Попладневна дремка (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


Snowhite RR -> Попладневна дремка (20.3.2012 17:44:30)

Откако ќе си дојдите од работа, после ручек, миење садови и средување наваму, натаму, дали практикувате да си прилегнете, да фатите малку дремка или немате таква навика?
Јас искрено немам навика да преспивам, и да сум во 5 или 4 часот сабајле станата, неможам да заспијам преку ден, башка што сега и не можам со мало дете




Snowhite RR -> RE: Попладневна дремка (20.3.2012 17:45:17)

ПОПЛАДНЕВНА ДРЕМКА

Било какoв сон, па дури и кратката попладневна дремка, се чини како добра опција за оние кои имаат проблем со спиењето. За оние кои патат од сериозна несоница или имаат проблем со заспивањето навечер, попладневната дремка може да биде контрапродуктивнa. Пред да одлучите да дремнете малку кога ќе се вратите од работа, размислете дали тоа ќе влијае на ноќниот сон.


Ако немате проблеми со спиењето ноќе, кратката дремка во попладневните часови може да ви помогне полесно да ги издржите напорните денови. Резултатите од истражување кое било спроведено во 2008-ма година, покажуваат дека попладневната дремка од околу 45 минути го подобрува памтењето. Резултатите од други истражувања покажуваат дека дремката го намалува крвниот притисок. Дремката од попладневните часови влијае позитивно и на оние кои патат од нарколепсија, како и оние кои работат во смени.

Ако имате проблеми со заспивањето навечер, тогаш попладневната дремка би била проблем, иако се чувствувате уморно во текот на денот. Кога веќе имате таков проблем, докторите велат дека попладневната дремка дополнително ќе ви го расипе ноќниот сон.
Ако константно се борите да не заспиете дење и „за секунда“ заспивате ноќе кога ќе си легнете, можно е да патите од синдром на опструктивна апнеја при спиење, состојба која се карактеризира со паузи или привремен престанок на дишењето во текот на сонот. Во овој случај, задолжително избегнувајте ја попладневната дремка.
Оваа болест обично е хронична болест, но понекогаш може да има и прогресивен тек. Доколку не се лекува адекватно, луѓето кои патат од истата се поспани преку ден, имаат потешкотии со меморијата, а се зголемуваат и ризиците од потенцијални компликации.

Треба да се консултирате сo доктор доколку забележите: гласно `рчење (кое ви пречи дури и вам), недостаток на воздух (поради што се будите од сон), паузи во дишењето (кои траат 10 секунди или повеќе), поспаност во текот на денот… `Рчењето е најизразено при спиење на грб, а многу помалку присутно во други положби на телото.




Џесика -> RE: Попладневна дремка (20.3.2012 18:11:03)

Дефинитивно мм го има овој синдром... може да заспие било кога. Еве го и сега спие, ако не дремне попладне не го бива,ма не се ни случило да не дремне попладне. Хрчи ко луд, си спие во детска за мој сон, а некогаш и од таму ме буди па одам да го продрмам за да прекине. За разлика од него, јас не можам да спијам попладне. Не дека не ми се спие, ама после главата ќе ми пукне. Некогаш успевам да дремнам само 5-10 минути и доволно ми е, онака кризата колку да ми помине, повеќе не ми треба и не ни сакам, а и со напорново дете шо на 10 минути само бара нешто, и само од мене, тешко дремка. Шо да праам, научена од студентски денови, до 3 по кафиќи, во 7 на нозе [sm=smiley36.gif]




mamicki -> RE: Попладневна дремка (20.3.2012 18:21:29)

Jas spijam preku den samo ako sum bolna [sm=smiley1.gif], a mm- bi spiel i sekoj den, eve vo posledno vreme mu e hit popladnevno prespivanje so bebeto, demek, go uspiva [sm=smiley36.gif] Sega spijat od 16.30 i uste ne se stanati![sm=smiley29.gif]




mila mama -> RE: Попладневна дремка (20.3.2012 18:38:09)

Одамна не сум дремела на попладне, макар што радо би дремела. Туку се нема време со Е. дома... А не да ми фали...[sm=smiley13.gif]




Luci -> RE: Попладневна дремка (21.3.2012 9:37:39)

Пред да се омажам и те како си дремнував после работа, ке ручав и правец у кревет. Ама сега, ретко, мнооогу ретко, дали еднаш или два пати во месецот.




