mosa -> RE: Што сте во хороскоп? (12.6.2013 16:33:13)
|
Рак Меѓу родителите на кои децата им се се на светот, вие се наоѓате на врвот од табелата. Па, иако пријателите ќе им се чудат на вашите навики, вие грижливо ќе ги забележувате сите значајни податоци за своите најмили, датумот кога излегло првото запче, мигот кога прв пат кажале тато и мама, денот кога го направиле првиот чекор. Можеби непотребно бидејќи и онака, тие мигови ќе ги помните до крајот на животот. Носталгични по природа, вие ќе ја чувате и нивната облека, првите бенкици и чевличиња, останувајќи цел живот цврсто поврзани со своите деца. И токму тука се јавува проблемот. Честопати не сфаќајќи дека вашите деца имаат право на сопствен живот, вие нема да им помогнете да ја пресечат папочната врвка. Тоа најмногу ќе им пречи на децата Водолии, Близнаци и Ваги. На Девиците вашата емотивност ќе им делува патетично. Додека Рибите вечно ќе уживаат во вашата заштита и галење. lele ova se tocno me opisale. Jas sum rak ,sin mi bliznak,a mm jarec.
|
|
|
|