9]
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?