Pepelaska * -> RE: Попладневна дремка (21.3.2012 11:30:48)

Никогаш ми се нема случено да заспијам преку ден оа макар и да паѓам за спиење, може кога ќе остарам и ќе немам обврски




bombica -> RE: Попладневна дремка (21.3.2012 11:45:11)

Попладневна тешко ама предпладневна дремнувам [sm=smiley36.gif]Обично П ова време спие, јас го ставм месото да му се вари и дремнувам пола саат со него[sm=smiley36.gif]




Felly RR -> RE: Попладневна дремка (21.3.2012 11:48:39)

Јас кога беше Матеа бебе, првите месеци, си дремнував заедн со нејзе. Ама сега одамна ми се нема случено тоа, сè кога спие таа, јас гледам да завршам некоја работа.




vezilka RR -> RE: Попладневна дремка (21.3.2012 11:51:57)

Ау, нема шанси да заспјам попладне колку и да ми се спие, дури и да паѓам за сон, после ми е уште полошо, ми се лоши глава ме боли катастрофа. Ама затоа мажле нема гајле спие попладне во било која позиција, седнат, легнат, полулегнат, во галама, Никола го буди, го шлапа тој пак презаспива, гајле нема.




Mihaela 2010 -> RE: Попладневна дремка (21.3.2012 11:54:01)

Vakvo nesto kaj mene ne postoi bidejki nema koga..Se vrakjam od rabota vo 17 i 15 taka da me fakja vecerna dremka ,t.e vleguvanje u spalna i spienje do sabajle i toa uste vo 22 casot




AnnaMolly RR -> RE: Попладневна дремка (21.3.2012 12:04:23)

Леле, никогаш ми се нема случено да дремам попладне! Еве да речеме во годината максимум еднаш спијам попладне.
Мм нема шанси да помине еден ден, а да не дремне. И кога е на работа доаѓа дома во 17 часот и до кај 18 спие. А кога сме дома преку викенд обавезно после ручек со Филип и двајцата спијат по 2-3 часа.
Ако спијам попладне кога ќе станам мислам воз ме прегазил, нема шанси да се освестам и се ми е чудно, како да дошло утре [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]




JovanaJ -> RE: Попладневна дремка (21.3.2012 12:04:53)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite RR

Откако ќе си дојдите од работа, после ручек, миење садови и средување наваму, натаму, дали практикувате да си прилегнете, да фатите малку дремка или немате таква навика?


Doagam doma od rabota vo 18 casot. Pa dodeka jadam i izmijam sadovi , podraskrenam nesto doaga 7.30 nekogas i 8. Nema koga i da sakam da legnam [sm=jezicek.gif]




penelopa -> RE: Попладневна дремка (21.3.2012 12:23:07)

Леле исто никогаш ама баш никогаш не сум можела да спијам попладне . А мажле и[sm=duda.gif] редовно спијат заедно за викенд јас тогаш си се улепшавам[sm=smiley1.gif]
ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR

Леле, никогаш ми се нема случено да дремам попладне! Еве да речеме во годината максимум еднаш спијам попладне.
Мм нема шанси да помине еден ден, а да не дремне. И кога е на работа доаѓа дома во 17 часот и до кај 18 спие. А кога сме дома преку викенд обавезно после ручек со Филип и двајцата спијат по 2-3 часа.
Ако спијам попладне кога ќе станам мислам воз ме прегазил, нема шанси да се освестам и се ми е чудно, како да дошло утре [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]





Emanuelapp -> RE: Попладневна дремка (21.3.2012 12:46:45)

Се нема време за таков луксуз , па и во сабота и недела кога сакам да преспијам не можам чекам Ј да заспија па да расчистам малку јадење да направам и ништо од мојата дремка




Snowhite RR -> RE: Попладневна дремка (21.3.2012 16:01:04)

И мене ми е тешко ако преспијам, ме боли глава, како зашеметена сум, а сум забележала ако успеам да дремнам само пола саат ни минута повеќе, после сум посвежа, ама ретко можам толку кратко, затоа не ризикувам. А мм е приказна за себе, тој ако легни не преспива, туку спија, ќе си се наспија 5-6 саати и ќе стани кога е време за спиење. Затоа и тој често ја избегнува, т.е. јас не го оставам да легни




kikicka -> RE: Попладневна дремка (21.3.2012 16:35:51)

[sm=smiley36.gif] исто или дремам на рр ...а преспивам ептен ако сум отепана инаку ако преспијам после незнам каде сум ми треба едно кафе јако да ме свасти и мнг време за да станам подвижна.
ИЗВОРНА ПОРАКА: penelopa

Леле исто никогаш ама баш никогаш не сум можела да спијам попладне . А мажле и[sm=duda.gif] редовно спијат заедно за викенд јас тогаш си се улепшавам[sm=smiley1.gif]
ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR

