|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Попладневна дремка
20.3.2012 17:44:30   
Snowhite RR
Откако ќе си дојдите од работа, после ручек, миење садови и средување наваму, натаму, дали практикувате да си прилегнете, да фатите малку дремка или немате таква навика?
Јас искрено немам навика да преспивам, и да сум во 5 или 4 часот сабајле станата, неможам да заспијам преку ден, башка што сега и не можам со мало дете


< Поракaта ја уредил Snowhite RR -- 20.3.2012 18:38:02 >


_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Попладневна дремка
20.3.2012 17:45:17   
Snowhite RR
ПОПЛАДНЕВНА ДРЕМКА

Било какoв сон, па дури и кратката попладневна дремка, се чини како добра опција за оние кои имаат проблем со спиењето. За оние кои патат од сериозна несоница или имаат проблем со заспивањето навечер, попладневната дремка може да биде контрапродуктивнa. Пред да одлучите да дремнете малку кога ќе се вратите од работа, размислете дали тоа ќе влијае на ноќниот сон.


Ако немате проблеми со спиењето ноќе, кратката дремка во попладневните часови може да ви помогне полесно да ги издржите напорните денови. Резултатите од истражување кое било спроведено во 2008-ма година, покажуваат дека попладневната дремка од околу 45 минути го подобрува памтењето. Резултатите од други истражувања покажуваат дека дремката го намалува крвниот притисок. Дремката од попладневните часови влијае позитивно и на оние кои патат од нарколепсија, како и оние кои работат во смени.

Ако имате проблеми со заспивањето навечер, тогаш попладневната дремка би била проблем, иако се чувствувате уморно во текот на денот. Кога веќе имате таков проблем, докторите велат дека попладневната дремка дополнително ќе ви го расипе ноќниот сон.
Ако константно се борите да не заспиете дење и „за секунда“ заспивате ноќе кога ќе си легнете, можно е да патите од синдром на опструктивна апнеја при спиење, состојба која се карактеризира со паузи или привремен престанок на дишењето во текот на сонот. Во овој случај, задолжително избегнувајте ја попладневната дремка.
Оваа болест обично е хронична болест, но понекогаш може да има и прогресивен тек. Доколку не се лекува адекватно, луѓето кои патат од истата се поспани преку ден, имаат потешкотии со меморијата, а се зголемуваат и ризиците од потенцијални компликации.

Треба да се консултирате сo доктор доколку забележите: гласно `рчење (кое ви пречи дури и вам), недостаток на воздух (поради што се будите од сон), паузи во дишењето (кои траат 10 секунди или повеќе), поспаност во текот на денот… `Рчењето е најизразено при спиење на грб, а многу помалку присутно во други положби на телото.

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Попладневна дремка
20.3.2012 18:11:03   
Џесика
Дефинитивно мм го има овој синдром... може да заспие било кога. Еве го и сега спие, ако не дремне попладне не го бива,ма не се ни случило да не дремне попладне. Хрчи ко луд, си спие во детска за мој сон, а некогаш и од таму ме буди па одам да го продрмам за да прекине. За разлика од него, јас не можам да спијам попладне. Не дека не ми се спие, ама после главата ќе ми пукне. Некогаш успевам да дремнам само 5-10 минути и доволно ми е, онака кризата колку да ми помине, повеќе не ми треба и не ни сакам, а и со напорново дете шо на 10 минути само бара нешто, и само од мене, тешко дремка. Шо да праам, научена од студентски денови, до 3 по кафиќи, во 7 на нозе user posted image

_____________________________

Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Попладневна дремка
20.3.2012 18:21:29   
mamicki
Jas spijam preku den samo ako sum bolna user posted image , a mm- bi spiel i sekoj den, eve vo posledno vreme mu e hit popladnevno prespivanje so bebeto, demek, go uspiva user posted image Sega spijat od 16.30 i uste ne se stanati!user posted image

(Одговор на членот Џесика)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Попладневна дремка
20.3.2012 18:38:09   
mila mama
Одамна не сум дремела на попладне, макар што радо би дремела. Туку се нема време со Е. дома... А не да ми фали...user posted image

_____________________________

Razbirlivo e deteto da se plasi od temninata...
No, ne e razbirlivo vozrasen da se plasi od svetlinata.

(Одговор на членот mamicki)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Попладневна дремка
21.3.2012 9:37:39   
Luci
Пред да се омажам и те како си дремнував после работа, ке ручав и правец у кревет. Ама сега, ретко, мнооогу ретко, дали еднаш или два пати во месецот.

_____________________________

Рани куче да те лае!!!

(Одговор на членот mila mama)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Попладневна дремка
21.3.2012 11:30:48   
Pepelaska *
Никогаш ми се нема случено да заспијам преку ден оа макар и да паѓам за спиење, може кога ќе остарам и ќе немам обврски

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот Luci)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Попладневна дремка
21.3.2012 11:45:11   
bombica
Попладневна тешко ама предпладневна дремнувам user posted image Обично П ова време спие, јас го ставм месото да му се вари и дремнувам пола саат со негоuser posted image

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Попладневна дремка
21.3.2012 11:48:39   
Felly RR
Јас кога беше Матеа бебе, првите месеци, си дремнував заедн со нејзе. Ама сега одамна ми се нема случено тоа, сè кога спие таа, јас гледам да завршам некоја работа.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Попладневна дремка
21.3.2012 11:51:57   
vezilka RR
Ау, нема шанси да заспјам попладне колку и да ми се спие, дури и да паѓам за сон, после ми е уште полошо, ми се лоши глава ме боли катастрофа. Ама затоа мажле нема гајле спие попладне во било која позиција, седнат, легнат, полулегнат, во галама, Никола го буди, го шлапа тој пак презаспива, гајле нема.

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Попладневна дремка
21.3.2012 11:54:01   
Mihaela 2010
Vakvo nesto kaj mene ne postoi bidejki nema koga..Se vrakjam od rabota vo 17 i 15 taka da me fakja vecerna dremka ,t.e vleguvanje u spalna i spienje do sabajle i toa uste vo 22 casot

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Попладневна дремка
21.3.2012 12:04:23   
AnnaMolly RR
Леле, никогаш ми се нема случено да дремам попладне! Еве да речеме во годината максимум еднаш спијам попладне.
Мм нема шанси да помине еден ден, а да не дремне. И кога е на работа доаѓа дома во 17 часот и до кај 18 спие. А кога сме дома преку викенд обавезно после ручек со Филип и двајцата спијат по 2-3 часа.
Ако спијам попладне кога ќе станам мислам воз ме прегазил, нема шанси да се освестам и се ми е чудно, како да дошло утре user posted image


_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Попладневна дремка
21.3.2012 12:04:53   
JovanaJ

ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite RR

Откако ќе си дојдите од работа, после ручек, миење садови и средување наваму, натаму, дали практикувате да си прилегнете, да фатите малку дремка или немате таква навика?


Doagam doma od rabota vo 18 casot. Pa dodeka jadam i izmijam sadovi , podraskrenam nesto doaga 7.30 nekogas i 8. Nema koga i da sakam da legnam user posted image


_____________________________

You can never make the same mistake twice, the second time you make it it''s no longer a mistake, it''s a choice!

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Попладневна дремка
21.3.2012 12:23:07   
penelopa
Леле исто никогаш ама баш никогаш не сум можела да спијам попладне . А мажле иuser posted image редовно спијат заедно за викенд јас тогаш си се улепшавамuser posted image
ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR

Леле, никогаш ми се нема случено да дремам попладне! Еве да речеме во годината максимум еднаш спијам попладне.
Мм нема шанси да помине еден ден, а да не дремне. И кога е на работа доаѓа дома во 17 часот и до кај 18 спие. А кога сме дома преку викенд обавезно после ручек со Филип и двајцата спијат по 2-3 часа.
Ако спијам попладне кога ќе станам мислам воз ме прегазил, нема шанси да се освестам и се ми е чудно, како да дошло утре user posted image



_____________________________

"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Попладневна дремка
21.3.2012 12:46:45   
Emanuelapp
Се нема време за таков луксуз , па и во сабота и недела кога сакам да преспијам не можам чекам Ј да заспија па да расчистам малку јадење да направам и ништо од мојата дремка

(Одговор на членот penelopa)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Попладневна дремка
21.3.2012 16:01:04   
Snowhite RR
И мене ми е тешко ако преспијам, ме боли глава, како зашеметена сум, а сум забележала ако успеам да дремнам само пола саат ни минута повеќе, после сум посвежа, ама ретко можам толку кратко, затоа не ризикувам. А мм е приказна за себе, тој ако легни не преспива, туку спија, ќе си се наспија 5-6 саати и ќе стани кога е време за спиење. Затоа и тој често ја избегнува, т.е. јас не го оставам да легни

< Поракaта ја уредил Snowhite RR -- 21.3.2012 16:02:12 >


_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Emanuelapp)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Попладневна дремка
21.3.2012 16:35:51   
kikicka
user posted image исто или дремам на рр ...а преспивам ептен ако сум отепана инаку ако преспијам после незнам каде сум ми треба едно кафе јако да ме свасти и мнг време за да станам подвижна.
ИЗВОРНА ПОРАКА: penelopa

Леле исто никогаш ама баш никогаш не сум можела да спијам попладне . А мажле иuser posted image редовно спијат заедно за викенд јас тогаш си се улепшавамuser posted image
ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR

Леле, никогаш ми се нема случено да дремам попладне! Еве да речеме во годината максимум еднаш спијам попладне.
Мм нема шанси да помине еден ден, а да не дремне. И кога е на работа доаѓа дома во 17 часот и до кај 18 спие. А кога сме дома преку викенд обавезно после ручек со Филип и двајцата спијат по 2-3 часа.
Ако спијам попладне кога ќе станам мислам воз ме прегазил, нема шанси да се освестам и се ми е чудно, како да дошло утре user posted image





_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

(Одговор на членот penelopa)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Попладневна дремка
21.3.2012 19:07:13   
Pepelaska *
Леле Сноувајт мм е ист како твојот пред некој ден легна во 6 и стана во 12 пак си прилегна и сабајлето од 6 и пом ме стана , и јас веќе не го оставам

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Попладневна дремка
21.3.2012 22:38:07   
Bogdancanka
pospanost uf definitivno do 15h edvaj izdrzuvam i se pocesto posle 15h legnuvam da spijam ama ne mi e nisto cudno zasto jas sum spanka odkako znam zasebe... moze ako mm ne me razbudi da go prespijam i cel den...bas sum spanka...

_____________________________

Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Попладневна дремка
25.3.2012 3:41:27   
ananikol

ИЗВОРНА ПОРАКА: Џесика РР

Дефинитивно мм го има овој синдром... може да заспие било кога. Еве го и сега спие, ако не дремне попладне не го бива,ма не се ни случило да не дремне попладне. Хрчи ко луд, си спие во детска за мој сон, а некогаш и од таму ме буди па одам да го продрмам за да прекине. За разлика од него, јас не можам да спијам попладне. Не дека не ми се спие, ама после главата ќе ми пукне. Некогаш успевам да дремнам само 5-10 минути и доволно ми е, онака кризата колку да ми помине, повеќе не ми треба и не ни сакам, а и со напорново дете шо на 10 минути само бара нешто, и само од мене, тешко дремка. Шо да праам, научена од студентски денови, до 3 по кафиќи, во 7 на нозе user posted image

user posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Џесика)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Попладневна дремка
30.11.2012 22:14:28   
zzaa
pa si dremnuvam cesto denski ke ja uspijam malata i ja po nejze za sekunda zaspivam e ako imam rabota nesto po doma ne spijam i koga odev na rabota posle rabota obavezno si nanavuser posted image

(Одговор на членот ananikol)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Попладневна дремка
30.11.2012 22:31:51   
majka na eva
не спијам секој ден попладне,но понекогаш неможам да издржам а да не дремнам.некој ден уште од сабајле ми почне КАТАСТРОФАЛНО,и не можам да функционирам нормално ако не преспијам малку-а потоа сум како новаuser posted image единствено така ми се одмора мозокот и тогаш се исклучувам од се да не мислам на ништо,на проблемите и тоа кај мене не е попладневна дремка,туку ПЛАДНЕВНА,обично дремнувам накај 12-13ч.

(Одговор на членот zzaa)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Попладневна дремка
22.9.2013 10:18:02   
Felly RR
Попладневна дремка: Колку е најдобро да отспиете?


Доколку имате навика или потреба да отспиете во попладневните часови, сигурно ќе ви бидат од корист овие кратки совети. Колку треба да спиеме? Половина час, час или…?

10-20 минути – ова е таканаречената Power Nap, односно дремка за враќање на енергијата. Меѓутоа, ќе останете во „плиток” сон, така што откако ќе станете треба малку да потседнете додека дојдете при себе.

30 минути – според некои истражувања спиењето половина час предизвикува чувство на мрзеливост, тромавост и физичка слабост, а понекогаш и главоболка. Научниците велат дека по половина час вакво спиење, треба уште најмалку толку време за да дојдете на себе.

60 минути – ова е идеален број на минути за спиење, доколку сакате да запамтите информации, имиња и факти. Еден час спиење ќе ве воведе во подлабока фаза на сон, а лоши страни се зашеметеноста и тетеравењето по спиењето.

90 минути – за час и половина, ќе поминете низ сите фази на спиење, што значи дека дури и ќе сонувате. Ова е идеална минутажа доколку сакате да ја подобрите емоционалната меморија или креативноста, така оваа количина на сон е идеална за креативците.

извор:Sky

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот majka na eva)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Попладневна дремка
22.9.2013 10:21:11   
Felly RR
Мене обично 30 минути ми се доволни за враќање на енергијата. И баш сум свежа кога ќе се разбудам. 10 минути не ги ни сметам како дремка.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Попладневна дремка
22.9.2013 13:43:14   
mommy_angels RR
Откако ја имам А таа првата ми е луксуз,а не па повеќе. Среќна сум кока ќе си украдам и 10 мин

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?