Леле, никогаш ми се нема случено да дремам попладне! Еве да речеме во годината максимум еднаш спијам попладне.
Мм нема шанси да помине еден ден, а да не дремне. И кога е на работа доаѓа дома во 17 часот и до кај 18 спие. А кога сме дома преку викенд обавезно после ручек со Филип и двајцата спијат по 2-3 часа.
Ако спијам попладне кога ќе станам мислам воз ме прегазил, нема шанси да се освестам и се ми е чудно, како да дошло утре [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]







Pepelaska * -> RE: Попладневна дремка (21.3.2012 19:07:13)

Леле Сноувајт мм е ист како твојот пред некој ден легна во 6 и стана во 12 пак си прилегна и сабајлето од 6 и пом ме стана , и јас веќе не го оставам




Bogdancanka -> RE: Попладневна дремка (21.3.2012 22:38:07)

pospanost uf definitivno do 15h edvaj izdrzuvam i se pocesto posle 15h legnuvam da spijam ama ne mi e nisto cudno zasto jas sum spanka odkako znam zasebe... moze ako mm ne me razbudi da go prespijam i cel den...bas sum spanka...




ananikol -> RE: Попладневна дремка (25.3.2012 3:41:27)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Џесика РР

Дефинитивно мм го има овој синдром... може да заспие било кога. Еве го и сега спие, ако не дремне попладне не го бива,ма не се ни случило да не дремне попладне. Хрчи ко луд, си спие во детска за мој сон, а некогаш и од таму ме буди па одам да го продрмам за да прекине. За разлика од него, јас не можам да спијам попладне. Не дека не ми се спие, ама после главата ќе ми пукне. Некогаш успевам да дремнам само 5-10 минути и доволно ми е, онака кризата колку да ми помине, повеќе не ми треба и не ни сакам, а и со напорново дете шо на 10 минути само бара нешто, и само од мене, тешко дремка. Шо да праам, научена од студентски денови, до 3 по кафиќи, во 7 на нозе [sm=smiley36.gif]

[sm=smiley20.gif][sm=smiley20.gif][sm=smiley20.gif][sm=muca.gif]




zzaa -> RE: Попладневна дремка (30.11.2012 22:14:28)

pa si dremnuvam cesto denski ke ja uspijam malata i ja po nejze za sekunda zaspivam e ako imam rabota nesto po doma ne spijam i koga odev na rabota posle rabota obavezno si nanav[sm=smiley36.gif]




majka na eva -> RE: Попладневна дремка (30.11.2012 22:31:51)

не спијам секој ден попладне,но понекогаш неможам да издржам а да не дремнам.некој ден уште од сабајле ми почне КАТАСТРОФАЛНО,и не можам да функционирам нормално ако не преспијам малку-а потоа сум како нова[sm=smiley1.gif]единствено така ми се одмора мозокот и тогаш се исклучувам од се да не мислам на ништо,на проблемите и тоа кај мене не е попладневна дремка,туку ПЛАДНЕВНА,обично дремнувам накај 12-13ч.




Felly RR -> RE: Попладневна дремка (22.9.2013 10:18:02)

Попладневна дремка: Колку е најдобро да отспиете?


Доколку имате навика или потреба да отспиете во попладневните часови, сигурно ќе ви бидат од корист овие кратки совети. Колку треба да спиеме? Половина час, час или…?

10-20 минути – ова е таканаречената Power Nap, односно дремка за враќање на енергијата. Меѓутоа, ќе останете во „плиток” сон, така што откако ќе станете треба малку да потседнете додека дојдете при себе.

30 минути – според некои истражувања спиењето половина час предизвикува чувство на мрзеливост, тромавост и физичка слабост, а понекогаш и главоболка. Научниците велат дека по половина час вакво спиење, треба уште најмалку толку време за да дојдете на себе.

60 минути – ова е идеален број на минути за спиење, доколку сакате да запамтите информации, имиња и факти. Еден час спиење ќе ве воведе во подлабока фаза на сон, а лоши страни се зашеметеноста и тетеравењето по спиењето.

90 минути – за час и половина, ќе поминете низ сите фази на спиење, што значи дека дури и ќе сонувате. Ова е идеална минутажа доколку сакате да ја подобрите емоционалната меморија или креативноста, така оваа количина на сон е идеална за креативците.

извор:Sky




Felly RR -> RE: Попладневна дремка (22.9.2013 10:21:11)

Мене обично 30 минути ми се доволни за враќање на енергијата. И баш сум свежа кога ќе се разбудам. 10 минути не ги ни сметам како дремка.




mommy_angels RR -> RE: Попладневна дремка (22.9.2013 13:43:14)

Откако ја имам А таа првата ми е луксуз,а не па повеќе. Среќна сум кока ќе си украдам и 10 мин




Страница: [1] 2   Следна страница >   >>